Времето денеска сончево

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со зголемена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини. Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Видео: Бизарна борба меѓу девојка и маж од 240 килограми

Поради претешкиот боксер организаторите морала да набават специјална вага на службеното мерење.

На руската боксерска приредба „ Our Business" презентирана е досега невидена и прилично бизарна борба меѓу девојка и маж тежок дури 240 килограми.

На една страна од рингот била Дариа Маздјук, професионална боксерка тешка 63 килограми а во другите агол бил јутјуберот Григори Чистјаков , човекот кој тежи дури 240 килограми.

Дариа во својата боксерска кариера има по четири победи и порази во рингот, а на овој бизарен меч покажа дека знаењето ја победува сировата маса. Маздјук го сруши тешкиот противник на подот и со неколку удари ја заврши борбата.

Американска туристка по 3 години го вратила парчето мермер кое го земала од Рим

Туристка од САД го вратила во Рим со писмено извинување древно парче мермер украдено за време на нејзината посета на вечниот град во 2017 година.

Мермерот бил испратен до Националниот музеј во Рим, парчето древен камен било обележано со ознаката „За Сем со љубов, од Џес, Рим 2017“, пренесува ББЦ.

Пристигна парче камен со порака во која турист моли за прошка за „несовесно однесување и непочитување“.

„Се чувствувам навистина ужасно не само поради тоа што го земав парчето мермер, туку и затоа што пишував по него“, се вели во писмото.

Личноста, за која официјалните лица веруваат дека е жена по име Џес, вели дека таа неуспешно „со часови го гребела и миела мермерот“ во обид да го тргне маркерот од каменот.

Штефан Вергер, директор на музејот, за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ изјави дека вратениот камен не е особено вреден и дека најверојатно е однесен од место како Римскиот форум, кое некогаш било центар на антички Рим.

Тој истакна дека станува збор за млада девојка која пристигнала во Рим во 2017 година и го однела каменот дома како подарок на своето момче.

Фото: Меси во дресот на Марадона се прости од својот идол

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона во дуелот од 11 коло во Примера убедливо со 4-0 ја совлада Осасуна.

Мечот на Ноу Камп го одбележа капитенот на Барса, аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Меси го постигна последниот гол за Барселона во 73 минута и голот го прослави во дресот на својот идол Марадона.

Меси го соблече дресот на Барселона и во дресот на Њуелс првиот клуб на Диего Армандо Марадона со број 10 се прости од својот починат идол.

притисни ентер