Возач на ЈСП осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа во која загина 17-годишник

51 годишниот возач на авотбусот на ЈСП кој вчера учествуваше во сообраќајната несреќа во скопско Блаце во која животот го загуби 17 годишно момче е осомничен за предизвикување тешка сообраќајна несреќа. 

Од обвинителството велат осомничениот возач не се придржувал кон прописите и за да избегне кабаст отпад и шут кој биле на десната страна од патот тој возел во спротивна насока со што го загрозил сообраќајот и ги довел во опасност другите учесници.

„Со автобусот свртел во лево за да избегне кабаст отпад, шут и друго ѓубре расфрлани по десната страна на коловозот и преминал на левата страна, односно на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока. Дејствието го сторил невнимателно, не водејќи притоа сметка за положбата, правецот и брзината на движење. Како резултат на наведениот пропуст со предниот лев дел од автобусот се судрил со автомобил “Форд галакси” со скопски регистарски ознаки, со кого управувал 17-годишник кој немал стекнато право за управување со моторно возило. “-ОЈО

Тинејџерот кој бил од село Блаце немал возачка дозвола, а во возилото со него имало уште еден малолетник на 13 годишна возраст. Возачот и сопатникот во несераќата се здобиле со тешки телесни повреди по што веднаш биле пренесени во градската општа болница Св. Наум Охридски. Директорот на болницата Небојша Настов за Канал 5 вели двете деца со тешки телесни повреди веднаш по приемот биле пренесени на операција, но 17 годишниото момче и покрај напорите на докторите им подлегнало на повредите, додека другото по операцијата е во стабилна состојба.

„ Беше со тешки повреди донесен, итно беше внесен во сала, но поради тежината на повредите пацинетот почина за време на интервенцијата... Веднаш после приемот е опериран од страна на неурохируршката екипа, се уште е во интензивна нега во стабилна состојба. Ќе остане во интензивна нега во следните неколку денови.“ - Небојша Настов - дир. на „Св. Наум Охридски“

Во сообраќајната несреќа освен автобусот на ЈСП и возилото форд галакси, учествувал уште еден авотмобил марка фолксваген голф, кој по несеќата избегал. При ударот од голфот излетале дрва, неофицијално се работи за дрвокрадци. Полицијата треага по возачот на голфот.

Најмалку три лица загинаа, а 49 се повредени во железничка несреќа во Египет

Три лица загинаа во вчерашната железничка несреќа во северниот дел на Египет, а 49 се повредени, соопшти Министерството за здравство.

Помеѓу загинатите две се деца. Несреќата се случила кога два воза се судриле во провинцијата Шаркија, на околу 80 километри северно од Каиро.

Железничка мрежа на Египет, една од најголемите земји во Африка, е застарена и чести се несреќите.

Во април 2021 година се случија железнички несреќи за помалку од еден месец, при што загинаа 40 луѓе. Во март 2023 година, четири лица загинаа, а 23 беа повредени кога воз излета од шините. /МИА

Вечер се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечер се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Во Даут пашин амам вечер ќе биде отворен Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе трае до 17 септември. На отворањето ќе бидат присутни врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на аградата „Прозарт“ за 2024 година Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори.

На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

Гости на отворањето, како што посочуваат организаторите, ќе бидат и членови на програмата „Скопје фелоушип“ - една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка од француската агенција #BAM, Лали Бернар, Јоана Јежорна-Крамаж од издавачката куќа „Познан“ од Полска, Рикардо Лопез од шпанското издаваштво „Арменија“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ од Словенија и литературниот скаут Валерија Паолини од Италија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“, Стоби Винарија, СПОНА, Умно.мк и Метрика Култура. /МИА

Фолклорна манифестација „На гости во Ханриево“

Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска напладне ќе се одржи фолклорната манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. 

На манифестацијата, што се одржува под покровителство на Општина Ѓорче Петров, три години по ред по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат богатото фолклорно наследство.

Како што велат од Општината, целта на манифестацијата е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традиција.

На годинашнава манифестација ќе учествуваат членови од детските ансамбли на: КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, Ансамбл „Керамичар“ – Велес, КУД „Димитар Беровски“ – Берово, Ансамбл „Орце Николов“ – Скопје, Ансамбл „Јонче Христовски“ – Скопје и ЕФЗ „Седум осмини“ од Скопје.

[Во реонскиот парк во Ѓорче Петров в недела на пладне ќе се одржи манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. Станува збор за фолклорна манифестација под покров]

Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров и е дел од одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“./МИА

притисни ентер