Во Велес до 19 часот излезност од 48,28 отсто

Општина Градско со 54,86 и Општина Чашка со 57,7 проценти

Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список до 19 часот гласале 48,28 отсто или 22 203 гласачи на 84 избирачки места во Општина Велес.

Како што информираат од ОИК, на сите 84 гласачки места гласањето се одвива во мир и демократска атмосфера и без инциденти.

Во Општина Градско од вкупно 3136 гласачи на 11 избирачки места до 19 часот на гласање излегле 54,86 проценти или 1721 гласач.

Како што информира за МИА Елена Смилкова, член ОИК Градско, на сите избирачки места гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера и без инциденти.

– Во Општина Чашка од вкупно 6 101 гласач на 30 избирачки места до 19 часот гласале 57,7 проценти од гласачите или 3512, информира за МИА Марјан Јовановски, претседател на ОИК Чашка.

Тој посочи дека во сите избирачки места во Општина Чашка, изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера и без инциденти.

Воедно од сите ОИК – Велес, Градско и Чашка ги повикуваат граѓаните кои се уште не гласале да го остварат своето граѓанско право на глас на избирачките места, кои се отворени до 21 часот вечерва. /МИА

Робот продава автомобили ,се знае и за која компанија (ФОТО)

Ако се суди според овој случај, имаме уште една професија што во иднина може да исчезне.

Со воведувањето на системот за автономно возење, возачите ќе изгубат од важноста, но сигурно нема да исчезнат. Кога станува збор за продавачите на автомобили, тешко е да се каже каква е нивната судбина. Ако е според Hyundai, тие стануваат непотребни затоа што го имаат DAL.

ДАЛ помага да се поврзете со искуството или едноставно е сервисен робот. И не е тука за да ги замени сите оние непрофесионални дилери кои не можат да се пофалат со најдобро познавање на предметот на продажбата, па дури и да ве убедат да купите автомобил. Причината за неговото појавување е секако пандемијата, и ова е начинот на кој Hyundai сака да понуди поголема безбедност во своите салони.

„Со постојан напредок и развој, DAL обезбедува пријатно искуство за нашите клиенти во неконтактно опкружување“, вели Донг Џин Хјун, раководител за роботика во Hyundai.

Роботот е висок само 1.160 мм и тежок 80 кг, а неговата листа на карактеристики вклучува препознавање лице, познавање на повеќе јазици, но и можност за комплетно претставување на опсегот на Hyundai. Договарање и вадење дополнителни попусти не се во неговиот алгоритам на акција.

ДАЛ веќе го добил првиот ангажман во салонот на Хјундаи во Сеул, а понатамошното ширење на идејата ќе зависи пред се од реакциите на потенцијалните клиенти, односно од ефикасноста на продажбата на роботот.

По вакцинацијата во Израел, се заразиле само 0,01 процент од луѓето

Прилиминарните податоци објавени од HMO Maccabi, водечка агенција за осигурување во Израел, покажуваат дека помалку од 0,01 процент, или само 20 од 128.600 лица кои ги примиле обете дози на вакцината Фајзер, се заразиле со коронавирус.

Израел во моментов е меѓу светските лидери кога станува збор за брза кампања за вакцинација против коронавирус. Граѓаните започнале да ги примаат првите дози на вакцината на 19 декември.

Израелците секоја недела им испраќаат информации на Фајзер за кампањата за вакцинација, во согласност со договорот за соработка, што може да им помогне на другите земји да ги прилагодат сопствените начини и темпото на вакцинација.

Експертите на HMO Maccabi објавија дека ова се прелиминарни податоци, но дека бројките се охрабрувачки.

Од 20-те заразени лица, половина страдале од хронични заболувања. Сите покажале само благи симптоми, како што се главоболка, кашлица, општа слабост и замор, но никој од вакцинираните не бил хоспитализиран или имал температура повисока од 38,5 степени Целзиусови. Повеќето биле тестирани на ковид-19 поради контакт со лице со потврдена инфекција.

Анат Ека Зохар, директор на Одделот за информации и дигитално здравје при ХМО Макаби, рече дека службата ќе продолжи да ги следи истите пациенти за да утврди дали тие сè уште имаат само лесни симптоми или евентуално ќе развијат некои компликации.

Повеќе од 2,6 милиони Израелци досега ја примиле првата доза на вакцината, а околу 1,2 милиони се вакцинирани со обете. Израел има околу 9 милиони жители.

Израелските власти објавија околу 600 000 случаи на инфекција со коронавирус и 4,478 смртни случаи од почетокот на пандемијата, објави Ројтерс.

Ентони Блинкен е новиот државен секретар на САД

Американскиот Сенат денеска го потврди кандидатот на претседателот Џо Бајден, искусниот дипломат Ентони Блинкен, да биде нов државен секретар.

Од сто пратеници, 78 беа „за“, а 22 „против“. За потврда било потребно просто мнозинство.

Блинкен е долгогодишен соработник на Бајден, кој беше втор човек на Стејт департментот во администрацијата на претседателот Барак Обама, кога Бајден беше потпретседател.

Минатата недела на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Блинкен повика на „решение за двете држави“ во врска со израелско-палестинскиот конфликт и рече дека Соединетите држави се подготвени да се вратат на договорот со Иран, но тој треба да биде посилен и подолготраен.

Тој, сепак, признава дека „решението со две држави“ не е реално на краток рок, повикувајќи ги Израелците и Палестинците „да избегнат какви било еднострани потези што ќе го направат уште покомплексен“.

Блинкен исто така рече дека поранешниот претседател Доналд Трамп бил во право кога станува збор за неговиот поостар став кон Кина, но не се согласува, рече тој, со стратегијата на Трамп во низа елементи.

„Основниот принцип беше добар“, им рече тој на сенаторите, осврнувајќи се на цврстиот став што го покажала администрацијата во заминување кон Кина.

"Ние мора да се соочиме со Кина од позиција на сила, а не од слабост. Тоа вклучува работа со сојузниците наместо клевети, учество и водење меѓународни институции, не излегување од нив", рече Блинкен.

Кога станува збор за Иран, тој потврди дека владата на Бајден е подготвена да се врати на нуклеарниот договор од кој Трамп ги повлече САД во 2018 година, под услов Техеран да ги почитува своите обврски.

„Но, ние ќе го искористиме ова како почетна точка, со нашите сојузници и партнери кои повторно ќе бидат на иста страна со нас, за да постигнеме посилен и подолготраен договор“, додаде тој.

Таквиот договор би вклучил прашање на нуклеарното оружје, но и други прашања што ги загрижуваат, како што се ракетната програма или регионалната стабилност.

Блинкен посочи дека сегашната ситуација повторно е во криза откако Трамп се повлече од договорот, а Техеран како противмерка започната да ги крши своите обврски.

Запрашан за притворот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални по враќањето во Русија од Германија каде што се лекуваше по обидот за труење, Блинкен рече дека е „неверојатно што рускиот претседател толку се плаши од еден човек“.

„Предизвикот што Русија го поставува пред Соединетите држави ќе биде многу високо на агендата на администрацијата на Џо Бајден“, заклучил тој.

притисни ентер