Врховниот судија Наќе Георгиев во 30-дневен притвор, за Мемети мерки на претпазливост

30-ет дневен притвор му е одреден на врховниот судија Наќе Георгиев, кој според Обвинителството директно бил фатен со 10 илјади евра, односно за примање на награда за противзаконско влијание.. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Попладнево протестен марш за чист воздух во Скопје

Со протестен марш, кој ќе започне од пред зградата на Министерството за животна средина, попладнево во 16 часот „Зелен хуман град“ и неколку други граѓански инцијативи ќе го изразат своето незадоволство од загадувањето на воздухот.

Маршот потоа ќе продолжи пред собранието и ќе заврши пред зградата на владата. Причините за одржување на протестот, како што велат од „Зелен хуман град“, се смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето кои изнесуваат 17,7 отсто од вкупната смртност во државата на годишно ниво.. Секоја година во Македонија се бележат околу 3 828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм 2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето, се вели во повикот за марш од „Зелен хуман град“..

Почна собраниската расправа за предлог - буџетот за 2025 година

Собранието денеска ја започна петдневната расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Согласно деловникот на Собранието, на седницата пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути.

Претставникот на владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска пред пратениците истакна дека следната година ќе биде инвестициска и додека власта тврди дека буџетот е развоен, од опозицијата се пожалија дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен..

Врховен суд: Неопходно е приоритетно да се постапува по извештаите на Стејт департментот

Врховниот суд на Македонија како највисок суд во државата целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.

Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности.

Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно

е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба.

Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија, соопштуваат од Врховен суд.

притисни ентер