Во светото од коронавирусо се опоравиле 46 милиони луѓе

Во светот од коронавирусот до сега се опоравиле повеќе од 46 милиони од вкупно на 66,5 милиони заразени лица.

Според податоците на сајотот за следење на пандемијата „Worldometers“, до сега од Ковид-19 се излекувале 46.009.550.

Во светот вкупно се забележани 66.501.425 случаи а починале 1.529.154 луѓе.

Моментално се активни 18.962.721 случај.

Најзагрозена земја на светот и понатаму е САД со 14.798.022 заразени и 286.024 смртни случаи. Во таа земја се излекувани 8.664.745 лица.

ЕК за 30 јануари закажа старт на Стратешкиот дијалог за иднината на европската автоиндустрија

Европската комисија за 30 јануари најави започнување на Стратешки дијалог за европската автомобилска индустрија, на кој социјалните партнери и другите засегнати страни ќе разговараат за иднината и перспективите на овој индустриски сектор во ЕУ. 

- Оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на Комисијата за заштита на иднината на автомобилскиот сектор, кој е витален за европскиот просперитет, а во исто време и ги унапредува нејзините климатски и пошироки општествени цели, се наведува во денешното соопштение на ЕК. Стратешкиот дијалог, чие одржување претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен го најави во обраќањето пред Европскиот парламент на 27 ноември минатата година, има за цел да ги ангажира индустриските играчи, социјалните партнери и засегнатите страни заеднички да ги согледаат предизвиците, да изнајдат решенија и да преземат конкретни активности.

Со Стратешкиот дијалог ќе претседава Фон дер Лајен и тој ќе се состои од редовни состаноци на кои ќе учествуваат претставници на автоиндустријата, социјалните партнери, еврокомесари и други засегнати страни, вклучително и граѓанското општество, а во целиот процес најавено е учество и на Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Клучните точки за дискусија ќе ги вклучуваат иновациите, чистата транзиција и декарбонизацијата, конкурентноста и издржливоста, трговски односи и меѓународните „еднакви правила за игра“ и регулаторното рационализирање и оптимизацијата на процесите, се наведува во соопштението.

Комисијата потенцира дека ја препознава итната потреба за акција за заштита на европската автомобилска индустрија и за овозможување на нејзина иднина во рамките на Европската унија.

- Европската комисија е посветена да работи со сите засегнати страни за да обезбеди долгорочна конкурентност, одржливост и издржливост на европската автомобилска индустрија. Стратешкиот дијалог е клучен чекор кон постигнување на оваа цел, се додава во соопштението,

Во автомобилската индустрија во ЕУ се вработени над 13 милиони лица и таа придонесува со речиси седум отсто во вкупниот БДП на блокот. Во последниве години оваа индустрија се соочува со значителна трансформација, како резултат на процесите на дигитализација, мерките за декарбонизација, зголемената глобална конкуренција и нестабилниот геополитички пејзаж.

Целта на Стратешки дијалог е токму соочувањето со овие предизвици и изнаоѓањето начини за усогласување и имплементирање на решенија што ќе ја одржат глобалната позиција на европската автомобилска индустрија. с

Дачиќ: Полицијата спречи хрватска државјанка насилно да влезе во зградата на претседателството

Припадниците на полицијата денеска спречија хрватска државјанка насилно да влезе во зградата на Претседателството на Србија во Белград.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека тоа се случило околу 10 часот и оти жената им се заканувала и ги навредувала полицајците, Србија и функционерите.

- Таа е донесена во службените простории на Полициската станица Стари Град и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава во соработка со надлежното обвинителство, наведе Дачиќ.

Петрушевски: Еден месец СДС ни да гукне за Груби

 Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски.

Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски.

Венко Филипче не може да излезе од сенката на Заев и Ковачевски, уште дословно се држи до нивните политики и крими коалиции.

Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДС која управувала со МВР не преземала ништо со години да го спречи неговиот криминал.

Венко Филипче и денешното СДС уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со Заев и Ковачевски.

СДС е континуитет на криминалите кои 7 години ги правеа.

Ако Венко Филипче не најде сили да се извини за Груби целосно ќе го зацементира СДС на дното.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер