Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Денеска во земјава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. 

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од пет до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во сабота под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, на места и пообилни. Во недела и понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен, на места засилен ветер претежно од западен правец.

Новиот „Ford Mondeo“ не доаѓа во Европа

Новиот „Ford Mondeo“ ( кој е претставен во Кина) нема да пристигне во Европа каде продажбата на лимузини со средна големина со години опаѓа.

Од германски „Motor1.com “ ја контактирале локалната филијала на „Ford“ и портпаролот потврдил дека називот „Mondeo“ ќе продолжи да живее само во Кина.

Како што првично е најавено пред речиси една година, „Mondeo“ со евро-спецификација во сите три каросериски изведби, ќе биде официјално повлечен во март 2022 година кога ќе се заврши производството во фабриката во Валенсија.

Инаку тоа е еден од најстарите модели во својот сегмент со оглед на тоа дека автомобилит постои веќе со децении. Називот „Mondeo“ ќе биде укинат во Европа по 30 години откако „Ford“ со него пред три децении го замени моделот „Sierra“.

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓокович купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

притисни ентер