Волонтирањето во Македонија е се попопуларно

Младите во Македонија се почесто волонтираат и се приклучуваат во волонтерските организации, а се зголемува и бројот на луѓе од нашата земја кои се пријавуваат за волонтирање во странство.

Преку организациите овозможено им е волонтирање во различни земји низ Европа, па на тој начин младите се запознаваат и со културата и јазикот во државата во која се ангажирани.

Зошто е добро да се волонитра, е прашање на кое не може да се даде еден одговор, а од волонтерските здруженија сметаат дека човекот треба да даде дел од себе за општеството во кое живее.

„Волонтирањето е неисцрпен извор на инспирација, нови познанства и пријателства. Знам дека многу млади се активни и се надевам дека поголем дел од нив ќе се вклучуваат што повеќе во волонтерски активности. Сметам дека човекот треба да посвети дел од своето време за општеството“- Андреј Наумовски, волонтерски центар-Скопје.

На младите волонтери им е потребен лидер кој ќе биде посветен и ќе ги насочи за нивните обврски. Проблем може да настане, сметаат познавачите на оваа дејност, во моментот кога во граѓанските организации има многу волонтери, но нема кој да ги води.

„Секој волонтер бара внимание. Треба да има волонтерски координатор во секоја организација кој ќе врши координација. Најчестата грешка што се прави е кога имаме наплив на волонтери и нема кој да ги менаџира“.-Златко Талевски, МКЦ Битола.

Освен испраќање на волонтери од Македонија во странство, и нашата земја е популарна за волонтирање на млади луѓе кои доаѓаат од различни европски држави како Турција, Финска, Франција, Белгија, и Германија, кои остануваат и до една година во Македонија.

Дека волонтерството е благородна дејност покажува и примерот за учениците волонтери од Тетово, кои собраа свои средства за реновирање на детското одделение во Клиничката болница во градот под Шара.

Се проценува дека околу 15 отсто од работоспособното население е вклучено во одредена неформална волонтерска активност, која не подразбира злоупотреба на трудот или неплатена работа.

Волф ги кажа кандидатите од кои ќе ја бира замената за Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека размислува за четири кандидати кои се потенцијална замена за Британецот Луис Хамилтон во 2025 година, пренесува „planetf1.com“.

- Оваа одлука нема да биде донесена во наредните недели или месеци. Сакам да ја следам ситуацијата на пилот-пазарот. Верстапен? Да, размислувам и за него, се гледа на нивото на неговите настапи. Но, не би сакал да ги намалувам шансите на другите, рече Волф.

Според изворот, покрај за Верстапен, станува збор за шпанските возачи Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Карлос Сајнц од Ферари, како и за младиот Италијанец Андреа Кими Антонели, кој се натпреварува во Формула 2.

Хамилтон ќе му се приклучи на Ферари следната сезона. Тој ќе го заземе местото на Карлос Сајнц.

Триесет и деветгодишниот Британец вози за Мерцедес од 2013 година.

Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

 Манчестер сити би можел да остане без дефанзивецот Кајл Вокер за неделниот натпревар од Премиер лигата против Арсенал.

Според „Sky Sports“, Вокер ќе биде подложен на проценка на тетивата. Првично се мислеше дека проблемот не е премногу сериозен, но се чини дека тоа не е така.

Во Сити исто така не се сигурни дали Џон Стоунс и Мануел Аканџи ќе бидат способни да играат.

Манчестер Сити ќе му гостува на Арсенал на 31 март во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата.

Арсенал е лидер на табелата со 64 бодови, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, Манчестер сити е трет со 63.

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани. 

- Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска, апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје

Маратонот ќе се одржи 6 октомври со почеток во 8 часот.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според времето кое ќе го одберат при процесот на

пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

притисни ентер