Во Тетово 10 приведени за полициски час, девет од нив и за нарушен јавен ред и мир

Девет лица ќе добијат пријави за нарушување на јавен ред и мир како и за прекршување на полицискиот час откако биле затекнати на јавен простор вчера во 22 и 30 часот, соопшти денес СВР Тетово. 

За непочитување на ограниченото движење уште едно лице е приведено на друго место.

– Лицата кои биле лишени од слобода за непочитување на полицискиот час се соочуваат со пријава за „непостапување според прописите за време на епидемија" според член 206 од Кривичен законик, потсетуваат од тетовската полиција.

На подрачјето на СВР Тетово досега има евидентирано вкупно 282 предупредување за неносење заштитни маски за лице како и 122 барање за прекршони постапка од полицијата до судот.

Шекеринска: 11 години ВМРО-ДПМНЕ не држеа изолирани, европската перспектива сега е отворена

Ние ветивме ЕУ и НАТО – и тоа го одработивме за само 2,5 години. ВМРО-ДПМНЕ на сите ни изгубија 11 години – и нам и на нашите деца. 

Рековме ќе ги решиме најтешките прашања и ги решивме бидејќи кај нас зборот е збор истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме" во петтата изборната единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во интервју за Прес24.

Станавме членка а НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, направивме пријатели во светот, ги покачивме платите, 300% ја зголемивме социјалната помош, невработеноста ја намаливме на помалку од 17%, медиумите се сосема слободни и гласни, нагласи Шекеринска.

Не можеш, како што правеше ВМРО ДПМНЕ, на избори да велиш - ќе ја внесеме државата во ЕУ и НАТО, ќе ги покачиме платите, ќе се погрижиме за сиромашните и за социјалните случаи, граѓаните ќе имаат повеќе пари – а потоа не само да не го оствариш тоа, туку да ја скараш и изолираш земјата со сите, да ја блокираш цели 11 години, да не се ни обидеш да најдеш решение што ќе ја отвори евроатланската перспектива, силно да се противиш на повисоки плати и како власт и како опозиција, да ги погазиш сите права на своите граѓани, да ја згазиш слободата на медиумите, иднината на сопствената земја - а од друга страна да градиш бела палата и да ги полниш своите и сметките на најблиските извршители со парите на граѓаните низ тајни криминални зделки. Тоа граѓаните го паметат и нема да дозволат да се повтори, истакна Шекеринска.

Европската перспектива на државата по 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ е отворена и сега претстои период на нејзино исполнување и во процесот на членство во Европската Унија, додаде Шекеринска.

-Преговарачката рамка е промоција на македонскиот јазик како иден службен јазик на Европската Унија. Ние водиме политики на партнерства и пријателства, а македонскиот јазик е признаен и прифатен од целиот свет, впишан во картата на ОН. Договорот со Бугарија која е наш сосед и пријател, е потпишан на македонски јазик. Пропаднаа сите надежи на опозицијата дека ќе можат да го сокријат ова – дека успеавме да се потврдиме во светот со јасен и цврст идентитет - како македонски народ, кој зборува македонски јазик. Ние преку дијалог и пријателство дојдовме до тука, така и ќе продолжиме, порача Радмила Шекеринска, носителка на листата на Коалицијата „Можеме" во петтата изборна единица,.

Јанушев: 640 милиони евра за субвенции, 80 милиони евра за наводнување и 50 % финансирање на набавка на нови грла добиток

Македонија е земја со силен земјоделски потенцијал. Со години земјоделието е потценето, а земјоделецот е оставен на раб на егзистенција. 

Земјоделскиот потенцијал на Македонија мора да биде искористен, тоа е сектор од во кој многу наши сограѓани може да најдат работат или отворат свој бизнис. Се обврзуваме на обнова на земјоделието, и воведување светски пракси.

Во таа насока планираме 640 милиони евра само за субвенции. Дополнителни 80 милиони евра за изградба на нови системи за наводнување, како и 50% финансирање за набавка на нови грла овци и друг вид добиток од традиционалните сточарски гранки.

Нема да дозволиме земјоделците да плачат и да се мислат како да го прехранат семејството затоа што родот им го уништиле временските непогоди.

Во таа насока се обврзуваме на покривање на 70% од осигурувањето на нивните посеви и насади.

Сточарите ќе ги помогнеме и со намалување на ДДВ за ветеринарните услуги.

Ќе го вратиме достоинството на земјоделецот.

Исправи се Македонијо!

Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Богојески: Да воведеме казнивост за политичари и функционери

Македонски концепт се залага за законска и обврзана одговорноста за дадените политички ветувања.

За казнивост и понесување казнена одговорност за политичарите и функционерите на власт, изјави Петар Богојески од Македонски концепт.

притисни ентер