Врховниот суд на САД го поништи рестриктивниот закон за абортус

Врховниот суд на САД денеска го укина рестриктивниот закон за абортуси во државата Луизијана, што беше тест за тоа највисоко федерално судско тело што Доналд Трамп темелно го измени.

Според текстот усвоен во 2014 година, лекарите кои вршат абортуси мора да добијат дозвола за работа во болница која не е оддалечена повеќе од 50 км од местото на интервенцијата. Станува збор за заштита на жени во случај на компликации и обезбедување „постојана медицинска нега“, истакнуваат неговите приврзаници.

Но, поборниците за правото на абортус на жените, проценија дека законот ќе мора да затвори две третини од болниците што вршат абортуси во Луизијана.

Овој проблем, значаен на федерално ниво, се смета и како барометар на решеноста на Врховниот суд да остане на историската одлука во случајот Роу В. Вејд од 1973 година, со признавањето на правото на абортус за американските жени.

Законот на Луизијана е всушност сличен на текстот донесен од Тексас, кој беше поништен од Врховниот суд во 2016 година, зашто се сметал дека е премногу строг.

„Ние внимателно ги проучувавме двата случаи, кои можат да се споредат во секој поглед, и се извлекува ист заклучок. Затоа, сметаме дека законот на Луизијана е противуставен“, се вели во одлуката, донесена со просто мнозинство.

Претседателот на судот, Џон Робертс, умерен конзервативец, им се придружи на своите либерални колеги во име на почитувањето на „веќе донесената одлука“.

„Задоволни сме што законот во Луизијана е блокиран“, веднаш коментираше Нанси Нортруп, претседател на Центарот за репродуктивни права, која ги претставувала државните клиники. Но, борбата не е завршена, рече таа, затоа што многу држави донесуваат строги закони.

Задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Филипче и Хасани на увид во изградбата на новиот објект за Поликлиниката Сарај

Министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, денеска ќе ја посетат локацијата на која е во тек изградба на нов објект за Поликлиниката Сарај при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

По посетата, предвидени се изјави за медиумите кај градилиштето на новата поликлиника.

Министерот Филипче вчера во телевизиско гостување најави дека заклучно со почетокот на следната недела ќе се одлучува дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки, откако во изминатите денови е регистрирано зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи на Ковид – 19 и на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. Сите модуларни болници, додаде, веќе се поставени и се следат бројките.

Дневен хороскоп за 6. март 2021 година

Дневен хороскоп за сабота, 6. март 2021 година. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите.

Кариера

Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им.

Здравје и совет

Преоден стрес.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи.

Здравје и совет

Радувајте му се на секој убав момент.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате.

Кариера

Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата.

Кариера

Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат.

Здравје и совет

Издржете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост.

Кариера

Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас.

Здравје и совет

Преодна психичка нестабилност.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено.

Здравје и совет

Душевен немир што набргу ќе помине.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни.

Кариера

Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно.

Здравје и совет

Внимавајте да не се сплеткате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет

Чувствителност на бубрезите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет

Постои можност за настинка.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се.

Кариера

Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи.

Здравје и совет

Изразите го својот став и борете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас.

Здравје и совет

Одморете се во слободното време.

притисни ентер