Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пред да ја признае црквата добил писмо од Ковачевски - Канал 5

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пред да ја признае црквата добил писмо од Ковачевски

Премиерот во писмото бара признавање на Македонската православна црква ,бара благослов за неговиот мандат и му го  честита јубилејот 30 години Вселенски Патријарх и 60 години славно свештенодејствие.

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пред да ја признае црквата добил писмо од Ковачевски

,,Добро сме запознаени со црковната состојба во која се наоѓа нашата земја, но и добро знаеме за исклучителното право на вселенската патријаршија да прима еклитон, кон кое веќе еднодушно, и црквата и државата, прибегнавме.стои во во писмото. Понатаму Ковачевски пишува за очекувањата на македонскиот народ за решавање на црковниот проблем.

,, Мојот народ и црква очекуваат во скоро време да нѐ примите во евхаристиско единство со мајката црква, како прв чекор кон конечното решение на нашиот црковен проблем. Се надеваме дека во догледно време, преку решавањето на останатите административни проблеми, тоа конечно ќe доведе кон автокефалија на нашата црква, којашто ние ја разбираме како единство со сите помесни православни цркви преку послушанието и почитта кон првопрестолната вселенска патријаршија во константинопол.премиерот во писмото напоменува и дека Македонија поминува низ клучни историски моменти.

Ви ја бакнувам вашата света десница, просејќи го вашиот благослов и ставајќи го мојот мандат на располагање за соработка и помош во решавањето на нашето долгогодишно црковното прашање. Посакувам новата 2022 година да биде успешна и плодотворна, година историска и славна, година на единство и заедништво3, се наведува во писмото на Ковачевски до Вартоломеј.

YouTube video

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Градот Скопје е подготвен да ги пречека најдобрите европски џудисти во кадетска конкуренција кои овој викенд на татамите поставени во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се борат за за насловот европски кадетски шампион. 

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Од џудо федерацијата на Македонија која е технички организатор на настанот реферираат дека сите технички подготовки се навремено завршени согласно највисоките стандарди на европската џудо унија, и со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на идните ѕвезди на европското џудо.

„Првпат Македонија е домаќин на европско првенство во џудо и горди сме што ги отвораме нашите врати за талентираните млади џудисти и посветените поддржувачи од целиот континент. Џудото нѐ учи на дисциплина, почит и на стремеж кон совршенство, вредности што длабоко ги негуваме. Ова првенство ќе биде прослава на младоста, решителноста и иднината на нашиот сакан спорт. Возбудени сме што ги гледаме ѕвездите во подем на европското џудо како се натпреваруваат со страст и спортски дух и веруваме дека татамито во Скопјe ќе стане сцена за незаборавни достигнувања и доживотни спомени“ - изјави Владимир Трпаноски, претседател на џудо федерацијата на Македонија.

Во продолжение од истата, Трпаноски им се заблагодари на раководните лица на европската џудо унија за дадената доверба да го организираат овој настан, на сите кои активно се вклучија во организација, и ја повика македонската публика да ужива во атрактивните борби кои ќе ни ги понудат најдобрите европските џудисти во кадетска конкуренција.

И додека организациските подготовки финишираат, македонските репрезентативци во базата во Скопје ги оддржуваат последните заеднички тренинзи. Селекторот Игор Паскоски заедно со тренерот Александар Фузевски во координација со стручниот тим, следните неколку дена пред почетокот на ова престижно натпреварување ќе ги одработат завршните подготовки кои претежно се базираат на регулирање на тежинските категории како и техничко тактичка и психолошка подготовка на нашите репрезентативци.

Европското првенство започнува во четврток, 26ти јуни во 9 часот, а интензивната програма исполнета со многу борби ќе трае се до сабота, 28ми јуни. Свеченото отварање на настанот е закажано за во четврток во 15 часот и 30 минути, прелиминарните борби во сите натпреварувачки денови почнуват од 9 часот, а финалните во 16 часот и 30 минути.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри практики меѓу двете институции.

Вршителот на должност во Амбасадата на Катар изрази силна поддршка за реализација на ваквите иницијативи, со уверување дека Катар останува посветен на зајакнување на правната соработка со Северна Македонија.

Претседателот Костадиновски на средбата ги презентираше досегашните активности на Судот, кои се во насока на доследно реализирање на неговата уставна улога и промовирање на транспарентноста и владеењето на правото.

Беа разменети мислења за работата и надлежностите на Уставниот суд, Заеднички беше констатирано дека традиционалното пријателство помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива и да се унапредува, особено во полето на уставното судство.

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

Кавадарчанка пријавила дека физички била нападната од сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

- Вчера во 12.30 часот во ОВР Кавадарци, 36-годишна кавадарчанка пријавила дека на 19.06.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Оттаму споделија дека рано утрово, пак, во 01.05 часот во ОВР Кавадарци, 29 - годишната И.Т. од овој град, пријавила дека на улица „Словенска“ во Кавадарци, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од друг малолетник. Се преземале мерки за расчистување на настанот.

притисни ентер