Мицкоски: Добив информации за моја елиминација која ја нарачува власта

Интегрален текст од прес-конференција на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Ова што вечерва ќе го говорам го кажувам со ладна глава и со повик за смиреност во овие тешки времиња.

Вечерва се случи тежок инцидент кој по сите параметри е класична полициска монтажа чија цел беше или убиство на некој недолжен граѓанин, мајка со дете, пензионер, млад човек или мое убиство.

И ова требаше да личи на меѓуетнички конфликт, а всушност не е ништо повеќе од борба за власт, фотелји и функции на партиите кои се дел од владата.

Ова нема врска со меѓуетничка нетрпеливост, туку единствено борба за гола власт.

Меѓу другото подолго време добивам неформални информации кои говорат за моја елиминација која ја нарачува власта. Не придавав значење

Вечерва видовме најмалку две лица со огнено оружје кои беа подготвени тоа да го направат. Полицијата ја немаше на потребното место, и мистериозно се појави помала група од 10тина луѓе кои беа наоружани со огнено оружје. Тие дури направија и повеќе истрели кои само за чиста среќа не завршија во илјадниот народ кој излезе мирно да протестира против оваа власт.

Сакам да потсетам дека ваквото сценарио ќе повторам ваквото сценарио го најави власта. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии ако не поминел предлогот кој опфаќа асимилација и бугаризација на Македонија.

Ковачевски и Спасовски во континуитет градат милитантен контекст на создавање тензии и поделби. Најава за молотови коктели, жртви и слично. И тоа откако не им успеа а тоа беше сценариото за уфрлање на полициски инфилтрати кои ќе предизвикаат инциденти, а за кои подоцна ќе биде обвинет мирниот и достоинствен народ. Вечерва го достигнаа врвот во својата монструозност каде требаше да се загуби човечки живот, еден или повеќе за да тие останат на власт и што е пострашно да продолжат да крадат.

Овој пиштол кој го гледате на фотографијата и видете го народот кој не му се плаши е свртен кон народот. Тоа е пораката од власта. Оваа слика јас ви ветувам дека нема да ја заборавиме.

Тој беше насочен за губење на нечиј невин човечки живот.

На овие слики кои ги гледаме не е најважна етничката припадност , туку гледаме криминалец, хушкач на власта кои заедно со власта оди против народот.

И немојте да се обидувате да кажувате дека луѓево се припадници на една или друга политичка опција. Тие имаат една страна, а тоа е страната на криминалот, и тоа дека имаат тесни врски со власта за која одработуваат.

Ќе ми дозволите една директна порака до албанците... Оваа борба е заедничка, наша, за нашата заедничка иднина, каква што била низ вековите, и каква што ќе биде во заедничката иднина која ќе ја градиме заедно во достоинствена Македонија.

Бидејќи нема да има колективна среќа ако македонскиот народ биде понижен.

Порака до Македонците, да останеме мирни и достоинствени, и грчевито, храбро да се бориме за нашата иднина. Знам колку е тешко и какви времиња носиме со себе. И против што се бориме.

Сакам да ве уверам дека и покрај тоа што има хушкачи помеѓу Македонците, луѓе кои што лиферуваат на дневна основа лажни вести сакајќи да ги манипулираат Македонците нема да отстапам, ниту да се повлечам. Ќе одиме до крај. Уште побројни, помасовни продолжуваме утре во 19 часот пред владата, а јас заедно со вас ќе го предводиме повторно победничкиот марш за слободна Македонија.

Нема чекор назад. Затоа што ќе одиме напред со народот на Македонија, силно, мирно и со крената глава.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Екс шампионка на Вимблдон ќе заработува со провокативни фотки!!

Од шампионка на Вимблдон до сајт за возрасни!

Поранешната руска тенисерка Софија Жук отвори профил на платформата „Onlyfans“, каде планира да заработува со прикачување на своите жешки фотографии.

Пред осум години атрактивната Софија многумина ја споредуваа со нејзината многу попозната и трофејна сонародничка Марија Шарапова.

Софија Жук стана јуниорска шампионка на Вимблдон во 2015 година, победувајќи ја сонародничката Ана Блинкова со 7:5, 6:4 во битката за трофејот.

Тогаш имаше само 16 години, познавачите на белиот спорт и предвидуваа голема кариера и ја споредија со славната Марија Шарапова и по талент и по убавина.

Но потоа убавата тенисерка започна често да се повредува , имаше огромни проблеми со грбот, поради што беше принудена да ја заврши кариерата многу рано уште во 2019 година.

- На моето тело му требаше одмор. Мојата состојба беше толку лоша што дури и лекарите не сакаа да ме лекуваат. Грбот ми се чувствуваше како да имам 60 години - изјавила Софија.

Имаше само 20 години кога ја заврши кариерата во тенисот, најдобриот пласман во сениорска конкуренција и беше 116-то место, а во кариерата од белиот спорт заработи околу 400.000 долари. Сега Софија одлучи да живее само од убавина и да им наплаќа на фановите за своите фотографии.

- Се занимавам со манекенство, но сакам да се занимавам и со нешто друго на страна. Дојде моментот што го чекавте. Отворив сметка на „Onlyfans“ – открила Жукова.

Сепак, една работа никогаш нема да ја направи. Нема намера да се сликате целосно голи.

„Flightradar“ во еден ден следен рекордни над 250 000 летови

„Flightradar“ сними неверојатна сцена на небото.

Интернет сервисот „Flightradar“ кој служи за следење на авионите во реално време преку нивните транспондери ADS-B, се пофали со рекордот.

Имено, минатиот четврток тие следеле вкупно 251.829 летови, што е првпат да забележат повеќе од 250.000 летови во еден ден.

Бидејќи на северната хемисфера започна летната туристичка сезона, се очекува наскоро овој рекорд повторно да биде соборен.

Голем број твитерџии која ја видела објавата на „Flightradar“ забележале „дупка“ на територијата на Украина, каде поради воени операции нема прелети на цивилни авиони.

Украина целосно го затвори својот воздушен простор за цивилни авиони на 24 февруари 2022 година, денот кога започна нападот на Русија, а повремено се зборуваше во јавноста дека некои цивилни летови може да бидат обновени, што не се случи.

Лудост-Жени се молат пред голема златна вагина, а мажите пред олтарот со голем пенис!

Контроверзни олтари за молитва на верници во Тајланд. Се молат пред златни вагина и пенис?!

Верниците во еден будистичкиот храм во провинцијата Након Рачасима во Тајланд се молат пред џиновската златна вагина.

Како што олтарот со огромната вагина добиваше голема популарност, верниците изградиле и олтар со голем пенис во храмот.

Мажи, будистички верници, сега доаѓаат во храмот за да се молат.

Големата вагина на олтарот е изработена од злато, а околу неа има осум мали женски полови органи, исто така од злато.

Секој ден жените клечат и се молат за плодност, среќа и да најдат маж, пред олтар висок 1,2 метри на женски полов орган.

Сместено е под дрво манго, а до него е змија со седум глави, која го „чува“ светиот женски полов орган. Големата вагина ја направила будистичката калуѓерка Наовараткочапорн Симетавонг, т.е. Мајка Брамин, со цел да ги прочисти жените од лошата среќа предизвикана од сторените гревови.

- Тука правиме церемонии за правење лекови за несреќните жени, особено оние кои абортирале. Мислам дека треба да ги почитуваме гениталиите бидејќи тие го претставуваат потеклото на животот и изобилството во светот. Не е ништо чудно, ниту необично – изјавила мајката Браман.

Откако е поставен олтарот со вагината, верниците постојано доаѓаат да и се молат. Секоја посета се наплаќа по околу 14 евра.

Многу брзо олтарот со огромна вагина добил голема популарност, по што храмот со помош на верниците изградил и олтар со голем пенис во ова будистичко светилиште.

На него има релјеф на машкиот полов орган во злато, а околу него осум мали пениси, исто така во злато. Мажи, будистички верници, сега доаѓаат кај олтарот да се молат.

притисни ентер