Европската унија потпиша договор со АстраЗенека за 400 милиони дози вакцина, а компанијата во меѓувреме објави дека ќе биде одложено производството иако вакцината сè уште не е одобрена на ниво на ЕУ. Официјални претставници на ЕУ и се заканија на АстраЗенека дека ќе ги тужат за кршење на договорот доколку дозите произведени во Велика Британија не бидат пренасочени кон Европската унија.
Комесарката за здравство, Стела Киријакидес ги отфрли аргументите дадени во вчерашното интервју од извршниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сориот, дека во договорот има одредба според која компанијата ќе стори се за да ги исполни своите обврски, но дека не е обврзана со специфични временски ограничувања и рокови за испорака на вакцините.
"Таквиот став не е точен ниту прифатлив. Плативме однапред за да се осигуриме дека компанијата се обврзува да произведе одредена количина на дози на вакцините дури и пред одобрувањето за употреба. Јас ја отфрлам логиката " прв дојден, прв услужен ", што може да се користи во месарница во соседството, но не кога станува збор за потпишани договори “, рече комесарката.
Според извори на ЕК, на АстраЗенека и е одобрен износ од 336 милиони евра, од кои голем дел се веќе исплатени.
Киријакидес рече дека компанијата склучила договор за испорака на вакцината од своите четири производствени погони, два во Велика Британија и два во ЕУ.
„Нема никаква приоритетна одредба во договорот и нема хиерархија“, рече таа.
Утрово се појави информација дека претставник на компанијата нема да дојде ниту на договорената средба со претставници на ЕУ. Сепак, компанијата соопштила дека овие тврдења не се точни и дека АстраЗенека „ја прифати поканата за состанок со Управниот одбор на Европската комисија подоцна во текот на денот“.
„Ја повикувам АстраЗенека да биде целосно посветена на градењето доверба, да обезбеди целосни информации и да ја исполни својата договорна, социјална и морална обврска“, рече комесарката.
ЕК исто така побара од компанијата дозвола за објавување на потпишаниот договор, кој е заштитен со одредба за доверливост.
Од друга страна, Сориот ги повикува европските влади да не бидат толку чувствителни. Тој тврди дека лошо реагираат под стрес.
"Владите се под притисок. Секој е малку раздразлив или емотивен".
Тој истакна дека неговиот тим работи дење и ноќе за да исправи многу проблеми со производството на вакцините, кои тој ги нарече „детски болести“.
Тој рече дека производството „во основа заостанува два месеци во споредба со местото каде што сакаме да бидеме“, а делумно ја префрли одговорноста кон ЕУ поради „доцното потпишување на договорот“.
Договорот со Велика Британија бил потпишан три месеци пред договорот со ЕУ, што им дало повеќе време за да ги исправат грешките.
Проблемите во „зголемувањето“ на производството на вакцини имале двата погона, еден во Холандија и другиот во Белгија, рече тој.
„Комплицирано е, особено во раната фаза кога треба да се справите со секакви тешкотии“, рече тој.
„Веруваме дека ги решивме тие прашања, но во основа заостануваме два месеци од местото каде што сакаме да бидеме.
"Имавме и такви првични проблеми во синџирот на снабдување во Велика Британија. Но, договорот со нив беше потпишан три месеци пред договорот со ЕУ за вакцините. Значи, имавме дополнителни три месеци со Велика Британија за да ги решиме сите проблеми."