Вонредна состојба во Кина поради 28 нови случаи на корона

Кинеска провинција, во која живеат повеќе од 37 милиони луѓе, денеска  прогласи вонредна состојба за да се запре ширењето на коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата во 2019 година, Кина успешно го контролира ширењето на болеста, но најновите податоци за бројот на заразени доведоа до нови одлуки за локално затворање, ограничувања на патувања и тестирање на десетици милиони луѓе.

Во северните региони на земјата, повеќе од 20 милиони луѓе во моментот се опфатени со разни мерки за забрана.

Владата на северо-источниот регион Хајлонгџијанг, кој што има 37,5 милиони луѓе, прогласи вонредна состојба, предупредувајќи ги жителите да не ја напуштаат покраината освен ако има итни случаи и да откажат конференции и собири.

Оваа одлука е донесена врз основа на 28 нови случаи на ковид-19, вклучувајќи 12 асимптоматски.

Како резултат на појавата на новоинфицирани лица, од понеделник е на сила затворањето во градот Суихуа, а властите најавија рестриктивни мерки за помалите околни области.

Во другите градови во провинцијата, местата за забава се затворени, објавија државните медиуми.

Иако бројот на заразени е мал во споредба со другите земји, Кина сè уште се обидува да го спречи ширењето на вирусот, особено поради скорешната прослава на кинеската Нова година, кога стотици милиони луѓе планираат да патуваат.

Се стравува дека овие нетрпеливо очекувани патувања, кои често се единствената можност за семејни собири, ќе бидат забранети доколку не се стави заразата под контрола.

Кинеската национална комисија за здравство денеска објави 115 нови случаи на коронавирус.

Во провинцијата Хебеи има 90 заразени, па властите минатата недела започнаа масовно тестирање и одлучија да ги затворат и прекинат сообраќајните врски, училиштата и продавниците во градот Хебеј Шиџијажуанг, новиот епицентар на епидемијата.

Соседниот град Ксингтаи, во кој живеат 7 милиони луѓе, е под блокада од минатиот петок.

Фото: Се соблече Елена Китиќ и покажа зошто е сон на секој маж

Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Елена Китиќ, ќерката на фолкерот Миле Китиќ, важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата. Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Таа моментално престојува на егзотична дестинација и објавува фотографии од плажа на кои се гледа нејзиното извајано тело.

„Каква риба“, „Убавица“, „Леле“, „Најубава си“, „Преубава, прубава“ - ова се само дел од многуте коментари на фановите.

УЕФА исфрла неколку клубови од евро-натпреварите?!

Шест клубови се под закана од тригодишна суспензија во евро-куповите од страна на УЕФА поради финансиски долгови.

Порто, ЦСКА Софија, Бетис, Санта Клара, Спортинг и Монс Калпе од Гибралтар имаат рок да ја избегнат суспензијата до јануари идната година. Најдолжен е Порто со 300 000 евра, Спортинг и Бетис мораат да платат по 250 илјади, ЦСКА и Санта Клара по 75.000 а Монс Калпе 15. Сериозна парична казна но без закана за суспензија имаат и Астана со 150.000 евра и романски Клуж со 200.000.

Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари - сопругата го поддржала

Актерот Џорџ Клуни изјави дека еднаш му биле понудени 35 милиони долари за еден ден работа, но тој ја одбил понудата откако заклучил дека не вреди.

Оскаровецот и продуцент ја раскажа анегдотата откако еден новинарот за време на интервјуто за „Гардијан“ го праша дали некогаш помислил дека има доволно пари.

„Па, да. Ми беа понудени 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама за авиокомпанија“, рече тој, додавајќи дека се консултирал со Амал, неговата сопруга, и одлучиле дека не вреди. Авиокомпанијата била поврзана со како што вели тој, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

„Си помислив: Па, ако ми одзема една минута сон, не се исплаќа“, изјави оскаровецот.

Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, тој има заработено над 40 милиони долари за својата рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила „Casamigos“ беше продадена пред четири години за 1 милијарда долари, објави „Инсајдер“.

притисни ентер