Реагираат и на нередовна исплата на додатоците на плати за кои како што велат не се исплаќаат подолг период.
Пратениците по еден месец и покрај иницијативата на ССМ за намалување на платите од 78 % се глуви. Предлогот е функционерите да бидат на исто ниво како и работниците, а државата да не биде за едни мајка за други маќеа, вели првиот синдикалец Трендафилов.
Од синдикатот на УПОЗ најавија дека штрајковите ќе се реализираат се до исполнување на барањата, меѓу време ќе се процесуираат само итните случаи. Претседателот Дејановски вели дека испратиле амандман на ребалансот на буџетот за да се зголеми износот на пари наменети за плати според бараното зголемување од најмалку 30 до најмногу 78%.
„Разликата на платите сега во обвинителствата и судовите порасна од 1:2 или 3 работник – избран раководител, на 1: 6 или 1:7 состојба што не е одржлива.Министерството за правда и судовите не прифаќаат преговори и ние одлучивме да штрајкуваме.“- Трпе Деаноски, Претседател на УПОЗ.
За 29 септември се најавени и протести од сите правни институции на ниво од целата држава. Од УПОЗ забележуваат и за игнорантскиот однос на министертот за правда, за кој како што велат до сега не смогнал сили да се сретне со представниците на синдикатот. Просечната плата на околу 2.500 вработени во судско-обвинителската администрација изнесува 25.000 денари, а од синдикатите велат дека проблемите во институциите иако се таложеле низ годините, сега кулуминирале по 78-те % зголемените плати на функционерите.