Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави во петокот, Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор.

- Вработени во Министерството за финансии бараат веднаш да се започне со исплата на додатокот на плата во висина од 30 отсто за сите вработени, согласно член 9 од Законот за извршување на буџет, согласно уредбата објавена во Службен весник, од причина како што нагласуваат, сите тие ги исполнуваат условите, имаат зголемен обем на работа и сложеност во постапките.

-Во врска со доставувањето на Колективниот договор во Министерството за финансии со кое баравме да го потпише почитуваниот министер Фатмир Бесими, а кој се однесува на зголемување на платите за 30 отсто за сите вработени во Министерството и за органите во состав, информираме дека во зададениот рок до 12 февруари, немаме никаква информација дали е потпишан, ако не е, да ни се образложи од кои причини, нагласуваат тие во писмениот допис до МИА.

Протести и штрајкови најави во петокот, Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор.

- Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот да го потпише до распишувањето на изборите, доколку не го потпише ќе продолжиме после изборите со протести и штрајкови и нема да функционира Министерството за финансии. Нема да се работат експропријациите за Бехтел и Енка и нема да се исплаќаат плати за цела јавна и државна администрација, рече Даниел Михајловски, претседател на Синдикална организација на Министерството за финансии при УПОЗ.

Тој додаде дека бараат рамноправност во вреднувањето на трудот, истакна оти со потпишувањето на колективниот договор, трајно ќе се реши проблемот со платите.

Бојан Трипуноски, генерален секретар на синдикатот на УПОЗ, потсети дека бараат решавање на проблемите со кои се соочуваат вработените во Министерството за финансии, Управата за имотно правни работи и Бирото за јавни набавки.

- Решивме денес пред вас и пред очите на јавноста до министерот да доставиме колективен договор и да го повикаме да го потпише најдоцна до понеделник, 12 февруари, рече тогаш Трипуноски.

По месец и половина, откриена е причината за смртта на претседателот на Херта

Иако неодамнешниот претседател на Херта од Берлин, Каи Бернштајн почина кон средината на јануари, јавниот обвинител дури по месец и половина ги откри причините за смртта, што ја шокираше Германија.

Да потсетиме дека Бернштајн легнал една вечер и не се разбудил утрото, а бил пронајден мртов од неговата сопруга која потоа повикала брза помош. За 43-годишниот Каи, сепак немало спас.

Во меѓувреме, германската јавност излезе со информација дека Бернштајн починал од природна смрт. Со други зборови, токсиколошките и хистолошките тестови не покажале ништо сомнително. Исто така, се верува дека причина за смртта е најверојатно срцев удар.

Бернштајн беше на чело на Херта од 2022 година, а веќе е познато дека е голем поддржувач на овој клуб и дека беше еден од симпатизерите во 90-те години.

СДСМ: Ново убиство, началниците и техничкиот министер на ДПМНЕ во МВР немаат капацитет

Техничкиот министер на ДПМНЕ, Тошковски и неговите началници немаат капацитет.

Пред само неколку дена во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар.

Се уште нема разрешница за овие настани.

Ново убиство е случи и во Прилеп, каде свирепо беше убиено малолетно момче.

Што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР?

Безбедноста на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност, се наведува во партиското соопштение.

Над 100 лица се уапсени после погребот на Навални

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални додека лидерот на опозицијата беше погребан вчера во Москва и им порачаа на властите дека нема да им простат за неговата смрт.

Мајката на Алексеј, Људмила и таткото Анатолиј се наведнаа над отворениот ковчег и го бакнаа за последен пат, придружувани од звуците на мала група музичари. Илјадници луѓе дојдоа на погребот.

Јулија Навална, вдовицата на лидерот на опозицијата, му оддаде почит на својот сопруг преку X, заблагодарувајќи му се за „26 години апсолутна среќа“. "Не знам како да живеам без тебе, но ќе дадам сѐ од себе за да те направам среќен и горд на мене таму горе. Не знам дали ќе успеам, но ќе се обидам", напишала Навална, која е надвор од Русија.

Насобраните држеа цвеќе во рацете, а некои скандираа: „Русија ќе биде слободна“, „Не за војната“, „Русија без Путин“, „Нема да простиме“ и „Путин е убиец!“ Не долго откако ковчегот со телото на Навални беше ставен во земја, во Москва започнаа првите апсења. На удар на полицијата се најдоа луѓето кои скандираа против Путин и војната во Украина.

Најмалку 115 лица се приведени ширум Русија поради оддавање почит на Навални, објави ОВД-Инфо. Најголемиот број, 16 од нив, се приведени во градот Новосибирск.

Најмалку 10 лица се приведени во Москва, според ОВД-Инфо. Уште 10 лица се уапсени во Екатеринбург, додека 14 се приведени во регионот Воронеж.

Луѓе биле приведени и во Челјабинск, Омск, Владикавказ, Сочи, Санкт Петербург, Нижни Новгород, Казан и Улан-Уде.

притисни ентер