Мицкоски до Заев: Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата.

Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Заев тргува.

Та нели се беше во главата на вморвците?

Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес.

Заев е проблемот, а народот е одговорот!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хопсон: Британските домови за стари лица ќе ги добијат вакцините најдоцна за две недели

„Ќе ги доставиме вакцините во домовите за стари лица во рок од две недели“, рече шефот на NHS Providers, што ги претставува болниците и здравствените фондации во Англија.

Крис Хопсон најави дека снабдувањето во домовите со текот на времето нема да биде проблем, но дека NHS сега работи на план за испорака.

"Колку време ќе трае? Мислам дека вакцините ќе пристигнат во домовите за 10-14 дена, ние работиме што е можно побрзо", изјави Хопсон за Би-Би-Си.

Во Британија, жителите во домовите се приоритетна група за вакцинација. Сепак, се појавиле некои логистички проблеми при доставувањето на вакцината, како што е потребата за транспорт на вакцините и нивно чување на екстремно ниски температури.

Во Австрија почна масовно тестирање,целта е да се прекине синџирот на зараза

Во Австрија постои голем интерес за масовното тестирање за коронавирус, кое започнало денеска, а според јавниот сервис ОРФ, пред станиците за тестирање се формирале долги редици.

Во Виена, граѓаните можат да бидат тестирани на три полигони до 13 декември. Освен во Виена, тестирањето започна и во сојузните држави Тирол и Ворарлберг. Во другите сојузни држави, тестирањето ќе започне наредните денови.

Целта на масовното тестирање на коронавирус, како што објасни министерот за здравство Рудолф Аншобер, е откривање на лицата заразени со коронавирус, но кои немаат забележителни симптоми. Ова е да се спречи ширењето на вирусот за време на Божиќните празници.

„Досега над 100.000 граѓани аплицираа за тестирање преку Интернет“, рече Аншобер.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер рече дека целта на овие масовни тестови е да се разбијат синџирите на инфекција.

„Секој што е подложен на тестирање сега може да придонесе сите наскоро да се вратиме во нормала“, рече Нехамер.

Тестовите се изведуваат со брзи тестови на антигени. Во случај на позитивен резултат поради зголемена сигурност, се врши PCR тестирање.

Во Австрија, денеска се регистрирани околу 4.000 нови инфекции во рок од 24 часа. Според популацијата, ова е меѓу највисоките вредности во Европа.

притисни ентер