Вучиќ: Многу успешен разговор со Заев и Рама во пресрет на Форумот во Скопје на 29 јули

-Многу успешен разговор со Заев и Рама посветен на подготовките за регионалниот економски форум што го организираме заедно на 29 јули во Скопје, напиша Вучиќ на официјалниот профил на Инстаграм „Будуќностсрбија".

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше денеска преку видео врска со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, за регионалниот економски форум што ќе се одржи во Скопје на 29 јули, јави дописникот на МИА од Белград.

-Многу успешен разговор со Заев и Рама посветен на подготовките за регионалниот економски форум што го организираме заедно на 29 јули во Скопје, напиша Вучиќ на официјалниот профил на Инстаграм „Будуќностсрбија".

Регионална иницијатива што ќе не поврзе и ќе го подобри животот на сите наши граѓани. Заедно градиме нов Балкан, економски, дополни Вучиќ.

На состанокот присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж.

На последната видео конференција на Вучиќ, Заев и Рама на 29 јуни тројцата соговорници порачаа дека се „свесни да само со заедничката соработка и прифаќање на регионалната соработка во рамките на разни регионални иницијативи како што се заедничкиот пазар, регионалниот Шенген, зелените коридори или Берлинскиот процес, можеме да ги приближиме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашиот народ и да донесеме големи инвестиции, кои би биле можни за секој од нас поединечно".

Соговорниците се согласија да се сретнат во Скопје на 29 јули за да го разгледаат напредокот во спроведувањето на постојните иницијативи и проекти и да потпишат дополнителни договори меѓу трите земји во врска со спроведувањето на обврските од Берлинскиот процес, како и соработка и помош во случај на природни катастрофи олеснување за трговијата, извозот и увозот, беше еден од заедничките заклучоци на видео конференцијата одржана пред еден месец.

-Ги повикуваме и охрабруваме нашите колеги од регионот да потпишат и спроведат слични договори, така што визијата за заеднички политички и економски простор низ Западен Балкан наскоро, преку единствениот пазар, ќе стане важен дел од секојдневицата на нашите граѓани, порачаа српскиот претседател и премиерите на Северна Македонија и Албанија на видео конференцијата на 29 јуни.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

притисни ентер