Вонреден коалициски совет во Софија за Македонија

Односите со Македонија ќе бидат главна тема на вонредниот совет на коалициските партнери во бугарската Влада што треба да се одржи вечер во Софија на барање на премиерот премиерот Кирил Петков, јави БНР.

Се очекува Петков да им објасни на своите партнери зошто побарал од претседателот на Бугарија, Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје.

Петков најави свикување состанок на коалицискиот совет при посетата на Рим и Ватикан на 24 мај, како и информација од бугарското МНР за текот на разговорите со Македонија.

Во пресрет на вечерашниот состанок, дел од партнерите во Владата се изјаснија дека нема да поддржат промена на позицијата на Софија кон Скопје и тргање на ветото за ЕУ.

Станислав Балабанов од Има таков народ на Слави Трифонов, изјави дека ќе слушнат што ново има да каже Петков, но нивниот став е јасен и базиран на позицијата утврдена со декларација од 44-то Народно собрание и на претседателскиот советодавен совет.

И потпретседателот на бугарското Собрание, Кристиан Вигенин, член на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и поранешен министер за надворешни работи, изјави дека Бугарија во моментов нема причина да го укине ветото за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ, бидејќи не бил постигнат никаков напредок.

Според него, неприфатлив е ставот на бугарскиот премиер Петков да се свика ново заседание на Советот за национална безбедност за преговорите со Македонија, само за да се види дали има некаков позитивен план за развој на односите, бидејќи не може само „да се седи од двете страни на границата и да се чека нешто да се случи".

– Немаме причина да кажеме дека треба да се укине ветото. Ако ништо не се случи, нема шанси да го укинеме ветото. Ние мора да ги оствариме нашите цели. Тоа е ставот на БСП, додаде Вигенин.

Ќерката на Пол Вокер: Абортирав во 2020 година, имав среќа што најдов добар доктор

Медоу Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, проговори за абортусот што го доживеала во 2020 година.

Медоу реши да проговори на оваа тема по одлуката на Врховниот суд за абортус, со која беше поништено федералното право на абортус, воведено со пресуда стара 50 години.

Медоу на Инстаграм откри дека абортирала за време на пандемијата, пред две години.

„Денес беше голем чекор назад во историјата, длабока неправда ги погоди жените ширум Соединетите држави. Има безброј жени кои се мачеа со одлуката да направат абортус. И јас се борев со тоа во 2020 година. Кога светот подлегна на пандемијата, јас барав абортус“, напиша 23-годишната девојка.

„Тоа е многу приватно и лично искуство, такво и треба да биде“, вели таа, додавајќи дека „имала среќа да наиде на добар доктор кој ја поддржувал во текот на целиот процес“.

„Да знаеш дека сега уште повеќе жени нема да имаат можност да бараат безбеден абортус и да донесат одлука за нивното тело го крши срцето. Во свет кој постојано ги маргинализира жените, ова изгледа како најголемиот напад врз нив. Забраната за абортус не ги спречува абортуси, спречува безбедни абортуси“, заклучи таа.

По објавата таа наиде на голем број негативни пораки.

"Количината на омраза што ја добив по оваа објава е неверојатна. Престанете да ме следите ако не се согласувате со мене. Не останувајте таму и пишувајте ужасни работи", им порача таа на хејтерите.

Коза активирала нагазни мини во Запорожје, ранети 40 Руси

Најмалку 40 руски војници се повредени откако украинска коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски „Телеграф“.

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, ги активирала експлозивните направи.

Козата предизвикала верижна експлозија.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руски војници поставувале мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и извршила верижна експлозија во која се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.

Се проценува дека се ранети 40 војници. Животното е наречено „Козата на Киев“, а судбината на козата засега не е позната.

Извор: Телеграф

Штрајкот на ССМ во регионите погодени од невремето ставен во мирување

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

– По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето, како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените, информира за МИА од ССМ.

притисни ентер