Во земјава активни 19.104 случаи со Ковид-19, дневно во светот по три милиони новозаразени

Лесното пренесување на новата варијанта на Ковид-19 – омикрон, како во светот, така и кај нас, продонесе за драстично зголемување на бројот на новозаразени. 

Според последните податоци во земјава се активни 19.104 случаи. Од почетокот на пандемијата досега се направени вкупно 1.727.856 тестирања, дијагностицирани се 250.876 заболени, оздравеа 223.606 пациенти, а починаа 8.166 лица.

Министерот за здравство Беким Сали, околу најавите на промените во Комисијата за заразни болести, нагласи дека тие промени ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав со нови професионални кадри од повеќе области, посочувајќи дека во тек се дискусии за тоа прашање.

Професионалното работење на Комисијата за заразни болести, посочи министерот, е од најголема важност, а одговорот кон потребите на граѓаните врвен приоритет.

– Апсолутно го разбирам интересот на јавноста за натамошните чекори поврзани со составот на ова тело, бидејќи околностите бараат засилено и координирано дејствување врз основа на стручни и реалистични проценки. Во оваа Комисија веќе има доста искусни професионалци во своите области, а натамошните чекори ќе подразбираат надградба, усовршување и професионализација. Целта на овие мерки е секако намалување на бројот на заразени лица, како и воопшто заштита на јавното здравје, во најдобар интерес на граѓаните, додаде министерот Сали.

Имено, повеќе од три милиони новозараени со коронавирус дневно биле пријавувани во просек во светот помеѓу 13 и 19 јануари, повеќе од петпати отколку на крајот на ноември кога се појави сојот Омикрон.

Во изминатите седум дена во просек биле пријавени 3.095.971 случај на ден, што е зголемување за 17 отсто во однос на претходната недела.

Ширењето на сојот омикрон, предизвика нагло забрзување на пандемијата во светот во последниве недели: сегашните бројки се околу 440 проценти повисоки од 569.000 случаи дневно пријавени во просек помеѓу 18 и 24 ноември 2021 година, кога омикрон сојот на коронавирусот беше откриен во Јужноафриканската Република и Боцвана.

Тековните податоци се значително повисоки од бројките во претходните бранови на Ковид-19 во светот. Пред појавата на омикрон, рекордот беше 816.840 случаи на ден кои беа пријавени во просек помеѓу 23 и 29 април 2021 година.

Во моментов, најголем пораст на инфекции има во Азија (385.572 случаи на ден во просек во последните седум дена, што е за 68 проценти повеќе од претходната недела), Блискиот Исток (89.900 заразени дневно, +57 проценти) и Јужна Америка и Карибите (397.098, +40 проценти).

И бројот на смртни случаи во светот моментално е во пораст (7.522 смртни случаи дневно во просек во последните седум дена, што е за 11 отсто повеќе од претходната недела) и тој број е поголем од бројките објавени кон крајот на ноември.

Тешките форми на болеста, исто така, се чини дека се поретки кај омикрон отколку кај делта, варијанта која претходно доминираше. Во Велика Британија, на пример, бројот на нови инфекции се зголеми за повеќе од 330 отсто во просек помеѓу крајот на ноември и почетокот на јануари. Во исто време, бројот на пациенти на респиратори не се зголеми.

Вчера грчкиот весник „Та неа" објави дека најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани.

Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега.

Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два-три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света Гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари.

Според „Та неа", но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат.

По изјавите на монах од Света Гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу смртни случаи, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

Бројот на заразени за зголемува и секоја земја презема различни мерки, па така австрискиот Парламент вчера изгласа задолжителна вакцинација на возрасните против Ковид-19 од 1 февруари.

Австрија е првата земја во Европа која воведува задолжителна вакцинација. Пратениците гласаа за задолжителна вакцинација, што ќе важи за сите жители на возраст од 18 и повеќе години. Исклучок се бремените жени, лицата кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини или кои закрепнале од инфекција со коронавирус во последните шест месеци.

До средината на март е планиран преоден рок без казни, а потоа високи казни до 3.600 евра.

Од друга страна, британскиот министер за здравство Саџид Џавид, нагласи дека Велика Британија мора да научи да живее со Ковид-19, бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш.

– Мораме да научиме да живееме со него. За жал, луѓето умираат и од грип: во тешка година со грип, за жал може да изгубите околу 20.000 животи, но затоа не ја затвораме целата земја. Ковидот нема да замине. Ќе биде меѓу нас многу, многу години, можеби засекогаш, и мора да научиме да живееме со него... Мислам дека сме лидери во Европа во транзицијата од пандемична во ендемична и водиме во покажувањето кон светот како може да се живее со Ковид-19, истакна министерот.

Британскиот премиер Борис Џонсон завчера најави дека следната недела ќе ги укине повеќето рестриктивни мерки воведени за контрола на омикрон сојот на коронавирусот во Англија, како и дека во март планира да ја укине изолацијата за луѓето кои биле позитивни на вирусот.

Од 27 јануари носењето маска веќе нема да биде задолжително, нема да биде официјално препорачливо да се работи од дома, а ковид потврдите веќе нема да се бараат за влез во ноќни клубови и одредени поголеми собири, изјави конзервативниот лидер во Парламентот.

– Со оглед на фактот дека ковидот станува ендемична болест, ние треба да ги замениме законските обврски со упатства и препораки, истакна Џонсон.

Полицајци добиле повик на гробишта- таму затекнале жена, која ги „замрзнала“ (ВИДЕО)

Гратчето Лулес, во аргентинската провинција Тукуман, го „потресе“ необичен настан кој е снимен пред неколку дена.

Полициската патрола добила дојава дека „непознато лице ноќе се шета во близина на гробиштата“, па решиле да проверат за што се работи. Видеото од интервенцијата се појави на мрежите и започна дебата за постоењето на паранормалниот свет.

Кога пристигнале на гробиштата, полицајците затекнале непозната жена со долга црна коса како бесцелно одела, облечена во „излитена“ облека.

„Таа не сакаше да комуницира со нашите полицајци. Испушташе чудни звуци и во еден момент клекна пред нив“, соопштија властите.

Жената продолжила да си зборува, а потоа почнала да вреска. Таа потоа тргнала во правец на локалниот каменолом, пишува Мендоза пост.

Медиумите објавија дека полицијата на крајот успеала да воспостави комуникација со жената која наводно рекла дека „го бара синот“.

Локалните власти остануваат цврсто затворени за информаци додека не заврши истрагата. Во исто време, локалните гробишта во Лулес се најдоа во центарот на вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Како што можете да замислите мислењата се поделени.

Додека некои веруваат дека се работи за дух, или некаков вид привидение, други се прашуваат од кога духовите имаат сенка и заклучуваат дека на жената ѝ е потребна медицинска или психијатриска помош.

Тамара починала додека 12 часа чекала доктор да ја прегледа во Итната помош во Британија

Тамара Дејвис (31) починала откако 12 часа била оставена во инвалидска количка во болницата во Сасекс во Велика Британија каде таа и нејзиното семејство биле сведоци на сцени „налик на војна“.

Семејството жената која починала откако поминала 12 часа на болничка количка рече дека одделението изгледало како „сцена од воена зона“. Тврдат дека 30 пациенти со видливи повреди лежеле на носилки и во ходниците.

„Таму беше апсолутен масакр. Беше како медицинска воена зона. Имаше 30 луѓе на колички кои чекаа соодветен третман и повеќе луѓе на подот и седиштата. Беше тотален хаос“, рече мајката на Тамара.

Вечерта на 10 декември 2022 година, Тамара Дејвис била однесена со автомобил во болницата во округот Сасекс откако се пожалила на тешкотии со дишењето.

На рочиштето на истражниот суд во Брајтон Сити беше кажано дека нејзиниот партнер, Рафаел Ифил, направил пет очајнички повици на 999 за да се обиде да добие брза помош. Кога тие не одговориле, тој го натерал својот брат да ја вози Тамара до болницата во округот Сасекс.

"Раф не можеше да добие брза помош. Помина два часа обидувајќи се да добие. Пет пати се јави и не ги доби", додала мајката.

Веднаш била испратена во област каде ѝ дале кислород пред да ја однесат до ходникот каде што чекала повеќе од 10 часа. Нејзината уништена помлада сестра Мија (25), која веднаш дошла во болница за да биде со неа, рече дека персоналот едноставно заборавил на нејзината сестра.

„Требаше да се грижат за неа, но едноставно заборавија на неа и таа остана свиткана во количка во ходникот. Се чувствувавме беспомошни. Беше лудо. Тие ѝ дадоа антибиотици, но потоа не успеаја да ѝ дадат уште една доза, иако тоа го напишаа во нејзините белешки. Подоцна беше пречкртано, но нема објаснување зошто и нема иницијали до пречкртаниот запис. Се чинеше дека имало моменти кога сестра ми ја третирале како товар. Ниту една медицинска сестра, лекар или вратар не ја погледна“, рече Мија.

Состојбата на Тамара продолжила да се влошува и на крајот била примена на интензивна нега каде што била ставена на респиратор, но починала три дена подоцна на 13 декември поради сепса и нејзините органи постепено откажуваа.

Со скршено срце изјави дека Тамара „колабрирала“ во болница и починала по „одвратното“ лекување во болницата Сасекс. Велат дека нејзината смрт можела да биде спречена доколку добиела соодветна нега во Итната помош и дека не успеале да ја лекуваат во болница.

„Никогаш не сум почувствувала како ми се крши срцето како кога ми рекоа дека сестра ми нема да се опорави. Тоа беше како последователна мисла. Таа беше оставена, речиси заборавена. Третманот со сестра ми беше ужасен. Никој не дојде да провери. Никој не застана да праша дали имаме сè што ни е потребно или дали ѝ е удобно. Срцето ми се крши кога знам дека нејзината смрт можеше да се спречи ако ја добиеше грижата и вниманието што ѝ требаше.“

Смртта ќе биде предмет на целосна истрага откако Џоан Ендрјус, судски вештак за Западен Сасекс, Брајтон и Хов, рече дека има причина да се сомнева дека нејзината смрт е „неприродна“.

По краткото сослушување, семејството рече дека сака објаснување зошто лекарите „не“ и пружиле соодветна грижа.

"Сакам одговори. Апсолутно е одвратно што не успеаја да се грижат за неа како што треба. Поразително е да се знае дека ако ја завршеа својата работа, таа ќе беше тука", рекла мајката.

„Разговаравме директно со семејството на Тамара за да изразиме сочувство“, рече д-р Енди Хипс, главен оперативен директор во Универзитетските болници Сасекс NHS Foundation Trust.

„Не можам јавно да зборувам за грижата за Тамара, но генерално кажано, нема сомнеж дека нашиот персонал понекогаш мора да работи под голем притисок, во тешки околности, но тие секогаш ќе дадат сѐ од себе за да обезбедат грижа, сочувство и достоинство на своите пациенти. “ додаде докторот.

Истрагата ќе продолжи и прелиминарниот датум со последните информации е 28 јуни.

Леонардо ДиКаприо со девојка, која носи прстен на левата рака- ќе се смири ли вечниот ерген?

Познато е дека Леонардо ди Каприо ја прекинува врската штом неговата партнерка наполни 25 години, но се чини дека 25-годишната Италијанка Виторија Черети успеа да му го улови срцето.

Познато е дека Леонардо ди Каприо ја прекинува врската штом неговата партнерка наполни 25 години, но се чини дека 25-годишната Италијанка Виторија Черети успеа да му го улови срцето, а поради новите фотографии фановите се убедени дека холивудскиот ерген би можел наскоро застанете пред олтар.

Актерот и манекенката беа фотографирани на средба во Беверли Хилс, каде што се почестија со бурито во киоск за брза храна на улица.

Вниманието го украде новиот прстен на левата рака, по што веднаш почнаа да кружат гласини за свршувачката на парот кои се заедно девет месеци.

Инаку, Виторија е успешна манекенка. Таа носеше ревии за брендовите Chloé, Paco Rabanne, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Alexander Wang, Versace, Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani, Prada, Marc Jacobs, Michael Kors, Bottega Veneta, Tom Ford, Tommy Hilfiger...

Во 2020 година, таа се омажила за Матео Милери, италијански диџеј. Не е познато дека парот се развел, а манекенката се уште има заеднички фотографии со сопругот на Инстаграм, па многумина се прашуваат дали Ди Каприо е причината поради која нивниот брак завршил.

притисни ентер