Втората Парада на гордоста во Скопје започна напладне со марш од паркот „Жена Борец"

Втората Парада на гордоста во Скопје започна напладне со марш од паркот „Жена Борец", и продолжи низ центарот на градот, преку Владата до Градскиот парк.

Граѓани на различна возраст со знаменца „Skopje Pride" се дел од маршот, а дел од транспарентите гласат „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети", „Љубов вон ѕидовите"…

Парадата е предвидено да заврши кај Школка во Градскиот парк, а организатор на настанот е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Годинава мотото на Парадата на гордоста е „Вон ѕидовите". Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.

– Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, велат организаторите на парадата./МИА

Бујар Османи утре во „Жешко политичко лето“

Утре (18.8.2022 година) во „Жешко политичко лето“ ќе гостува министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Доколку имате прашања до нашиот гостин испратете ги најдоцна до 13 часот (18.8.2022 година) на електронската пошта: [email protected] Ве молиме доколку сте од политичка партија праќајте од вашите официјални електронски пошти, а доколку сте граѓани, пишувајте ни од вашата електронска пошта, но прикачете и ваша фотографија.

Силна експлозија во џамија во Кабул- десетици загинати и повредени (ВИДЕО)

Силна експлозија одекна денеска за време на вечерната молитва во џамија во Кабул и се стравува дека има многу мртви и повредени, соопшти полицијата.

Претставник на талибанското разузнавање изјавил дека можеби се убиени или повредени 35 лица.

Ал Џезира објави, цитирајќи неименуван функционер, дека загинале 20 луѓе. Болницата во Кабул на Твитер објави дека примила 27 повредени, меѓу кои и седумгодишно дете.

Нападот се случил во населбата Каир Кан. Меѓу загинатите е и имамот на џамијата.

Ин мемориам: Почина Гале Фиданоски, долгогодишен новинар и директор на Радио Гостивар

По кратко боледување на 86-годишна возраст, почина Гале Фиданоски, еден од основоположниците на новинарството во полошкиот регион. 

Тој повеќе од две децении раководеше со радиостаницата „Радио Гостивар“, единствениот локален медиум до почетокот на 90-тите години од минатиот век.

Покрај активната и ангажирана новинарска работа во Радио Гостивар, тој повеќе од 35 години беше дописник на Радио Скопје. За време на работниот век се покажа и како публицист, хроничар. Има напишано неколку книги со историско-фолклорни теми, а негови трудови објавувале повеќе други екс ју-информативни куќи, пред сé радио станици и печатени медиуми. Фиданоски важeше за човек кој со својот ангажман дал значаен придонес во поновата ера на Гостивар и гостиварско извршувајќи значајни општествено политички функции во втората половина на минатиот век. Пензионерските денови ги минуваше во Гостивар и родното Битуше.

Гале Фиданоски е роден во 1936 година во село Битуше, каде што ги поминува и своите најрани детски години. По завршување на основното образование се запишува во учителската школа „Никола Карев“ во Скопје. Со дипломата народен учител две години работи во ОУ „Иво Рибар Лола“ во Ростуше. Во 1962 дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје и набрзо е поставен за директор на ОУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови. По три години работа во Маврово, во 1965 година е примен за новинар-уредник во Радио Гостивар. Таму, како новинар-уредник, односно директор и главен и одговорен уредник останува сé до пензионирањето во 2000 година.

Автор е на публикацијата „Априлскиот злостор во Ново Село“ во 1976 година, а како коавтор се појавува во повеќе монографии и публикации. Подоцна (2010) како пензионер ја објавува книгата „Копанка“. Тоа приказна за битушките гурбетчии со сведоштва на неговиот татко Трпе, кој во тетратка бележел описи за печалбарската традиција и за животот во овој период./МИА

притисни ентер