Во Турција денес од Ковид-19 починале 75 лица, вкупно 649

Во Турција бројот на смртни случаи од коронавирусот денес порасна за 75, на вкупно 649, наведе на Твитер турскиот министер за здравство Фахретин Коца.

Тој напиша и дене бројот на новозаболени пораснал за 3.148, вкупно 30.217, пренесе „Ројтерс“.

Според неговите наводи, во последните 24 часа во Турција биле тестирани 21.400 лица на Ковид-19.

притисни ентер