Во Тетово се одбележаа 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија

Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово во соработка со Музеј на тетовскиот денеска организираа свечено одбележување на јубилејот 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија. 

Одбележувањето беше во куќата каде што се случило основањето на 19 март 1943 која сега е Меморијален музеј на Централниот Комитет на КПМ (Куќа на Јовановци) во населбата Два Бреста.

-На Балканот до Втората светска војна егзистираат пет буржоаско-монархистички држави, со многу нерешени внатрешни проблеми. Во три од нив непризнат живееше македонскиот народ, кој не уживаше никакви национални права. Но во платформа на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ), се истакнуваше дека секој народ во борбата против фашистичкиот ослободител го решава и своето право на самоопределување. КПЈ беше единствена која имаше изградено правилен став по македонското национално прашање. Македонскиот народ беше посебно мотивиран за прифаќање на борбениот повик. Формирањето на Комунистичката партија на Македонија (КПМ) на 19 март 1943 година и изборот на Централниот комитет (ЦК) значеше осамостојување на политичкото раководство на Македонија, истакна во историскиот час Миќо Стојчевски, директор на Музејот на тетовски крај.

Тој воедно потсети дека кога се формирала партијата и Централниот комитет донесени се одлуки за натамошниот развиток на народноослободителната борба.

-Неслучајно е избран Тетово за град каде ќе се формира Комунистичката партија на Македонија. КП стана основен фактор за мобилизација на македонскиот народ и народностите во Македонија, бидејќи благодарение на сите народности кои се вклучиле во народноослободителната борба, и кои покажаа дека и заеднички можат да се борат против окупаторот, придонесоа за остварување на главната цел-слобода за Македонија, порача Стојчевски.

За случувањата пред 80 години посведочи и Никола Стојановски, кој годинава наполни 100 години, инаку претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ на Македонија.

-Народот веруваше во КПМ, затоа што единствено тргна да го ослободи македонскиот народ. Тоа беше прифатено од сите граѓаните. Јас сум 100 години, а тогаш бевме деца, но тргнавме по партизанските одреди и се боревме за да создадеме држава, прва после Самоиловото царство. Направивме се за да ја сочуваме и народот направи сè што може да биде добра држава, рече Никола Стојановски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во природното обраќање порача дека одлуката за формирањето на партијата во 1943 е главниот придонес за долгопосакуваната повоена Македонска државност.

-И денеска 80 години подоцна, ѕидовите на оваа историска куќа на семејството Јовановци љубоморно ја чуваат историјата на големите одлуки кои беа донесени на 19 март 1943 со кои е конституиран централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Оттука овој датум се смета за ден на формирањето на Комунистичката партија на Македонија и водилка за понатамошниот тек на Народноослободителната и антифашистичка војна, порача Спасовски.

Дел од одбележувањето беше и положување на цвеќе пред спомен бистата на Јосип Броз-Тито во дворот на Меморијалниот музеј.

Спасовски на 80 години од формирањето на КПМ во Тетово: Светол датум кој е непобитен доказ за самосвеста на македонскиот народ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на одбележувањето на јубилејни 80 години од формирањето на Комунистичка партија на Македонија во Тетово, во спомен куќата на семејството Јовановци, која е денешен Меморијален музеј на ЦК на КПМ, а во организација на Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово во соработка со Национална установа „Музеј на тетовскиот крај“, информираат од МВР.

Обраќајќи се пред присутните, министерот Спасовски го истакна значењето на историската куќа на семејството Јовановци која и по 80 години ја чува историјата на големите одлуки кои беа донесени на 19 март 1943, со кои е конституиран Централниот Комитет на Комунистичката партија на Македонија.

-Овој светол датум претставува и непобитен доказ за самосвеста на македонскиот народ, за силната и непоколеблива волја, победничкиот морал и слободарски дух на припадниците на партизанското движење на Македонија, изразен со високата политичка свест на борците и на населението за постигнување на крајната цел – создавање македонска држава, истакна Спасовски.

Тој во свое и во име на МВР ја изрази почитта и благодарноста кон сите членови на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, честитајќи го денешниот голем јубилеј – 80 години од формирањето на Централниот комитет на КПМ.

-Овие големи датуми, но и хероите присутни тука, нè потсетуваат дека слободата никому не му е подарена, а визијата на секој лидер е да ја чува и негува татковината, да ги носи вистинските одлуки во вистинско време за доброто на својот народ, за својата држава, почитувајќи ги слободарската традиција, херојската историја и идејата на антифашизмот. Тоа бил и останува нашиот вистински пат, истакна Спасовски, упатувајќи желби што поскоро големите датуми од нашето минато, од нашата крвава антифашистичка историја да ги одбележуваме со комплетно исполнети стратешки определби, наши и на нашите предци, во модерна демократска држава со европски вредности.

На крајот од настанот Спасовски положи цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито во дворното место на спомен куќата на семејството Јовановци. Притоа, тој ја посети и спомен собата каде е формирана Комунистичката партија на Македонија и избран нејзиниот Централен комитет, при што се потпиша во Книгата за впечатоци.

„Во чест на денот на формирањето на КПМ и 80 години опстојување на идејата за слобода, правда и рамноправност. Никогаш да не се заборават придобивките на антифашизмот. Да не се заборават темелите на македонската државност“, напиша министерот Спасовски во Книгата за впечатоци во спомен куќата на Јовановци од Тетово.

„Спајс грлс“ повторно заедно за 50. роденден на Викторија Бекам

Познатиот женски поп-состав од 90-тите - „Спајс грлс“ (Spice Girls) повторно се обедини за 50-от роденден на Викторија Бекам - една од девојките во групата.

Популарните „Спајсици“ сѐ уште се во добри односи. Џинџер, Спорти, Бејби, Скери и славеничката Пош Спајс прославија и со својата позната песна „Стоп“, а видеото од изведбата на Инстаграм го објави сопругот на Викторија, Дејвид Бекам. Забавата се случила викендов во клубот „Освалдс“ во Лондон, а од познатите гости, забележани се и Том Круз, Селма Хајек, Ева Лонгорија и Гордон Ремзи, меѓу другите.

„Пријателството никогаш не завршува“, гласи натписот до заедничка фотографија објавена на „Инстаграм“ страницата на „Спајсиците“.

Инаку, годинава се навршуваат и 30 години од основањето на „Спајс грлс“. Составот првично постоеше од 1994. до 2000 година, но имаше повторни собири и за неколку посебни поводи потоа. Тие се собраа и на затворањето на Олимписките игри во Лондон, 2012 година.

Бонмати и Ѓоковиќ добитници на спортските оскари за 2023

Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година.

Минатата година Бонмати беше избрана за најдобар играч во изборот на ФИФА, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство на кое Шпанија ја освои шампионската титула.

Новак Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четирите грен - слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на четвртиот (Вимблдон).

Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.

Добитници на наградата Лауреус за 2023 година:

Спортистка на годината: Аитана Бонмати

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација

Најголем напредок: Џуд Белингем

Повратничка на годината: Симон Белс

Најдобра спортистка со попреченост: Диде де Грот

Спортистка на година во акциски спортови: Ариса Трев

Награда за хуманитарна работа: Фондација Рафа Надал. /МИА

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

притисни ентер