За 122 денари во март зголемени основните трошоци на едно семејство

За 122 денари се зголемиле основните трошоци на едно четиричлено семејство во март во однос на јануари, а за 70 денари во однос на февруари, покажуваат најновите податоци на синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во март изнесувале 33.772 денари. Од нив, речиси 42 проценти одат за храна и пијалоци, 32 проценти за подмирување на режиските трошоци, 7,4 проценти за превоз, 7,2 проценти за хигиена и 6,2 проценти за облека и обувки. Останатото е за здравствени услуги и за културни активности.

Согласно пресметките на ССМ, минималните трошоци на едно четиричлено семејство не можат да се покријат со просечно исплатената плата во земјава. Така, во јануари според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28.272 денари, додека вредноста на синдикалната кошничка за истиот месец е 33.650 денари, односно минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле повисоки за 5.378 денари од просечната плата.

Сојузот на синдикати на Македонија повеќепати досега бараше зголемување на минималната плата за 60 проценти од просечната, а согласно тоа, да се изврши и скалесто зголемување кај останатите плати.

Последното усогласување на минималната плата беше направено во март годинава и од овој месец таа ќе изнесува 15.194 денари. Синдикатите реагираа на ова усогласување на минималната плата, несогласувајќи се околу реалниот пораст на БДП кој е еден од трите параметри за усогласување.

– Претставниците на Владата и работодавачите сметаа дека реалниот пораст на бруто домашниот производ може да биде и во минус, односно, иако Законот за минимална плата укажува на користење на терминот пораст, за претставниците од МТСП, Министерството за економија, Министерство за финансии и работодавачите истиот како таков во минус мора да се земе во пресметката – иако тоа никаде не е напишано во Законот за минималната плата и со тоа на таков начин усогласувањето на минималната плата по нивните пресметки ќе биде пониско за 211,00 денари и истата ќе изнесува околу 15.190,00 денари, информираа тогаш од ССМ.

Од Владата, пак, оценија дека се работи за позитивно решение донесено во услови на криза. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи неодамна изјави дека направен е исчекор во време на криза и зголемена е минималната плата за 1,7 проценти.

– Не можеме само заради политички поени да ги занемариме критериумите, кога истите се пропишани со Закон. Имавме различно гледање на еден од критериумите во Законот за минимална плата, каде стои дека минималната плата се усогласува според процентот на зголемен пораст на бруто домашниот производ. Синдикатите ценат дека БДП може да биде само позитивен, а ние тврдиме дека реалниот раст на БДП којшто ДЗС го дава како податок, може да биде и позитивен и негативен. Ние имавме негативна стапка на раст минатата година, за жал, од минус 4,5 проценти и тука беше разликата на толкувањето. Синдикатите велеа дека треба да земеме 0 како единица за реалниот раст на БДП, но факт е дека имаме официјален податок за БДП од Државниот завод за статистика, изјави неодамна Битиќи.

Кардашијан во жешки пози со новото момче, рокерот ја објави снимката (ВИДЕО)

Рокерот Тревис Баркер ги изненади следбениците со нови објави на својот Инстаграм профил.

Баркер и го честитал роденденот на Кортни Кардашијан и истакнал колку ја сака, а за да му покаже на светот колку се заљубени, тој објави серија фотографии од нив заедно и едно видео во кое таа му го цица палецот. На фотографиите, двојката се гушка и се бакнува, а на една Тревис ја држи ногата на Куртни, додека дел од нејзиниот гол задник исто така влегол во кадарот.

Објавата предизвика голем број коментари. Некои му честитаат на парот за нивната љубов, додека некои, како пејачот Чарли Пут, го изразија своето изненадување со објавата на рокерот.

Патем, гласините за врската помеѓу Кортни и Тревис започнаа на почетокот на оваа година, а парот го потврди тоа неколку недели подоцна, исто така со објава на Инстаграм.

САД се обврзуваат дека ќе бидат предводници во борбата против климатските промени

Соединетите држави ќе се борат против климатските промени или „нема да остане ништо“ од нашата планета, рече американскиот државен секретар, ветувајќи дека ќе изврши притисок врз другите држави да ја намалат зависноста од јаглен.

Пред виртуелниот самит за клима во четврток и петок,чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден, Антони Блинкен треба да одржи говор по повод враќањето на Вашингтон по повлекувањето на администрацијата на Доналд Трамп

„Ако Америка не го води светот во управувањето со климатската криза, нема да остане многу од нашата планета“, треба да нагласи државниот секретар според деловите на говорот што им се достапни на медиумите, пренесува Франс прес.

„Ако успееме во ова, ќе ја искористиме најголемата можност за генерациите да создадеме квалитетни работни места, да изградиме поправедно, поздраво и поодржливо општество и да ја заштитиме оваа прекрасна планета“, треба да додаде тој.

Иако минатата недела Соединетите Држави потпишаа заедничка декларација со својот главен стратешки противник Кина и ветија дека „ќе соработуваат во справувањето со климатската криза“, Блинкен најавува натпреварување.

"Во моментов доцниме. Кина е најголем производител и извозник на соларни панели, ветерници, батерии и електрични возила. Таа поседува третина од светските патенти за обновлива енергија".

„Ако не го надополниме доцнењето, Америка ќе ја пропушти можноста да ја обликува светската климатска иднина според нашите интереси и вредности и ќе изгубиме безброј работни места за Американците“, ќе рече американскиот државен секретар.

Во таа борба, Антониј Блинкен особено ќе го потенцира притисокот што треба да се изврши врз земјите зависни од јаглен.

„Кога земјите продолжуваат да зависат од јаглен, да инвестираат во нови централи на јаглен или да дозволат уништување на шумите, Соединетите држави и партнерските земји ќе ги предупредат на штетноста на ваквите активности.“

Кина, најголемиот светски производител на стакленички гасови, е одговорна за околу половина од светското производство на електрична енергија од јаглен, што е една од главните сопирачки во борбата против затоплувањето.

Но, ова прашање е чувствително и во САД, поранешниот претседател Трамп кој ја повлече земјата од Парискиот климатски договор, беше поборник на производителите на јаглен, иако побарувачката на САД за јаглен постојано се намалува.

Џо Бајден ги врати САД на договорот на првиот ден од неговиот мандат.

Се засилува ли тимот на „Сексот и градот“ по желба на Сара Џесика Паркер

Актерката Сара Џесика Паркер сака британскиот заводник Хју Грант да се појави во новите продолженија на серијата „Сексот и градот“.

Според странските медиуми, Паркер сака машка sвезда во серијата и дава се од себе за да го убеди Хју Грант да им се придружи на нивната екипа.

„Сара Џесика сфати дека треба голема, навистина голема, машка sвезда да се приклучи на повторната средба на „Сексот и градот“ за да помогне во олеснувањето на отсуството на Ким Катрал, и потенцијално и на Крис Нот, со кого сè уште преговара за враќање и за чија специфична улога сè уште се расправа “, изјавил извор близок на актерката за „Мирор “.

Новата сезона на „Сексот и градот“ се вика „И само така...“ и ќе има десет епизоди. Сара Џесика Паркер ќе биде во улогата на познатата Кери, а со неа во новите продолженија ќе се појават и Кристин Дејвис како Шарлот и Синтија Никсон како Миранда.

Хју Грант и Сара Џесика Паркер работеле заедно неколку пати. Тие прво соработувале во далечната 1996 година во трилерот Extreme Measures, а подоцна и во романтичната комедија „Што има ново со Морганови?“

притисни ентер