Во тек масовна имунизација против Ковид-19, пристигнаа првите вакцини од ЕУ

Во тек е масовна имунизација против Ковид-19, бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалуваат, што дава надеж за скорешно завршување на епидемијата. 

Покрај 200 илјади кинески вакцини, во земјава пристигнаа и првите количини од ветените 120 илјади дози од ЕУ што вчера ги доставија еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер.

Премиерот Зоран Заев смета дека зад нас e периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и оти влегуваме во широка имунизација,

– Зад нас останува периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и сите показатели и динамиката на пристигање на вакцините во претстојнииот период најавуваат дека во тој поглед имаме сериозни промени на подобро. Сепак и во такви услови солидарноста на ЕУ за нејзините земји членки, како и за земјите кандидати за членство во Унијата не изостана, изјави Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19, споделени и финансирани од ЕУ.

Станува збор за првите количини од одобрените вкупно 119.213 дози Фајзер кои ЕУ ги обезбедува како помош за С Македонија преку трилатералните договори во рамките на програмата „Тим Јуроп".

– Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан што ја координира Австрија пристигна првата испорака од 4.850 дози од вкупно 19.890 што се предвидени да бидат испорачани во месец мај. Дополнително добивме и 4.850 дози набавени врз основа на директен договор склучен со овој производител со Фајзер. Со редовните месечни количини вкупните 119.213 фајзер вакцини од оваа програма ќе бидат целосно испорачани до крајот на август. Со овие вакцини заедно со целата останата количина што веќе ја имаме во нашата земја, како и со сите останати договорени да пристигнат во нашата земја во наредниот период, па се до крајот на годината влегуваме почнувајќи од денеска во широка и обемна имунизација на севкупното население во земјата, рече Заев.

Тој очекува вкацинирањето да тече без престан, бидејќи обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини и аперлираше до сите граѓани да се пријават на вакцинација.мк. за да добиете термин за вакцинирање.

– На овој начин со заинтересираност на населението се обезбедени вакцини и со добро организиран систем на вакцинацијата очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет. Се разбира овие охрабрувачки процеси не треба да влијаат, да попушти вниманието и претпазливоста. Паралелено со масовната вакцинација да продолжиме со примена на мерките за лична заштита се додека епидемиолозите и ИЈЗ не донесат други препораки, посочи Заев.

Владата и МЗ веќе иницираа формирање на дополнителни регионални вакцинални пункотви за масовна вакцинација против Ковид 19 во Битола Охрхид, Штип, Кавадарци,Тетово и Куманово, а многу бргу такви пунктови ќе бидат отворени и во Велес и Прилеп.

– Ве уверувам дека ЕУ се грижи и ги поддржува Македонија и Западен Балкан од самиот почеток на пандемијата. Ова е само почеток и ќе продолжиме да бидеме покрај вас, порача еврокомесарот Вархеји во СЦ „Борис Трајковски" по предавањето на првите дози вакцини против Ковид-19 обезбедени од Европската Унија.

– Ова е добар ден за Западен Балкан и за Македонија. Конечно можеме да ги испорачаме првите вакцини. Денеска сме горди да објавиме дека близу 120 илјади вакцини за Македонија ќе бидат испорачани до крајот на август. Тоа е подарок од ЕУ за Македонија за да ја преброди пандемијата. Се надевам дека целосно ќе го заокружиме процесот на вакцинација. Бидејќи не сме безбедни додека сите не се безбедни, рече Вархеји.

Посочи дека не било лесно да се обезбедат вакцините и искажа голем благодарност до Владата на Австрија.

Австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер, рече дека е среќна што Австрија и ЕУ успеале да обезбедат 650 илјади вакцини за Западен Балкан, од кои речиси 120 илјади се за Македонија.

Едштадлер истакна дека пандемијата се уште не е готова, но оти вчерашниот ден е ден на надеж дека наскоро ќе биде надмината.

– Вакцинацијата ќе го смени текот на пандемијата, ќе го намали товарот врз медицинските работници и здравсвениот систем. Ова е гест на посветеност на Австрија и ЕУ кон Западен Балкан. Австрија се залага регионот да биде во центарот на надворешната политика на ЕУ и затоа ќе продолжи да дава поддршка во тој контекст. Се надевам дека наскоро ќе можеме да се вратиме во нормала. Само со заеднички сили можеме да и ставиме крај на пандемијата, рече Едштадлер.

Вакцинацијата против Ковид-19 во земјава почна на 17 февруари. Од 5 април почна помасовна вакцинација во вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски" во Скопје, каде покрај здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 2 мај со „Фајзер" вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „Спутник В" 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со „Астра Зенека" вкупно 21.949 и со „Синофарм" се вакцинирани 953 лица.

Омразената водителка и стана цимерка на Моника од „Пријатели“ (ВИДЕО)

Кортни Кокс, најпозната по улогата на Моника во Пријатели, има нова цимерка.

Имено, познатата водителка Елен Деџенерис открила дека неодамна го продала својот дом во Беверли Хилс и се преселила кај Кортни, тврдејќи дека причина за тоа не биле проблемите со нејзината партнерка Портија де Роси.

"Немам брачни проблеми. Не живеам со Кортни Кокс затоа што ме избркаа од дома", изјавила водителката во својата емисија.

Кортни се пошегува дека не е најсреќна со својата нова цимерка.

"Бев нервозен затоа што ќе останеш таму, па ги префрлив сите работи на десната страна од бањата за да имам простор во фиоките. Навистина се подготвував за тебе", рече Кокс.

"И одеднаш гледам дека мојата четка не е на мојата страна и дека немам шминка. Ја презеде мојата страна. Лоша цимерка си", рече на шега Кортни.

„Портија ја презеде твојата страна“, одговорила Деџенерис, прифаќајќи ја шегата.


Заев: Работиме за подобрување на економската и социјална положба на земјоделките

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска се обрати  на доделување на 11, од вкупно 250 договори за грант, од програмата „Рурални жени" на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски како и Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителката на Ју-ен жени (UN Women), тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, во Градскиот парк во Скопје, заедно со претставници на Националната федерација на фармери, присуствуваа и се обратија на доделување на 11, од вкупно 250 договори за грант, од програмата „Рурални жени" на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, што ја спроведува Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Истакнувајќи ја целта на мерката „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство", која е во насока на подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди за подобрување на квалитетот на земјоделско производство и за намалување на трошоците во работењето, премиерот Заев им честиташе и им посака успех на претприемачките кои ќе добијат финансиски грант во висина од 180.000 денари за набавка на опрема, која ќе им помогне во нивните досегашни и идни активности.

„Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика ќе ги направат сите неопходни чекори за остварување на определбите утврдени во Декларацијата за подобрување на економскиот и социјален статус на руралните жени. Институциите работат во насока на подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, законите и стратегиите од областа на родовата еднаквост, недискриминација, земјоделство, рурален и социјален развој", посочи премиерот Заев, повторувајќи дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата, населението да биде обезбедено со здрава, квалитетна и разновидна храна од македонско производство.

Грантот за руралните жени од мерката „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство" е само една од повеќето мерки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за директна поддршка на индивидуалните земјоделки и земјоделци како што уште и грантот „Млад земјоделец", како и поддршка за стартување на нов агробизнис.

Премиерот Заев информираше дека постапката за доделување на грантот е спроведена откако претходно беа слушнати и прифатени укажувањата и препораките за допрецизирање на критериумите кои стигнаа преку претставниците на Националната федерација на фармери и ја потенцираше важноста на искористување на мерките од ИПАРД програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство.

„Следуваат повици за земјоделско земјиште, инвестиции, зелена нафта и за мерка од ИПАРД која ќе финансира инвестиции во рурални средини како сместувачки и угостителски капацитети, домови за стари лица, капацитети за обработка на дрво, пчеларство итн. Годинава заеднички ќе направиме сѐ за да ги искористиме максимално средствата наменети за агросекторот и руралниот развој. Имаме ресурси", упати порака премиерот Заев прецизирајќи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и Платежната агенција се ставени во систем, за да се овозможи информациите да допрат до земјоделците за максимално да се искористат достапните средства и знаење.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа изрази задоволство од поттикот и храброста кои се јавуваат кај жените од руралните подрачја, како вистински носители на земјоделските семејства и кои искористувајќи ги мерките ги јакнат позициите во општеството и водат кон подобрување на социјалната реалност.

„За ова зборуваат и фактите од нашиот Единствен регистер на земјоделски стопанства, според кој бројот на регистрирани жени-носители на земјоделски стопанства постојано расте. Па така, ако во 2019 – та година биле регистрирани 36.048 жени, денес тој број изнесува 38.241, што значи дека имаме зголемување за 2.193 жени, кои регистрирале земјоделско стопанство. Ова е голем раст и показател дека мерката дала резултати. Сме успеале да ги поттикнеме нашите рурални жени да се регистрираат и да аплицираат", рече министерот Хоџа истакнувајќи дека наместо првично планираните 100 договори Владата успеала да обезбеди средства за финансиска поддршка на сите жени кои аплицирале и ги исполниле условите.

„Успеавме првично предвидените девет милиони денари да ги зголемиме на 40 милиони денари, со што овозможивме вкупно 250 жени да добијат грант од по 3.000 евра", рече Хоџа истакнувајќи ја посебно поддршката од Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), кои партиципираа во креирањето и реализацијата на мерката „Рурална жена", како и невладиниот сектор: Националната федерација на фармери, Рурална мрежа, Рурална коалиција, како и Министерството за труд и социјална политика и Факултетот за земјоделски науки и храна и изрази уверување дека во иднина бројот на грантови ќе се зголемува.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, во своето обраќање се задржа на линиите на производство кои со оваа мерка се поддржуваат и тоа производство на сточна храна, опрема за производство на мед и производи од пчели, опрема за млин, молзачки капацитети, калапи за сирење, машини за преработка и мелење на месо и останата преработувачка опрема, набавка за опрема за винарство, со што ќе развијат нови производи, нови брендови и нова додадена вредност во македонската економија токму во руралните средини, со што несомнено се поттикнува рамномерниот регионален развој.

Весна Ивановиќ-Кастаред во име на канцеларијата на UN Women во Скопје изрази големо задоволство за денешниот настан, кој го оцени како особено значаен не само за жените земјоделки, добитнички на финансиска поддршка, туку и за целокупното унапредување на родовата еднаквост во секторот на земјоделството.

Раководителката на Ју-ен жени (UN Women) истакна дека жените во руралните средини се клучни за постигнување на трансформативни економски и социјални промени потребни за одржлив развој и токму затоа во рамки на својата програма за Промоција на родово одговорни политики и буџети, Ју-ен жени работи на воведување на родовата перспектива во процесите на креирање политики и буџетирање во земјоделството и руралниот развој.

Таа подвлече дека соработката со Владата, невладините организации и другите инволвирани институции придонесува да се создаваат позитивни политики кои одговараат на жените-земјоделки и изрази задоволство за покажани позитивни резултати од 2018 година преку потпишувањето на Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини, оценувајќи го тоа како голем исчекор во унапредување на родовата еднаквост, со надеж дека е добар почеток на нови и поголеми иницијативи кои навистина ќе го променат животот на жените и мажите во земјоделството.

Од име на Националната федерација на фармери и жените-претприемачки се обрати, госпоѓата Васка Мојсовска која позитивно ги оцени новите критериуми за мерката 115, за директна поддршка за жените од руралната средина оцени дека ќе има позитивен ефект за јакнење на руралната жена посебно во нејзино подобрување на нејзиниот економски и социјален статус. Мојсовска додаде дека како организација во дејствувањето имаат поддршка од Шведската развојна организација „We Effect", посебно во делот на економско јакнење на малите земјоделци со цел да се чуе нивниот глас, со посебен осврт на жените и младите во руралните средини, се наведува во соопшштението од Владата.

Присутните денеска, по повод доделувањето на дел од договорите за грантови за реализација на инвестиции во земјоделството и руралниот развој на жени-претприемачи изразија уверување дека ќе продолжат да даваат поддршка на растот и развојот на агросекторот.


ВМР-ДПМНЕ: СДСМ не умее ниту да го копира успешниот економскиот модел на ВМРО – ДПМНЕ

Економскиот модел на ВМРО–ДПМНЕ дава резултати, се наведува во партиската реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев. 

СДСМ изминатите четири години не донесе ниту една инвестиција. Владата на Заев изминатите години не изгради ништо, нема ниту еден проект кој го има започнато, ниту една нова фабрика. Нема капитални инвестиции, нема проекти, нема инвестиции во инфраструктурата.

Наместо нови фабрики инвеститорите поради лошото менаџирање на власта на Заев ја напуштаат Македонија. Наместо нови капитални инвестиции, во изминатиот период четири фабрики ја напуштија Македонија. Владата на Заев за помалку од еден месец раскина неколку договори со странски компании кои требаше да инвестираат во Македонија.

Премиерот Заев присуствуваше на отворањето на вториот производствен капацитет на Фабриката ЛЕАР во Технолошката индустриска зона – Тетово.

Да ја потсетиме јавноста дека Технолошката развојна зона во Тетово е проект на ВМРО – ДПМНЕ. Фабриката ЛЕАР беше прв пат донесена од страна на економскиот тим предводен од ВМРО – ДПМНЕ. Но да ја потсетиме јавноста дека тогашната опозиција предводена од СДСМ жестоко ги критикуваше овие инвестиции. Заев и опозицијата велеа дека ваквите инвестиции се криминални.

Денес Зоран Заев, присуствува на отворање на нова фабрика донесена од ВМРО –ДПМНЕ. Секако новите фабрики од страна на странските инвеститори ги поздравуваме. Но што бара таму Зоран Заев кој ја убедуваше јавноста дека овие инвеститори само ја искористуваат евтината работна сила во Македонија?

Почитувани, во првиот квартал извозот забележа солиден раст токму благодарение на Инвестициите во новите странски капацитети кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во Република Македонија.

Џонсон Мети во Скопје, Дрекслер Маер во Кавадарци, Гентерм во Прилеп, Амфенол во Кочани, Костал во Охрид, Кромберт и Шуберт во Битола, Johnos Safety во Кичево, Адиентсеатинг во Струмица и Штип. Се фабриките со кои ВМРО Се гордее, а СДСМ велеше дека се лоши за македонската економија.

Овие фабрики учествуваат со над 60% во македонскиот извоз и вработуваат илјадници луѓе. Ова е економскиот модел на ВМРО-ДПМНЕ кој невработеноста ја спушти од 38% на под 17%.

Колку е иронично што денес Заев учествува на промоција на проект на ВМРО-ДПМНЕ, кој дури беше во опозиција остро го критикуваше.

притисни ентер