Во Украина се фрлаат вакцините, зашто докторите не сакаат да се вакцинираат

Украинските медицински установи фрлиле неискористени вакцини против ковид-19 откако лекарите не се појавиле на договорените термини за вакцинација, соопштија денеска пратениците од владејачката партија.

Украина штотуку започнала да вакцинира 41 милион луѓе против ковид-19 откако минатата недела ја добиле првата пратка од 500.000 дози вакцини на АстраЗенека, но се соочува со борба против скептицизмот во врска со вакцината.

Владата дала приоритет на вакцинирање на медицинските работници од првата линија, но статистичките податоци покажуваат дека 47 проценти од Украинците не сакаат да се вакцинираат.

,,За нас е важно да разбереме зошто лекарите одбиваат да се вакцинираат, рече на онлајн состанокот, Олександар Корниенко, лидер на владејачката партија на претседателот Володимир Зеленски.

„Многу е лошо, но нема друга опција ако некое лице не дојде, шишето со вакцина може да се чува отворено два или три часа, по што мора да се фрли“, рече претседателот на парламентарна здравствена комисија, Михајло Радукиј.

Вкупно 3.141 дози биле администрирани до 28 февруари, вклучувајќи 90 вакцини во последните 24 часа, според податоците на Министерството за здравство.

Министерот за здравство Максим Степанов рече дека владата работи на спречување на фрлањето вакцини, додавајќи дека тоа се случува и во други земји.

Тој бил вакциниран денеска на телевизиски пренос и изјавил дека Зеленски наскоро ќе биде вакциниран.

„Со мојот пример, докажав дека вакцината со која сме вакцинирани е апсолутно безбедна и ефикасна“, рече тој.

Недовербата кон вакцините во Украина овозможила појавата на сипаници да прерасне во епидемија во 2019 година.

Бројот на заразени се зголемил по затишјето за време на строгиот карантин на почетокот на годината, особено во Киев и западна Украина, каде владата формирала подвижни болници за борба против наглиот пораст на бројот на заразени.

До 1 март, Украина забележала 1,3 милиони заболени и 26.050 смртни случаи.

Во северниот град Чернихив, само 87 од 280 лекари се согласиле да бидат вакцинирани, објавил секретарот на градскиот совет на Фејсбук на 24 февруари.

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер