Втор ден молк од СПЦ и БПЦ по одлуката на Вселенската Патријаршија - Канал 5

Втор ден молк од СПЦ и БПЦ по одлуката на Вселенската Патријаршија

Втор ден молк од СПЦ и БПЦ по одлуката на Вселенската Патријаршија да ја признае Охридската Архиепископија за канонска.. 

Втор ден молк од СПЦ и БПЦ по одлуката на Вселенската Патријаршија

Продолжува молкот од Српската и Бугарската православна црква по одлуката на Вселенската Патријаршија да ја врати Охридската Архиепископија во канонско единство со православниот свет. На официјалните веб страници и на двете цркви единствено информираат за тековни настани и одбележувања, а ниту збор за одлуката на Вселенската патријаршија.

Поранешната претседателка на Комисијата за односи меѓу верските заедници Валентина Божиновска, овој молк на двете цркви го оцени како мудар потег но и надеж дека претстојните преговори со СПЦ ќе резултираат со успех.

Засега единствено се произнесе Руската црква. По првичниот став дека Српската црква ги има “сите канонски права во Македонија”, руските медиуми пренесуваат изјава на протоереј Николај Балашов.

„Со признавањето на канонската „Охридска црква“ на Македонија, Цариградската патријаршија „направи груб и политички мотивиран упад во надлежностите на Српската православна црква“, навел Балашов споредувајќи ја одлуката на Цариградската патријаршија со моделот на признавање на Украинската црква.

Германската Католичка новинска агенција пак објавувајќи ја веста, пишува дека „Црквата се признава под името 'Охридска црква'. Со тоа Цариград води сметка за српските, но и за грчките интереси“

Во меѓувреме, владата го објави писмото кое премиерот Димитар Ковачевски во јануари му го испратил на Вселенскиот патријарх Вартоломеј.”Според моето скромно мислење, поминуваме клучни историски моменти, коишто треба да се исползуваат во слава Божја, пред лицето на историјата“... пишува Ковачевски во писмото.

YouTube video

Герасимовски и Тарабунов: Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид в сабота

Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид, ве чекаме во сабота на добра музика.

Герасимовски и Тарабунов: Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид в сабота

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани во сабота на „Центарска симфонија“, концерт посветен на најубавата филмска музика, изведена во живо од камерен оркестар и бенд, со специјален гостин музичката ѕвезда Александар Тарабунов.

Концертот ќе се одржи оваа сабота (28 јуни 2025) со почеток во 20:00 часот, на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари).

„Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика во ново, моќно симфониско руво. Со настани како ‘Центарска симфонија’ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар“, вели Герасимовски.

Концертот е бесплатен за граѓаните и е дел од културната програма на Општина Центар, која годинава носи повеќе настани.

„Ве поканувам на 28 јуни на ‘Центарска симфонија’, ќе пееме филмска музика и за првпат ќе имате можност да ја слушнете мојата најнова песна „Заедно“ со симфониски оркестар. Дојдете да пееме заедно и да уживаме таа вечер”, порачува Тарабунов.

Се гледаме во сабота, на музика, под ѕвезди, во Центар!

Општина Центар

Судијка ја блокираше забраната на Трамп за прием на странски студенти на Харвард

Федерална судијка синоќа ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во намерата за спроведување на неговиот план за забрана за студирање на  странци на Универзитетот Харвард.

Судијка ја блокираше забраната на Трамп за прием на странски студенти на Харвард

Федерална судијка синоќа ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во намерата за спроведување на неговиот план за забрана за влез на странски државјани во Соединетите Држави за студирање на Универзитетот Харвард.

Алисон Бароуз, федерална судијка во Бостон, издаде привремена забрана со која го блокира најновиот обид за ограничување на можноста на Харвард да прима меѓународни студенти.

Привремената забрана ја продолжува привремената забрана што таа ја издаде на 5 јуни, еден ден откако Трамп потпиша проглас за ова прашање „од загриженост за националната безбедност“.

Трамп го стори тоа откако веќе замрзна милијарди долари финансирање за најстариот и најбогат универзитет во Америка, заканувајќи се дека ќе го укине неговото ослободување од данок и покрена неколку истраги за универзитетот.

Инаку, со одлуката на Трамп ќе им се забранеше на странските државјани да влегуваат во Соединетите Држави за да студираат на Харвард или да учествуваат во програми за размена за почетен шестмесечен период, а државниот секретар Марко Рубио ќе мора да одлучи дали да ги поништи визите за меѓународните студенти кои веќе се запишани на Харвард.

Сепак, Бароуз рече дека администрацијата на Трамп веројатно ги крши правата на Харвард за слобода на говорот од Првиот амандман со тоа што се одмаздува на универзитетот за тоа што одбива да ги исполни неговите барања да се откаже од контролата врз наставната програма и приемот на факултетот, и со тоа што го таргетира врз основа на она што официјалните лица го сметаат за левичарски тенденции на универзитетот.

Универзитетот Харвард соопшти дека одлуката ќе му овозможи да продолжат да прифаќаат меѓународни студенти и научници додека трае случајот.Раководството на престижниот Универзитет воедно дополнува дека ќе продолжи да ги брани правата на универзитетот, неговите студенти и неговите научници. Речиси 6.800 меѓународни студенти го посетувале Харвард во последната година, што претставува околу 27 проценти од студентското тело.

Видео: Поплавите урнаа вијадукт во Кина, камион виси преку работ

Жителите во ранливите заедници добија наредба да побараат засолниште на повисоки места откако неколку реки во кинеската покраина Гуиџоу се излеаја од коритото по неколкудневните обилни дождови.

Видео: Поплавите урнаа вијадукт во Кина, камион виси преку работ

Најмалку два града покрај реката - Конгѓанг и Ронгѓанг - секој со население од повеќе од 300.000, во вторник ги замолија жителите што живеат покрај брзорастечките реки и во ниските области да се евакуираат.

Планинската покраина Гуиџоу и други делови од јужна Кина се погодени од поројни дождови од минатата недела, бидејќи годишната сезона на монсуни во Источна Азија го достигна својот врв, кршејќи рекорди на врнежи од дожд во делови од Кина.

Иако Кина е позната по летните поплави, некои научници предупредуваат дека климатските промени носат пообилни и почести дождови. Масивните поплави би можеле да предизвикаат екстремни последици како што се уривање на брани, велат владини претставници.

Свлечиште урна столбови на вијадукт

На автопат до Ронгѓанг, вијадукт се урна денес откако лизгање на земјиштето собори бетонски столбови и однесе дел од патот по падина, објавија локалните медиуми.

На други места во Гуиџоу, многу автопати беа блокирани од лизгање на земјиштето.

Во градовите, поплавените улици го парализираа локалниот сообраќај, а подземните паркинг гаражи и подрумите на трговските центри беа под вода.

Се очекуваат повеќе дождови во следните неколку дена, прогнозираат државните метеоролози, предупредувајќи дека провинциите, вклучувајќи го и Гуиџоу, погодени од преклопувачки бури, треба да бидат особено внимателни.

Топлотен бран во Пекинг

Од друга страна, провинциите северно од сезонскиот појас на дождови, вклучувајќи го и главниот град Пекинг, беа преплавени со температури близу 40 степени Целзиусови.

Во годишниот извештај од понеделник, Светската метеоролошка организација на Обединетите нации предупреди дека Азија се затоплува речиси двојно побрзо од глобалниот просек, поттикнувајќи екстремни временски услови и имајќи големо влијание врз регионот.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер