За „бугарскиот АС“ од 90-те, Љубчо Георгиевски, Гоце Делчев бил роден во „бугарски вилает“?

Тој вели „Можеби цело време сè уште криеме некои работи околу Гоце Делчев и не сакаме да зборуваме за нив. Што го прави Гоце Делчев заеднички херој на Македонија и Бугарија?“

Во колумната за бугарскиот портал mediapool.bg , поранешниот македонски премиер, кој за бугарите во 90-те беше „најголемиот бугарски ас“, меѓу другото вели:
„Јас бев војник во Штип. Цело време бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија, дека таа може да не нападне во секој момент. Не ни рекоа да пазиме од Грците, Албанците, Американците или Русите. Само од Бугарија. Ни беше кажано како да се однесуваме, како да ги закопчуваме кошулите, предупредувајќи нè дека вградените бугарски агенти само чекаат да снимаат пијани југословенски војници како дел од оваа пропаганда, што беше достапна дури и во училиштата.“
Исто така се осврнува на Гоце делчев , за кого речиси индиректно посочува дека е Бугарин па вели:
„„Можеби цело време сè уште криеме некои работи околу Гоце Делчев и не сакаме да зборуваме за нив. Што го прави Гоце Делчев заеднички херој на Македонија и Бугарија? Прво, Гоце Делчев е роден во „бугарскиот вилает“ во рамките на Отоманската империја. Ова го покажуваат документите, неговите браќа, неговите родители - па тој израснал во оваа средина. Второ - основно училиште студирал во егзархијата. После тоа студирал во Солунското бугарско средно училиште, каде учеле сите револуционери. Оттаму отишол да учи да биде бугарски офицер во бугарското воено училиште. После тоа станал учител во Бугарската егзархија. Но, зошто го криеме овој дел од македонската историја? Ние само велиме дека тој бил учител. И тој, и Даме, и Ѓорче, и Пере Тошев и Никола Карев - сите беа учители во бугарската егзархија “.

Па продолжува со лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ:

„За поранешниот министер за надворешни работи, кој целата своја кариера ја изгради во ВМРО-ДПМНЕ заедно со Доста Димовска и неговата бугарофилија - сите знаеме кој е тој. Пред неколку дена ја гледав поранешната сопруга на поранешен претседател на ВМРО-НП - исто така стои против Бугарија. Барем 4-5 пати во мое присуство таа раскажа за бугарско-македонската заедничка историја, а пред три дена ја гледав - плука против Бугарија. Друг пријател од Охрид зборуваше само за Бугарија повеќе од 30 години. Сега тој е назначен за претседател на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, и плука против Бугарија. Поранешна министерка, чие потекло потекнува од семејство директно вклучено во бугарската влада во периодот 1941-44 година и чие семејство исто така се смета за бугарофили - и таа го обвинува Заев дека ја продал Македонија Амбасадор од Брисел, чиј татко не беше само бугарофил,но и по дефиниција - македонски бугарин, и тој сега излегува со некаква филозофска интерпретација?“

Германската министерка за надворешни работи Бербок во Скопје

Министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи. 

Во тек на првата посета на државава Бербок ќе биде примена и од претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, прва посета на земјава, министерката Бербок ќе има средби и со собраниската Комисија за надворешна политика, како и со претставници на опозициските партии.

Според агендата, по пристигнувањето, Бербок и Османи ќе одржат тет-а-тет средба, потоа ќе следува средба на двете делегации, а двајцата министри ќе одржат и заедничка прес - конференција.

Разговорите меѓу двајцата министри, како што се најавува, ќе се сосредоточат на пристапниот процес на државата во ЕУ, меѓу другото и на претстојните уставни измени, како наша преземена обврска за продолжување на процесот на преговори со Унијата.

Теми на разговор ќе бидат и билатералните односи меѓу двете земји со акцент на богатата економска соработка, нашето претседавање со ОБСЕ и соработката во рамките на НАТО Алијансата во светло на разнишаната европска безбедносна архитектура.

-Посетата на германската министерка Бербок се толкува како јасен сигнал на Сојузна Република Германија за интересот на германската надворешна политика во насока на целокупна поддршка на нашата земја и нашиот евроинтегративен процес, особено во годината во која прославуваме значаен јубилеј - 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со пријателска Германија, наведе МНР во најавата за посетата.

Германското МНР, пак, за посетата на Бербок на Скопје соопшти дека главниот фокус во разговорите ќе биде пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.

Дневен хороскоп за 23. март 2023 година

Дневен хороскоп за четврток, 23. март 2023 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

По прашањата за срцето денеска ќе можете да го читате секој детал меѓу редови ,но не ги изразувајте своите сознанија кон другите.

Кариера

Сите дејности во кои е потребна суптилност , интуиција, креативен талент или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Ќе сонувате пријатни сништа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои се сами, ќе минат ден во своите сништа и мечти. Тука ќе се чувствуваат најдобро.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип ( болници , лаборатории,институти и сл.) имаат ден полн со откритија.Другите ќе работат вообичаено.

Здравје и совет

Анализирајте ја својата потсвест.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе се плеткате со една личност со која работите или таа си поигрува со вас. за некои тоа ќе биде само минлив флерт.

Кариера

Иако напорите на работното место се зголемуваат , со помош на добрата волја на соработниците и на вас самите, ќе ви биде пријатно.

Здравје и совет

Не ги заборавајте шефовите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Плимата од емоции кои сега ве носат , можеби ве збунува. на некои ќе им се остварат љубовните сништа.

Кариера

Одлично ќе соработувате , како со младите , така и со позрелите соработници на работното место. Ќе бидете отворени и љубезни.

Здравје и совет

Малкумина сега се посилни од вас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што во моментов недостига во вашите приватни односи , денеска успешѓно ќе го надополнувате со секс.

Кариера

Можеби ќе бидете уморни од силните озборувања , но од таму може и да произлезат квалитетни договори. Се очекуваат само уште некои информации.

Здравје и совет

Верувајте на својата интуиција.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Личноста со која деловно соработувате би можела и приватно да се заинтересира за вас, но вие за сега ќе бидете на дистанца.

Кариера

Добивате можност за неочекувани финансиски резултати .Кај бнекои тоа уште денеска ќе се конкретизира , а кај некои ќе се договори.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата најсакана личност би можела денеска пшријатно да ве изненади. Ќе бидете подготвени да попуштите во нешто околу што сте се оспорувале.

Кариера

Ги имате сите шанси за да успеете да договорите една голема зделка.Речиси и да енма препреки.Бидете паметни.

Здравје и совет

Мала нерамнотежа со крвната слика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска може да уживате во друштво со саканата личност , без страв дека нема да ви возврати за она што и го нудите.

Кариера

Сите работи што ги извршувате со помош на луѓе ,добро се поставени. Бидете отворени кон другите , па и тие ќе бидат отворени кон вас.

Здравје и совет

Можете и со мали чекори да стигнете до целта.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што некогаш сте си го ветиле , денеска полека се остварува.Вие уживате во друштво на личноста која ви е многу драга.

Кариера

Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор , кој финансиски ќе ви се исплатува.

Здравје и совет

Ќе бидете задоволни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете полни со емоции и подготвени да ги споделите со другата страна.Задоволство , среќа и мир речиси се сигурни.

Кариера

некои работи ќе се одвиваат подобро отколку што очекувавте. За некои тоа ќе биде причина малку да се опуштат.

Здравје и совет

Нема нешто што не можете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе откриете која личност од работното место ве симпатизира. Ќе бидете збунети , зашто нема да знаете како да се поставите.

Кариера

Вашите колеги денеска кон вас ќес е постават исклучително попустливо и ќе ви дозволат да правите она што вообичаено не би смееле.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако денеска излезете , ќе ви биде преубаво. Доколку сте сами , би можеле да се вљубите. Ако имате партнер, уживајте.

Кариера

Професиите поврзани со сценски настап , презентации или јавен настап денеска би можеле да доживеат голем успех.

Здравје и совет

Покажете се пред светот.

Еве со што се хранат тибетските монаси (фото)

Која храна е клучна за младоликост и здравје на организмот?

Тибет е регион во централна Азија кој се наоѓа на Тибетската висорамнина. Традиционално, неговата територија била поделена на провинциите У-Тсанг, Кам и Амдо. Во различни периоди од историјата, тој бил или независна држава, или територија во рамките на Монголската империја или вазална земја на Кина. Дури во 1984 година Тибет беше отворен за оние што сакаат да се нурнат во атмосферата на оваа древна култура и да ги допрат нејзините тајни.

Тибет отсекогаш привлекувал со својата мистерија. Младешкиот изглед на тибетските монаси е нешто кон кое се стремат милиони луѓе ширум светот. Нивниот душевен мир е нешто на кое сите се восхитуваат. Со децении проучувајќи ги нивните навики, исхрана и начин на живот, луѓето се обидуваат да проникнат во тој еликсир на младоста. Тоа всушност не е никаква мистерија, туку прилагодување на животот во хармонија со природата.

Младоликоста на тибетските монаси главно зависи од правилниот внес на храна. Тие ги пресметуваат порциите, секој според своето тело, земајќи ја предвид висината и тежината. За нив најважно е да не се прејадуваат, бидејќи тогаш може да се појави проблем како вишок килограми и метаболички нарушувања. Во исхраната, тие претпочитаат нискокалорична храна богата со витамини. Исхраната во манастирот е аскетска: претежно јадат ориз и зеленчук со тибетски леб. Главен напиток на монасите е тибетскиот чај во кој се додава сол и млеко. Тој рецепт е стар повеќе од 1.400 години и без разлика на неговиот специфичен вкус, тој е многу хранлив и совршено ја гаси жедта.

Тибетските монаси го започнуваат денот во 6 часот наутро. Главен ритуал по спиењето е искачување на врвот на падината, каде се поздравуваат со сонцето и читаат молитви. Потоа следува полевање со ладна вода и физички вежби кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем.

Откривањето на можностите на човечкото тело и процесите што се случуваат во него се составен дел од знаењето на источните аскети. Едно од правилата до кои се придржуваат е тоа што месото не го мешаат со храна која има високо ниво на јаглехидрати. Од научна гледна точка, таквата храна се вари многу долго, па комбинацијата на таквите состојки во една порција ќе биде доста енергична за телото, што последователно доведува до прекумерна поспаност и зголемување на желудникот.

притисни ентер