Врие во јавниот сектор - вработените во судската администрација и денеска излегоа на улица

Барањата остануваат исти – револтот од ден во ден се поголем, вработените во судската администрација и денеска излегоа на улица. 

На министрите во Владата им порачаа дека не сакаат трошки од Буџетот, си ги бараат, како што велат законски предвидените 0,8% од БДП кој изминативе години ни половина од нив не ги добивале.

„Да не ни се доделува трошка, како минативе години 0,3%, со тоа што со тие 0,8% ние би имале и за покачување на платите и реновирање на судници, и сите потреби за нови вработувања, бидејќи преголем е одливот на вработени во судовите кои даваат откази... “-Јасмина Величковска - синдикална организација на судска администрација

Во петок излегуваат на голем протест пред Собранието, заедно со вработените во обвинителствата, Фондот за здравство, Народниот правобранител.

„Овој протест ќе биде пред Собрание на Македонија, каде што ќе укажеме на пратениците дека постојат служби кој работат за нив, кој работат за државата. Не само што ќе го искажеме нашето незадоволство, овој револт постои не само во судскиот систем, туку и во другите сектори....“- Горан Ристевски – независен синдикат на државна администрација

Пари за плати има за сите, но има и општ колективен договор кој треба да се почитува, им порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на буџетарите, откако вчера првиот човек на УПОЗ рече дека се сомнева дека јавната администрација во март нема да го добие усогласувањето на минималанта плата.

„Усогласувањето во март ќе видиме дали ќе биде затоа што потпишувањето на оштиот колективен договор беше воспоставување на нова методологија, 10 % во септември што ги зедоа сите вработени во јавниот сектор. Во септември 2024 година уште едно уште едно усогласување на платите и во март 2025 година да започнеме со новата пресметка на платите, односно коефицинет помножен со просечна плата.“- Јованка Тренчевска – министерка за труд и социјална политика

Премирот Ковачевски пак уверува дека усогласување со минималецот наредната година ќе има, а дијалогот со синдикатите ќе продолжи.

„Буџетот се наоѓа во собраниска процедура, меѓутоа сметам дека на крајот повторно ќе се изнајде решение во текот на оваа и идната година. Усогласување со минималната плата нормално дека ќе има бидејќи тоа е законска обврска и тоа ќе се случи во текот на идната година...“- Димитар Ковачевски – премиер

Револтот кај вработените во јавниот сектор се појави откако пролетва се заголемија фунцкинерските плати за 78%... аргументот на сите е истито – ако има за функционерите, мора да има и за останатите...

Столтенберг: НАТО ќе направи сѐ што е можно за да спречи конфликти во Западен Балкан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на маргините на средбата со министрите за надворешни работи на земјите членки на Aлијансата, нападот на 24 септември во Бањска на Косово го оквалификува како сериозен инцидент.

Запрашан за предупредувањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека Русија има за цел да разгори конфликт на Балканот, секретарот на Северноатлантската алијанса рече дека ќе направат сѐ што е можно за да се спречи ескалација на конфликтите, особено спомнувајќи го Косово и Босна и Херцеговина. Дури и ЕУ рече дека се посветени на стабилноста во регионот

НАТО ќе направи се што е можно за да спречи ескалација на конфликтите во Западен Балкан по неодамнешното зголемување на тензиите, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. И шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, се изрази на иста линија.

Пред состанокот, кој се одржа зад затворени врати, Столтенберг беше прашан дали имаат информации дека Балканот е следната цел на Русија за разгорување на нов конфликт. Кога зборуваше за овие опасности, ги спомна Босна и Херцеговина и Косово.

„Само што се вратив од посетата на регионот, на Босна и Херцеговина, на Србија, на Косово, на Македонија и се сретнав со лидерите од целиот регион. Видовме зголемени тензии и запалива реторика во Босна и Херцеговина. Видовме и сериозни инциденти на насилство на Косово, вклучително и нападот врз мировните трупи на НАТО, каде беа повредени 93 војници на НАТО, од кои некои многу сериозно“, нагласи Столтенберг. .

Говорејќи за случајот во Бањска во Звечан на 24 септември, Столтенберг го спомена убиството на тројцата српски напаѓачи кои биле дел од паравоената група од Србија.

„Ги видовме и настаните во Бањска, каде три лица беа убиени во септември на Косово. Тоа се сериозни настани и треба да бидеме фокусирани на Западен Балкан. Во исто време, додека се справуваме со војната во Газа и продолжуваме да обезбедуваме поддршка за Украина, ќе се погрижиме НАТО да го направи она што е потребно за да ја одржи или обезбеди стабилноста во регионот, бидејќи тоа е важно, не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа и НАТО“, рече секретарот на НАТО.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пред неколку дена повика да се посвети поголемо внимание на балканскиот регион, бидејќи, според него, има информации дека Русија планира да започне војна за да го оттргне вниманието од Украина.

„Денес сите разговараат за кризата на Блискиот Исток. Но, како што реков претходно, искрено, тоа не е вчерашен проблем. Сите знаат за овој постојан конфликт и постојана војна, но никој не сака да го прекине бидејќи е погодно. „Зад Експлозијата на Блискиот Исток е Русија, ние сме сигурни, со нејзиниот сојузник Иран“, рече тој.

Дури и Европската унија (ЕУ) изрази загриженост за можноста Русија да се обиде да интервенира во регионот на Западен Балкан со цел да поттикне конфликт.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека НАТО е подготвен да се соочи со различни предизвици, вклучувајќи го и Западен Балкан.

„Она што го правиме во НАТО алијансата е многу поважно отколку што беше претходно. Видовме дека во последните три години НАТО порасна со справување со предизвиците со кои се соочуваме заедно. Вршиме многу заедничка работа во рамките на сојузот. Како што кажавте за Западен Балкан, со партнерите на НАТО ширум светот, вклучително и Азија и Пацификот. И секако ќе зборуваме за кризата во Газа и ситуацијата на Блискиот Исток“, рече Блинкен.

Покрај Украина и Западен Балкан, министрите за надворешни работи на НАТО ќе разговараат и за плановите за самитот на 75-годишнината на Алијансата што ќе се одржи во Вашингтон следниот јули, каде сојузниците ќе го прослават основањето на НАТО и ќе го истакнат она што лидерите го нарекоа најуспешниот воен сојуз во историјата.

Тетка на 12- годишен израелски заложник: Му пуштале снимки од крвавите напади на Хамас

Цел ден од Израел пристигнуват сведоштвата за ослободените заложници кои ги држеше Хамас во Газа.

Тетката на Ејтан Јахаломи, 12-годишниот француско-израелски заложник кој вчера беше ослободен од Газа, изјави дека Хамас го принудиле да гледа видео снимки од крвавите терористички напади врз Израел на 7 октомври.

„ Ејтан преживеа ужаси“, изјави Дебора Коен за BFM TV. „Секогаш кога детето ќе плачел, ќе му се закануваа со пиштол за да го замолчат“, вели таа. „Сакав да верувам дека Ејтан ќе биде третиран добро. Очигледно не. Тие луѓе се чудовишта“.

Ејтан е еден од тројцата француски Израелци кои беа ослободени вчера, заедно со Ерез и Сахар Калдерон. Вчера во Израел беа вратени вкупно 11 заложници, објави Скај Њуз.

„12-годишниот Ејтан Јахаломи повторно се соединува со својата мајка откако премина во Израел по 52 дена заробеништво на Хамас. Неговиот татко Охад, кој беше застрелан и заробен одвоено од Ејтан, се верува дека сè уште е во Газа“, напиша таа.

Израелците тврдат дека уште 12 заложници се ослободени, од затвор излегуваат 30 Палестинци

Петтата рунда заложници е предадена на Црвениот крст, соопштија денеска израелските одбранбени сили.

Примопредавањето вклучува 10 Израелци и двајца странски државјани, соопшти ИДФ, додавајќи дека ослободените заложници се на пат кон израелска територија.

Во исто време, триесет палестински затвореници се очекува да бидат ослободени од израелските затвори, бидејќи примирјето меѓу Израел и Хамас продолжува, според информациите објавени и од Клубот на палестинските затвореници и од израелските затворски власти.

Меѓу лицата што треба да бидат ослободени се 15 жени и 15 машки деца, кои се под 18 години и се сметаат за деца според меѓународното право, објави Си-Ен-Ен.

притисни ентер