Вучиќ ја пречека Силјановска на Прохор Пчински со букет цвеќе

Нашата независна република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите Асномски темели се препознаваат напредните европски вредности.Ова го порача претседателката Сиљановска Давкова, во говорот на Пелинце.. 

Зајакнување на економско – трговската размена, продлабочување на соработката и изградба на железничка пруга е заедничката порака од средбата помеѓу претседателите на Македонија и Србија, Гордана Сиљановска Давкова и Александар Вучиќ по повод одбележувањето 2 август Илинден. Двајцата претседатели се сретнаа во манастирскиот комплекс Свети Прохор Пчињски каде македонската претседателка положи цвеќе пред спомен плочата на АСНОМ. Потоа го посетија манастирот по што одржаа средба. Сиљановска – Давкова односите меѓу Скопје и Белград ги оцени за добрососедски во вистинска смисла на зборот заблагодарувајќи се за помошта околу гасењето на пожарите во земјава.

Одбележувањето на Илинден и 80 годишнината од Првото заседание на АСНОМ претходно започна на Пелинце кај Меморијалниот центар каде Сиљановска Давкова ја предводеше државната делегација. Во говорот претседателката потсети на историската важност на асномските документи и идеали кои можат да се препознаат и во европските вредности. Се осврна на иселувањето на младите и евринтеграциите посочувајќи на, како што рече, непринципиелните услови кои ги добивала Македонија.

И годинава голем број на граѓани празникот го одбележаа во кругот на Меморијалниот центар во Пелинце.

Таму присуствуваа и претставници на Владата, Собранието, политичките партии, локалната самоуправа и дипломатите во земјава кои положија цвеќе пред меморијалниот центар.

Видео: Новинар го удира Трамп со микрофон во лице, многумина ја коментираат неговата реакција

На социјалните мрежи вирално стана видео на кое се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп го удира репортерка со микрофон во лицето за време на прес-конференција.

Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на прашања на новинарите за време на кратката прес-конференција во заедничката база Ендрјус во Мериленд. Беше прашан за ситуацијата во Газа, кога микрофон, одеднаш влезе во кадарот и го удри право во лицето.

Трамп за момент вкочането ја погледна новинарката, кревајќи ги веѓите, но брзо се смири и вниманието од прашањето го пренасочи кон шега.

"Таа вечерва стана телевизиска ѕвезда. Само што стана голема ѕвезда, нели? Дали го видовте тоа?" Трамп коментираше пред камерите, прекинувајќи го својот одговор на сериозно прашање.

Вучиќ: Сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест без жртви

Обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по денешните масовни протести.

Во името на сите граѓани на Србија и како претседател на Србија сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест, со негативна енергија, гнев и гнев кон властите во Србија, без да има жртви или сериозни повредени“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека се повредени околу 56 лица, но никој не е тешко повреден, а повредениот на плоштадот Никола Пашиќ не е во животна опасност.

Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара“, рече Вучиќ.

„Исто така, сакам да кажам дека се срамни обвинувањата дека некој употребил звучен топ, прикажувајќи војници и членови на „Кобра“ како тоа што го држат да е звучен топ - рече тој.

Претседателот на Србија нагласи дека сите лица кои учествувале во уништувањето ќе бидат приведени и ќе одговараат за криминални дела.

-Горд сум на фактот што 99 отсто од студентските блокатори не сакаа инциденти, рече Вучиќ.

Пленковиќ отпуштен од болница по операција на срцето, в понеделник се враќа на работа

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево, околу 17 часот, беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар во Загреб (КБЦ) , каде што синоќа беше примен на лекување заради повремено нарушување на срцевиот ритам (аритмија) и каде имаше хируршка интервенција.

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

„Постапката на која беше подложен на Пленковиќ синоќа беше планирана порано и помина добро, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, посочуваат од хрватската Влада.

Според програмата, во понеделник хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ треба да ги посети обновените згради во Загреб, кои беа уништени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата за претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, а потоа и на состанокот на ХДЗ на округот Вараждин и на комеморацијата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ.

притисни ентер