Вработените по рамковен до крајот на јануари ќе мораат да започнат со работа

Најмногу места за нив ќе отстапи Министерството за внатрешни работи – 143.

Од почетокот на февруари, 1349 административци кои се водат како вработени по рамковен договор ќе почнат да одат на работа – уверува вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби. По десетина години од нивното формално вработување, ќе бидат распоредени во 237 државни институции.

Најмногу места за нив ќе отстапи Министерството за внатрешни работи – 143, во УЈП ќе работат 92, во правобранителство и Царинска управа по 74.

Министерство за внатрешни работи - 143

Управа за јавни приходи - 92

Царинска управа – 74

Државно правобранителство - 74

Управа за водење матични книги - 41

Министерство за надворешни работи 26

Државен пазарен инспекторат – 25

Клиничка болница Тетово – 25

Агенција за вработување – 20

Планот за нивната прераспределба го усвои Владата неделава, а ресорниот министер Груби вели дека ако не почнат да работат по оваа систематизација, ќе бидат преземени од Министерството за јавна администрација по што таму ќе чекаат трансфер за во друга институција.

Во долгата листа имало економисти, правници, но и само со завршено средно образование. Груби тврди дека оние кои не биле во земјава а земале плата, сега добиле отказ и листата била прочистена, а освен Албанци, во неа имало граѓани од повеќе етнички заедници.

Досега од овие административци на работа оделе само 44ца. За нив од државниот буџет во изминатите години се исплатија околу 70 милиони евра.

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Нуклеарната организација на ОН (МААЕ) потврди дека иранските нуклеарни локации се неповредени, по извештаите за напад во ирански Исфахан.

МААЕ, исто така, го повтори својот повик и Иран и Израел да покажат максимална воздржаност, нагласувајќи дека атомските капацитети никогаш не треба да бидат цел.

„Политика“: Годишнина од потпишувањето на Бриселскиот договор - 11 години без ЗСО

 Денеска се навршуваат 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, но Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), на чие формирање се однесуваат првите шест точки и е столбот на овој документ, сè уште не е формирана, пишува „Политика“.

За текстот на договорот, кој формално се нарекува „Прв договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, се преговараше шест месеци пред да бидат ставени три потписи на документот. Документот во име на Белград го потпиша тогашниот премиер и денешниот шеф за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, а во име на Косово - Хашим Тачи, кој беше премиер.

Третиот потпис во име на Брисел, кој учествуваше како посредник, го стави тогашната висока претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кетрин Ештон, потсетува српскиот весник.

Во Договорот од Брисел, кој има вкупно 15 точки, за Србите во Косово е наведено дека ќе имаат Заедница која ќе вклучува 10 општини со српско мнозинство јужно и северно од Ибар и ги вклучува Лепосавиќ, Звечан, северниот дел на Митровица, Зубин Поток, Партеш, Ранилуг, Ново Брдо, Грачаница, Штрпце и Клокот.

Врз основа на договорениот документ, предвидено е ЗСО да има статут, претседател и потпретседател и собрание. Другите точки од Бриселскиот договор се однесуваа, меѓу другото, со полицијата, судството, судството и локалните избори, а беа спроведени и оние чие спроведување зависеше од Белград, наведува „Политика“. /МИА

притисни ентер