Втор ден штрајк - ССМ со 21 столче пред Владата ги потсети министрите за своите барања

Синдикалните столчиња од законодавниот дом се преселија пред Владата, но во помал број – овој пат 21. 

Министрите кои се приклучија на првомајскиот марш и јавно ги поддржаа барањата на ССМ за повисоки плати денеска не го направија истото.

На вториот штрајкувачки ден во јавниот сектор, синдикалниот лидер Дарко Димовски повторно побара надлежните да ги сфатат посериозно и да го добијат покачувањето во најбрз рок. Додаде дека во сите институции штрајкот се одвива нормално. Единствено во еден суд утринава имало мал инцидент.

„Тогаш кажаа дека за сите ќе има 2806 денари со Ребалансот за буџетот – денеска ги нема. Затоа јавно апелирам и кажувам, работникот си дојде по ветеното, работникот си дојде по своето бидејќи веќе немаме друг начин како да издржиме во оваа економска криза.“ Притисоци од сабајле имаше во Основниот суд 2 но тоа ќе го решиме. Искинати се постерите за штрајк, но џабе кинат.“вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.

ССМ и Владата заедно со помирувачот прв пат се состанаа пред два дена, иако процесот на помирување е почнат уште од 7 јуни – но на ниво на највисоките претставници. Работните групи кои согласно законот треба да ги водат преговорите се уште не се оформени, вели Димовски, а медијаторот го нема да закаже нов состанок.

„До ден денеска нема никакви работни групи, не се оформени, ниту има предлог за нивно оформување, ниту има предложено методологија за она што го збориме. Очигледно се купува време а ние немаме време. Медијатор има ама медијаторот го нема.“вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Барањата за зголемување на платите од 2806 денари веднаш и враќање на регресот за годишен одмор претставниците на ССМ утре ќе ги искажат пред Министерството за финансии. Предвиден е и состанок на претседателството на синдикатот на кој ќе ги утврдат чекорите кои ќе ги преземат од следната недела. Од Владата се децидни: прво да се донесе методологија за продуктивноста на работниците, па потоа да се зголемат платите.

Жерар Пике барал да се одложи натпревар со шпанската репрезентација поради концерт на Шакира

Шпанската фудбалска јавност деновиве е окупирана со два интересни случаи по приватна преписка.

Најпрво се објавени аудио снимките од разговорот помеѓу тогашниот стопер на Реал Мадрид, Серхио Рамос и претседателот на Федерацијата Луис Рубиалес од 2020 година, во кои Рамос го повикува да ги искористи своите врски и да даде сѐ од себе за да потврди дека „Златната топка“ не се откажува.

Иако фудбалскиот свет во 2020 година речиси едногласно одлучи дека Роберт Левандовски е најоштетен од откажувањето на наградата „Златната топка“, Рамос верува дека и тој имал шанса да го освои престижниот трофеј, па му порачал на Рубиалес дека не бара само за себе, но и за доброто на шпанскиот фудбал.

Сега во јавноста протекоа и разговорите на Рубиалес со уште еден познат стопер, Жерар Пике. Всушност, во 2019 година, долгогодишниот столб на одбраната на Барселона побара од Рубиалес да го одложи пријателскиот натпревар со Романија неколку дена пред да се одржи, бидејќи неговата тогашна девојка Шакира истиот ден настапувала на отворањето на Дејвис купот во Мадрид.

Рубиалес ветил дека ќе направи што може, но на крајот натпреварот не бил одложен и одигран во првично предвидениот термин. Шпанија победила, но Жерар Пике не се запишал на листата на стрелци на натпреварот.

Украина до Турција: Задржете го рускиот брод со нашето украдено жито и уапсете го екипажот

Украина вчера побара од Турција да го заплени товарниот брод со руско знаме Жибек Џоли, кој превезувал украинско жито запленето од окупираното пристаниште Бердјанск, и да го уапси неговиот екипаж.

Официјален претставник на украинското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на информации од Украинската поморска управа, соопшти дека бродот Жибек Џоли превезувал приближно 4.500 тони жито, натоварено во Бердјанск, за кое службеникот тврди дека ѝ припаѓа на Украина.

Во одвоено писмо до турското Министерство за правда, украинското државно обвинителство на 30 јуни соопшти дека Жибек Џоли бил вклучен во „нелегалниот извоз на украинско жито“ од Бердјанск, дека неговата дестинација е градот Карасу во Турција и дека превезувал 7.000 тони товар, што е поголема бројка од онаа наведена од службеното лице.

Турското Министерство за надворешни работи не било веднаш достапно за коментар во врска со доаѓањето на бродот.

Од казахстанската транспортна компанија КТЗ Експрес потврдиле дека Жибек Џоли е во нивна сопственост, но велат дека е ангажиран од руската компанија Грин Лајн, која не е на ниту една листа за санкции.

Украина ја обвинува Русија дека краде жито од областите окупирани од руските сили од почетокот на инвазијата на крајот на февруари.

Ковачевски во телефонски разговор со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговараше со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот и рече дека високо ја цени поддршка и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата.

Исто така го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет кои за нас немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет, се наведува во соопштението од Владата..

притисни ентер