Врвниот германски виролог објаснува зошто стапката на смртност од коронавирусот е ниска во Германија

Германија спроведува околу 500 000 тестови неделно на коронавирус, рече водечкиот германски виролог, објаснувајќи ја ниската стапка на смртност во таа земја во споредба со другите.

Иако Германија, според агенцијата ДПА, има повеќе од 43.000 случаи на коронавирус и најмалку 260 умреле, ова е многу помалку во проценти отколку во другите земји каде што болеста се шири.

„Причината поради која имавме толку малку смртни случаи во Германија во однос на бројот на заразени лица се објаснува со фактот дека правиме огромен број лабораториски тестови“, рече Кристијан Дростен, главен виролог во берлинската болница „Карит“.

„Сè уште е затишје пред бура“, рече министерот за здравство Јенс Спан на прес конференцијата во Берлин.

Спан потврди дека германските капацитети за тестирање се над оние на другите земји, но истакна дека тестовите треба да се користат селективно.

Сè уште е неопходно да се забави ширењето на коронавирусот со социјално дистанцирање ,за да им се даде време на болниците за зголемување на нивниот капацитет, предупреди тој.

притисни ентер