Како што рече министерката „на крајот на тунелот нема знаци на светлина“.
„Ова не е трка од 100 метри, ова е долг маратон“, рече Темидо на прес-конференцијата.
„Ова е време кога треба да се балансираат стравот и храброста, да останеме одлучни дома, да продолжиме да им помагаме на другите и да бараме помош кога ќе ни притреба“, додаде таа.
Португалија има 10.524 потврдени случаи на инфекција и 266 смртни случаи, при што здравствените власти очекуваат инфекцијата да започне да опаѓа на крајот на мај.
Португалија ја продолжи вонредната состојба за уште 15 дена и ги заостри ограничувањата за движење, особено за време на велигденските празници.
Во светот има повеќе од 1,1 милиони заразени луѓе, а денес светот премина уште еден праг - 60.000 смртни случаи.