Вонредно исклучување на струјата во Киев и околината

Вонредни прекини на електрична енергија се во сила во Киев и во регионот Киев, објави Киевската електрична мрежа.

Властите прават сѐ за што поскоро да се стабилизира ситуацијата, пренесува Укринформ.

Претходно, украинските власти објавија дека ракетните напади на руските сили на 23 ноември доведоа до привремено затворање на сите нуклеарни централи и повеќето термо и хидроцентрали.

Во нападите биле оштетени и капацитетите за пренос на електрична енергија. Масовните напади на руските сили врз енергетскиот систем на Украина започнаа на 10 октомври, поради што земјата се соочи со неколкучасовен прекин на електричната енергија.

Шолц: Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина

Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина, потврди вчера  германскиот канцелар Олаф Шолц, додека Киев го повикува западот да добие уште повеќе оружје за да се спротивстави на руската инвазија.

По неколку недели двоумење, Берлин во средата одлучи да испрати 14 тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина и да им дозволи на другите земји да го сторат истото.

ЕСЕ: Во Македонија сè уште не постои организиран скрининг за рак на грлото на матката

 Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ бара итно зголемување на буџетот на програмата за скрининг на ракот на грлото на матката.

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ бара итно зголемување на буџетот на програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, зголемени активности за едукација на жените, како и предвидување на посебни активности на ниво на заедница за зголемен опфат на жените од ранливите групи, со цел да се намали стапката на откривање на ракот на грлото на матката во напредна фаза и да се намали смртноста кај жените од ова заболување.

Во месец јануари посветен за борба против ракот на грлото на матката, од здружението потсетуваат дека Владата го намалила буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2023 година за два милиони денари во однос на 2022 година.

-На крајот од месец јануари Програмата за рана детекција на малигни заболувања сè уште не е објавена во Службен Весник на РСМ, што значи дека сè уште не се знаат ниту планираните активности, ниту целната возрасна група на жени кои треба да бидат опфатени со скринингот, посочуваат од здружението.

ЕСЕ информира дека во државата секоја година умираат околу 40 жени од рак на грлото на матката, додека над 350 жени годишно се лекуваат на Универзитетската клиника за онкологија и се подложени на агресивни третмани со хемотерапија и зрачење поради тоа што болеста е откриена во напредна фаза.

-Поразително е сознанието дека сите овие смртни случаи и лекување со агресивни третмани може да се спречат, доколку промените бидат навремено откриени. Но државата наместо да ги зголемува финансиските средства и да го зголемува опфатот на жените со програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, бележиме кратење на буџетските средства за оваа намена, истакнуваат од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Оттаму наведуваат дека поради недоволните буџетски средства и несоодветната организираност во 2021 година со скрининг на рак на грло на матката опфатени биле само 22 отсто од жените од целната возрасна група, што, како што велат, е многу далеку од опфатот во државите на Европската Унија кој изнесува над 75 проценти од жените.

Од Здружение ЕСЕ нагласуваат дека во 2022 година Министерството за здравство го укинало праќањето на покани до жените за да направат гинеколошки преглед со ПАП тест и ја вовело интернет платформата skrining.mk за жените сами да се пријавуваат за преглед со ПАП тест.

-Но се поставува прашањето дали оваа мерка претставува унапредување или уназадување на Програмата за скрининг. Согласно на изјавите од Министерството за здравство во 2022 година на само 12 194 жени им е направен ПАП тест по пат на закажан преглед преку интернет платформата, што претставува само 10 отсто од целната возрасна група, велат од здружението.

-Закажување на прегледи по дигитален пат претставува особена пречка за ранливите категории на жени. Истражувањето кое го спроведе ЕСЕ во 2022 година покажа дека само 24 проценти од жените од руралните средини и 16 отсто од жените Ромки имаат потполна можност самостојно да закажат гинеколошки преглед преку интернет страна. На оваа состојба влијае можноста за пристап до интернет, пристап до дигитален уред, како и нивото на дигитална писменост, вели Борјан Павловски од Здружение за ЕСЕ.

Џонсон изјави дека Путин, му се заканил пред почетокот на инвазијата на Украина

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин лично му се заканил пред почетокот на инвазијата на Украина.

„Во еден момент ми се закани и рече: 'Борис, не сакам да те повредам, но со една ракета би траело само една минута', или така нешто слично“, вели Џонсон во документарна емисија на ББЦ .

„Ако се суди според опуштениот тон и релаксираноста која тој се чини ја имаше тој ден, веројатно едноставно си поигруваше со моите обиди да го натерам на преговори“, вели Џонсон.

Поранешниот британски премиер, како и други премиери, правеа обиди непосредно пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година да го одвратат Путин од намерите. Ваквите изјави се дадени во тој период.

Борис Џонсон во јули 2022 година под притисок на неговата партија се повлече од функцијата .

притисни ентер