Вучиќ: Иницијативата „Отворен Балкан" е во интерес на регионот

Вучиќ изјави дека слушнал и критики од некои европски центри, и покрај тоа што регионалната иницијатива се базира на принципите на слободен проток на стоки, капитал, услуги и луѓе.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека регионалната иницијатива, која од вчера се нарекува „Отворен Балкан", е важна за иднината на граѓаните и е во интерес на регионот, поради што нејзината имплементација ќе продолжи и покрај сите критики, јави дописникот на МИА од Белград.

-Имаше многу позитивни и многу негативни реакции, но освен бесмислената политика на затворање и ксенофобија, не слушнав сериозни аргументи против тоа, изјави Вучиќ сумирајќи ги заклучоците по вчерашниот самит во Скопје.

Вучиќ изјави дека слушнал и критики од некои европски центри, и покрај тоа што регионалната иницијатива се базира на принципите на слободен проток на стоки, капитал, услуги и луѓе.

Тој кажа дека разбира зошто некои од нив се лути, бидејќи не се во позиција да управуваат и да одредуваат што ќе се прави во регионот, туку дека ние самите ги преземавме работите во наши раце и самите си ја одредуваме иднината.

-И ние ќе продолжиме така, така прават слободните и независните држави. Работиме во наш најдобар интерес, ќе ги намалиме трошоците. Ова е голема и важна иницијатива за иднината, изјави Вучиќ.

Дека иницијативата ќе има многу противници, се виде, кажа тој, со реакцијата на Албин Курти, но и со реакцијата на дел од властите од Сараево, кои, како што истакна, не ги разбира, бидејќи тоа е во нивни најголем интерес.

-Но, можеби со толку многу искуство и знаење, јас не сум доволно професионален и способен да ги разберам нивните причини против оваа иницијатива … Но, тоа не е важно. Ние ќе продолжиме со тоа, бидејќи тоа е важно за нас, изјави Вучиќ во Велика Плана.

Премиерката Ана Брнабиќ оцени дека иницијативата „Отворен Балкан" помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија е една од најубавите работи што се случија во регионот од пред конфликтите во 1990 -тите.

– Таа е невероватна и зборува за тоа што можеме да направиме и што би можеле да направиме ако се приклучи целиот Балкан, изјави Брнабиќ во српскиот парламент.

Според директорот на Друштвото за истражување на политиката и политичката теорија, Владимир Павичевиќ, иницијативата „Отворен Балкан" е најсериозниот проект за мир на Балканот и потенцијален економски напредок на нашиот регион во последните две децении.

– Кој не учествува во овој проект, не ги разбира тековните процеси во нашиот регион или во Европа – објави Павичевиќ на Твитер.

Од друга страна, професорот по трговија на Економскиот факултет во Белград, Зоран Богетиќ, оцени дека најавите за слободно движење на граѓаните и стоки во Србија, Северна Македонија и Албанија со Иницијативата „Отворен Балкан" се добри пораки, во кои треба да се верува само кога ќе се остварат. /МИА

ОН: Во 2023 бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто

Обединетите нации објавија дека во 2023 година бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто во однос на претходната година, пренесува Анадолија.

Во Советот за безбедност на ОН се одржа седница за сексуално насилство во конфликти.

Прамила Патен, специјална претставничка на генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во конфликтни зони, го објави 15-тиот годишен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за сексуалното насилство во конфликти.

Таа истакна дека има невиден пораст на милитаризацијата низ светот.

- Додека жените и децата гладуваат, воените трошоци ширум светот истовремено надминаа 2,2 трилиони долари. Додека буџетите за хуманитарна помош се намалуваат, оружјето продолжува да се доставува до криминалците, а жртвите продолжуваат да страдаат, рече Патен.

Таа нагласи дека ОН регистрирале вкупно 3.688 случаи на сексуално насилство во конфликти во текот на 2023 година.

Патен рече дека сексуалното насилство особено ги погодува жените и децата. Таа додаде дека и израелските сили вршат сексуално насилство врз Палестинците.

- Според информациите потврдени од ОН, на окупираниот Западен Брег, жените и мажите приведени од израелските сили по 7 октомври биле изложени на злоупотреба, вклучително и сексуално насилство. Слични обвинувања има и во Газа, рече Патен.

Амбасадорката на добра волја на ОН и актерка Данаи Гурира не можеше да ги задржи солзите во својот говор, истакнувајќи дека сексуалното насилство продолжува да расте во светот и покрај сите напори на ОН. /МИА

Во Шуто Оризари, тече мирно изборниот процес

Канал 5 го следи изборниот процес во Општина Шуто Оризари.

Во основното учлиште „26 јули“ е Дејан Трајковски.

Како тече изборниот процес во оваа Општина?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Прв круг претседателски избори: За гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи

Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава Канал 5 беше на отворањето на гласачките места во Општина Карпош ,а во моментов нашите екипи се на две избирачки места, едната е на гласачкото место во средното учлиште Јосип Броз Тито и другата во основното учлиште 26 јули во населбата Шуто Оризари.

Во Центар е Игор Манасивски. Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер