Во велешката болница за белодробни заболувања направени преку 6.000 прегледи

Специјалната болница за белодробни заболувања и туреколоза во Јасеново минатата година евидентира 25 отсто зголемување на бројот пациенти. Како што рече попладнево на прес-конференција директор на болницата Гоце Бузалков, тоа е резултат на квалитетот на персоналот и добриот менаџмент.


- Во 2013 се регистрирани вкупно 6.093 прегледи од кои 5.023 амбулантски, а 1.090 болнички. Тоа докажува дека болницата работи ефикасно и успешно, рече Бузалков, изразувајќи задоволство од постигнатото.

Тој очекува уште поуспешна 2014 година и задоволни, излечени пациенти.

- Изминатата година околу 60 проценти од пациентите беа со белодробни заболувања, 30 отсто со срцеви заболувања и останатите 10 проценти со покачен крвен притисок, мозочни удари и итни случаи. Имаме успешност во лекувањето и превенцијата кај пациентите благодарение на новите методи на испитувањата кои ги практикуваме, нагласи директорот.

Медицинскиот персонал е составен од пет лекари, девет медицински сестри, три лаборанти и неколку волонтери кои извршуваат здравствени услуги од повеќе области. Новина е воведувањето васкуларно ехо кое детектира одредени васкуларни проблеми и ја олеснува дијагнозата.

Болницата единствено се соочува со проблем околу превозот на пациентите зашто автобусот кој ги пренесува е стар и дотраен, а менаџментот прави напори да набави нов. Сепак, располага со ново амбулантско возило добиено од Владата со кое се пренесуваат итните случаи.

Капацитетот на Специјалната болница е 76 легла од кои 70 се четворокреветни, а има и неколку двокреветни и еднокреветни, односно апартмани за вип гости кои се потполно во функција. За болните од туберколоза има специјални соби со систем за вентилација, изолирани и со поесбен третман.

- Имаме потребна од зголемување на медицинскиот персонал, веќе примивме една медицинска сестра, а во тек е постапката за уште една медицинска сестра и лаборант. Имаме и квалитетен персонал со субспецијалисти кои ќе го зголемат нивото на професионалност во извршувањето на обврските, потенцира директорот на болницата Гоце Бузалков.

Франција им нареди на трговците да ги означуваат производите, на кои им го намалиле пакувањето

Француските трговци ќе мора да ги известат клиентите за намаленото пакување на производите кое не е придружено со соодветно намалување на нивните цени, објави Министерството за финансии, сигнализирајќи нова мерка за борба против скриените поскапувања.

Тајното покачување на цените преку намаленото пакување на производите предизвикува главоболки и кај потрошувачите и кај владите, бидејќи ја инхибира потрошувачката во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата под притисок на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Француските малопродажни компании од јули до септември ќе треба да ги информираат потрошувачите за храната и другите производи за широка потрошувачка чија цена не го следи намаленото пакување, соопшти Министерството. „Ќе ставиме крај на таквите практики. Сакам да ја вратам довербата на потрошувачите, а довербата оди рака под рака со транспарентноста“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Цените на храната станаа главно политичко прашање во Франција минатата година бидејќи цените на храната скокнаа за рекордни 16 отсто по редовните годишни преговори меѓу трговците на мало и компаниите за храна.

Владата со закон го регулираше одложувањето на датумот за преговори годинава и побара од компаниите да го ограничат поскапувањето. Минатиот септември ланецот супермаркети „Карфур“ прикажа предупредувања за цените на некои производи со цел да изврши притисок врз големите производители на стоки за широка потрошувачка, како „Нестле“, „ПепсиКо“ и „Унилевер“ пред преговорите.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

притисни ентер