Втор ден од манифестацијата „Запознај ја Преспа“

Спој на традицијата и културата. Манифестацијата „Запознај ја Преспа“, чија главна цел е да ги зближи младите во регионот продолжува и денеска. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Макрон се закани кон Русија:Постојат црвени линии

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара од Русија итно да го објасни случајот со наводното труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.

Тој рече дека Париз нема да дозволи да се преминат црвените линии во врска со употребата на хемиско оружје.

"Ние нема да толерираме употреба на хемиско оружје во Европа, Русија или Сирија. Ова појаснување мора да биде брзо и беспрекорно, затоа што ќе ги примениме нашите црвени линии", рече Макрон на Генералното собрание на ООН.

Сепак, тој не прецизираше што ќе стори доколку Русија не даде задоволителни објаснувања, пренесува Ројтерс.

Кремљ негира каква било вмешаност во наводното труење на Навални.

Навални минатиот месец се разболе во Сибир, по што беше хоспитализиран во Омск, а потоа, во состојба на индуцирана кома, беше префрлен на лекување во Германија.

Берлин тврди дека резултатите од три лаборатории покажуваат дека тој бил отруен со нервен агенс Новичок, што Москва го негира.

Во Албанија 131 новозаразени, тројца починати од коронавирус

Во Албанија во последните 24 часа се потврдени нови 131 случаи на коронавирус, а три лица починале.

Според „ Worldometers “, во таа земја во моментов има 5.257 активни случаи.

Од почетокот на епидемијата, во Албанија се заразени вкупно 12.666 лица, од кои 367 починале.

Ванеса Брајант го тужи шерифот поради објавените фотографии од местото на несреќата на Коби

Ванеса Брајант покрена тужба против полицискиот оддел и шерифот Алекс Вилануева за фотографиите од местото на несреќата во кој загинаа нејзиниот сопруг и нивната ќерка.

Тужбата, која се однесува на душевна болка, нарушување на приватноста и небрежност, е поднесена пред Врховниот суд во Калифорнија.

Портпарол на обвинетиот изјавил дека засега немаат коментар, пренесува Вашингтон пост.

Од друга страна, во тужбата се наведува дека „непростливите постапки на одделот на шерифот и предизвикале на г-ѓа Брајант душевна болка и траума поради загубата на Коби и Џана“.

Да потсетиме, во март беше објавено дека членовите на полицискиот оддел во Лос Анџелес се обвинети за споделување фотографии од местото на несреќата, како и дека едниот се пофалил со фотографиите. Медиумите објавија дека им било наредено да ги избришат фотографиите, но не била покрената официјална истрага.

Им било кажано дека нема да претрпат никакви последици доколку ги избришат фотографиите.

притисни ентер