Вонредна прес-конференција на Арбен Таравари како претседателски кандидат

Вонредна прес-конференција вечерва одржа д-р Арбен Таравари, во Тетово, како како претседателски кандидат на претстојните избори од редовите на албанската опозиција.

“Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна:

1. Имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори.

2. Сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем.

Како што е познато, Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот.

Затоа, мојата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери. Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи:

1. Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот

2. Отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик

3. Изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори.

Ова е големата вест! На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции.

Ги повикувам Албанците и ДУИ, која се уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура.

Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија.”, се наведува во соопштението од кабинетот на Таравари.

Успешно лансирани 53 сателити од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток

Педесет и три сателити од Русија и од странско производство беа успешно лансирани рано утринава од космодромот Восточни во областа Амур на рускиот Далечен Исток, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Во соопштението се наведува дека ова е рекорд и дека во орбитата успешно се лансирани 49 руски, еден руско-кинески, еден руско-зимбабвеански и два ирански сателити.

Амбасадорот на Иран во Москва, Казем Џалали, вчера објави дека Русија денеска ќе лансира два ирански сателити во орбитата со помош на ракета Сојуз. Џалали на платформата „X“ напиша дека, како дел од продолжувањето на развојот на научната и техничката соработка меѓу Иран и Русија, во денеска ќе бидат лансирани два ирански сателити „Ковсар“ и „Ходод“ во земјината орбита оддалечена 500 километри.

Иранскиот приватен сектор е одговорен за развојот на сателитите „Ковсар“ и „Ходод“, што е негово прво значајно достигнување, објавија минатиот месец иранските медиуми. Русија го лансираше иранскиот истражувачки сателит Парс 1 во вселената во февруари оваа година со помош на ракета Сојуз од космодромот Восточни.

СДСМ:До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ

До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи .

Усвојување на предлог Законот на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи на храна значи месечна заштеда за граѓаните и до 2.000 денари.

Со предлог Законското решение на СДСМ се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти.

Бидејќи учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари значително ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.

СДСМ ја разви оваа мерка во консултации со експерти и бизнис секторот и бенефитите ќе бидат за граѓаните а нема да ги оптоваруваат компаниите.

За спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски.

После еден месец примена владината мерка за замрзнување на маржите не донесе никаков ефект. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека просечната плата се намали за 1.000 денари.

СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат законот. ВМРО-ДПМНЕ да не води политички инает врз грбот на граѓаните и наместо постојано да одбива добри законски решенија предложени од опозицијата да се одважи и да ги поддржи.

Скопје, 05.11.2024

СДСМ

Северна Кореја истрела ракета со краток дострел

Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета со краток дострел кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска.

Пет дена пред денешното лансирање, Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета.

- Во очекување на нови лансирања, нашите вооружени сили го засилија надзорот, соопшти генералштабот на јужнокорејската војска, додавајќи дека споделува информации со Јапонија и САД.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба пред новинарите во Токио потврди лансирање на „неколку балистички ракети“.

притисни ентер