Вознемирувачко видео: Двајца штипјани брутално тепаат девојка

Вознемирувачко видео утринава се појави на социјалните мрежи. 

Двајца штипјани со клоци и тупаници брутално тепаат девојка..

На видеото може да се забележи како едниот од насилниците држи тест за бременост во раката, додека беспомошната девојка очајно моли да престанат да се иживуваат врз неа.

Чинот на екстремно насилство паралелно го вршат и двајцата, додека едниот немилосрдно ја тепа, другиот снима со телефон, и обратно.

Јавноста е згрозена од видеоснимката која стана вирална, а за која засега не е познато кога е направена. Полицијата веќе работи на расчистување на случајот, насилниците се приведени и се наоѓаат во полицкисата станица во Штип. Предмет отвори и јавното обвинителство.

Според информациите од полициската станица Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р. За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот. - информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев..

Секое насилство е за најостра осуда и треба да се пријави, реагираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од таму за Канал 5 велат дека за жал во последениот период се зголемува бројот на вакви случаи.

„Секој кој претрпува било каков вид на насилство, а посебно жртвите на семејно и родово насилство може да се обратат до Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во време на пандимјата ние работиме секој ден од 9 до 14 часот и даваме бесплатна правна помош, проценуваме поединечно по случај дали има потреба за преземање на дополнителни дејствија, поврзани сме и со другите невладини организации, кои работат на оваа тематика и имаат сервис за заштита.”изјави Јована Јовановска - Хелсиншки комитет за човекови права.

До Комитетот во изминатите месеци најчесто стигнувале пријави за извршено насилство врз жени, од нивниот сопруг, поранешен партнер, а во некои случаи и од други членови на семејството.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер