Воз со нови автомобили заглави под надвозник, штетата е милионска(ВИДЕО)

Сè уште се утврдува кој е виновен за овој неверојатниот пропуст.

Надвозникот во американскиот град Мемфис се покажа премногу низок за возот што минуваше под него, во кој имало нови автомобили Форд.

Вагоните почнаа да се заглавуваат под надвозникот, кој ги стружеше покривите и ги отвораше како конзерва. На возот му требало одредено време да застане, а штетата се проценува на дури два милиони долари.


Ноќеска регистриран земјотрес во скопското епицентрално подрачје

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска од жителите во Скопје.

Земјотресот од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, е регистриран 5 декември 2020 година, 4 минути по полноќ, чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML1.9.

Светски ден на волонтерството – 5 Декември

Светскиот ден на волонтерството – 5 Декември секоја година се одбележува со пригодни активности во движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. 

На овој ден ширум светот се организираат најразлични активности за да им се оддаде признание на волонтерите за нивниот придонес и волонтерска работа за помош и поддршка на различни категории на население кои ги помага Црвениот крст.

Како резултат на пандемијата со Ковид-19, вчера Црвениот крст организираше онлајн вебинар настан за одбележување на Светскиот ден на волонтерството под мотото „За сите наши волонтери". Претседателот Стево Пендаровски учествуваше на настанот и во име на Црвениот крст на сите волонтери им го додели Признанието насловено „За сите наши волонтери" за севкупниот придонес во обезбедувањето поддршка за различни целни групи на население погодени од пандемијата со Ковид-19 во Република Македонија.

-Дозволете ми, во името на сите граѓани да им кажам едно големо благодарам на сите волонтери за нивната пожртвуваност, одговорност и посветеност. Сево ова е посебно видливо во овие вонредни услови во кои се наоѓаме заради пандемијата на Ковид-19, кога ни се потребни сите материјални, медицински, но, пред се, човечки ресурси, порача претседателот Пендаровски.

Честитајќи го Меѓународниот ден на волонтерството, претседателот Пендаровски посочи дека волонтерите на Црвениот крст кои се вклучени во помош и поддршка на луѓето кои се во незавидна состојба како резултат на пандемијата, претставуваат мотив и инспирација за сите останати и позитивен пример што ја враќа надежта во човечноста и хуманоста.

-Денес, кога целиот свет се бори со пандемија, треба сите да покажеме солидарност и одговорност, затоа што само преку развиена колективна свест ќе постигнеме заеднички напредок, им порача претседателот Пендаровски на волонтерите од Црвениот крст и истакна дека нашата држава се гордее со сите нивни досегашни активности и придонес во унапредување на добросостојбата на сите граѓани.

Претставниците од Црвениот крст изразија благодарност до претседателот Пендаровски за неговата континуирана поддршка на сите социјални и хумани активности на нивната организација.

Организацијата „Младите можат" денеска со почеток во 13:00 часот организира онлајн настан на кој ќе се дебатира за волонтерските активности во нашата заедница, за одржливоста на волонтерските активности и можности и за тоа каква поддршка им е потребна на волонтерите. Покрај тимот на „Младите можат", ќе бидат и Ирина Јаневска претседателка на Здружението за социјални иновации АРНО и Никола Јовановски, волонтер, активист, поборник за заштита на животната средина, член на УО на „Младите можат".

Нова градинка во Општина Илинден

Во населеното место Миладиновци во Општина Илинден денеска ќе биде пуштена во употреба нова градинка со капацитет за згрижување на 90 деца.

Градинката, како што е најавено, ќе ја предадат во употреба министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски.

Новата градинка е високо енергетски ефикасен објект на површина од 540 метри квадратни.

притисни ентер