Во студентските домови има дополнителни места ако некои факултети преминат на настава со физичко присуство

По дадените критериуми, коишто беа објавени, во ученичките домови во 2020/2021 година се приемни 1.193 ученика.

Важно ни е да обезбедиме сместување за учениците и студентите кои ќе имаат комбинирана или настава со физичко присуство во училиштата и на факултетите, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, по посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу" во Скопје.

– По дадените критериуми, коишто беа објавени, во ученичките домови во 2020/2021 година се приемни 1.193 ученика. Согласно новите протоколи имаме слободни или отворени 1.058 места, а вишокот од 135 ученици се распоредени, зборувам за Скопје, во Студентскиот дом „Сенич". 73 ученика коишто се од Битола и Струмица исто така ќе добијат можност да патуваат до своите места или да се сместат согласно новите законски измени коишто се во Собранието и закажани за седница на 6 октомври, што значи дека ќе се обезбеди сместување и за нив. Во другите ученички домови имаме 160 слободни места, нагласи министерката Царовска.

Таа потенцира дека согласно новите протоколи поради пандемијата со Ковид-19 капацитетот во студентските домови во Скопје е 2.080 места, а досега вкупно се примени 1.614 студенти.

Царовска потенцира дека има и дополнителни слободни места за сместување на студентите, доколку во следниот период некои факултети го променат начинот на изведување на наставата од онлајн преминат во настава со физичко присуство.

– Како Министерство добивме одредени реакции од студентите. Сметам дека нивните приговори се разгледаат и согласно податоците коишто ги дале и коишто сме ги добиле од соодветните институции, стоиме на располагање за сите студенти да можат да го добијат правото за сместување во домовите, додаде Царовска.

Таа нагласи дека веб страницата на Министерството за образование и наука и на апликацијата digitalizirajse студентите кои доаѓаат од социјално ранливи семејства имаат можност да аплицираат за еднократен износ.

– Ве молам да аплицирате доколку ги исполнувате условите. Повикот трае до 10 октомври и тој трансфер ќе треба да се направи во наредниот период до оние на коишто им следува. Тој трансфер од 6.000 денари може да го искористат за сместување, но исто така и за партиципација. Доколку сте добиле право на сместување тогаш е добро да се искористи овој трансфер од 6.000 денари за партиципација на факултетите, нагласи министерката Царовска.

Директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски, кој ја придружуваше министерката Царовска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу", потсети дека Владата пред 10-ина дена донесе одлука за отворање на студентските домови на 5 октомври, но со намален капацитет.

– Секоја соба која што ќе има до две легла ќе сместува максимум еден студент, секоја соба која што ќе има повеќе од две легла ќе сместува максимум двајца студенти. На самите влезови на студентските домови ќе бидат инсталирани бесконтактни диспанзери коишто ќе служат за дезинфекција, дезобариери и сите пропратни елементи коишто ќе го чинат новиот начин на живеење во студентските домови. Ќе се забранат користењето на заедничките простории, користењето на мензите ќе бидат на начин на којшто секоја маса од другата маса ќе биде одделена на два метри, а на секоја маса за четворица ќе може да бидат максимум по двајца студентите, истакна Николовски.

Тој нагласи дека целиот овој протокол и целиот нов начин на живеење во студентските домови ќе може да се реализираме само заедно со студентите и очекува нивна поддршка и разбирање, бидејќи, како што рече, се работи за заштитата на заедничкото здравје.

– Спремни сме целосно. Заедно со министерката обезбедивме и донација од компанијата „Алкалоид" во вредност од околу 5 милиони денари. Таа донација ќе се однесува на сите студентски и училишни домови во државата. Изразувам голема благодарност заради тоа што ќе ни биде од помош, но и ќе биде сигурно за сите студенти дека скоро за целата година ќе бидеме комплетно опремени во делот на дезинфекцијата, потенцира Николовски.

Тој потенцира дека во изминатиов период Државниот студентски центар се стабилизирал финансиски, реновирани се сите блокови во домот „Гоце Делчев", завршен е проектот за реновирање на зградите 1 и 2 во студентската населба „Стив Наумов".

На крајот на минатата година се потпиша договор со германската КфВ банка меѓу Министерството за финансии и МОН преку којшто се обезбедени 25 милиони евра средства за реконструкција на сите студентски домови во државата, меѓу кои и во делот за енергетската ефикасност. Мислам дека покажавме по кој пат сакаме да се движиме во оваа гранка, колку тоа ни се битни студентите коишто студираат надвор од својот град сега дополнително со една дополнителна координација на повисоко ниво со ресорното Министерство верувам дека во претстојниот дел од мандатот ќе ги реализираме сите предизвици и конечно студентските домови ќе дојдат на местото на кое што треба да бидат поставени, а тоа се во услуга и сервис на студентите станари, истакна Николовски.

Николоски во Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Фокус на средбите беа економските и политички односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската подршка од Унгарија и зголемување на трговската соработка.

Вицепремиерот Николоски ги потенцираше економските реформи на Владата за обезбедување на забрзан економски раст како и борбата против корупцијата. Во своето обраќање, тој ги претстави приоритетите на Владата за развој на домашната економија, реализацијата на капиталните проекти кои се од исклучитечно значење за регионалниот развој и поврзаност како и политиките за привлекувањето на странски инвестиции.

На средбите се разговараше и за развој на транспортниот и енергетски сектор како и проектите од регионално значење што ќе го доближат регионот на Западен Балкан до Европската Унија.

Николоски ја изрази силната подготвеност на Владата за реализација и развој на еропските коридори како стартешки за раст на националните економии во земјите од регионот.

На средбите исто така беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, притоа заменик претседателот Николоски потенцира дека Унгарија е силен подржувач на Македонија во остварување на своите стратешки цели на патот на евроинтеграциите.

" Имав одлични средби со моите колеги Балаш Орбан кој е голем пријател на Македонија и Мартон Наѓ, министерот за национална економија. Уште еднаш ги потврдивме одличните односи помеѓу двете Влади а исто така и меѓу двата народи. Разговараме за приоритетите во делот на економските процеси и евроинтеграциите и сметам дека подршката што ни ја овозможува Унгарија е огромна во нашиот развој. Продолжуваме да ги градиме нашите односи со пријателите, а Македонија да станува посилна и влијателна. Наша задача е да продолжиме да ги надградуваме овие односи, да ја продлабочуваме нашата соработка и да докажеме дека придобивките од ова партнерство ги чувствуваат сите наши граѓани. "- истакна по денешните средби вицепремиерот Николоски, соопштуваат од Министерството.

Се огласи Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп по постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп штотуку напиша на платформата Truth Social: „Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе бидат ослободени. Ви благодариме!“

Канцеларијата за медиуми на Хамас во Газа им порача на жителите на енклавата да не се движат до официјалниот почеток на прекинот на огнот. Канцеларијата за печат ги повикува граѓаните „да не се движат пред официјалниот почеток на прекинот на огнот и информациите за времето на отпочнување на примирјето да ги добиваат исклучиво од официјални извори“, се наведува во соопштението.

Израелската влада утре ќе гласа за договорот за прекин на огнот во Газа, изјави владин претставник за Ројтерс. Секој договор сè уште треба да биде одобрен од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху, но се очекува да стапи на сила во наредните денови.

Тројца американски официјални лица и еден претставник на Хамас потврдија за Асошиетед прес дека е постигнат договор за прекин на огнот. Висок израелски функционер рече дека деталите се уште се финализираат, според АП.

Американскиот претседател Џо Бајден се подготвува да ѝ се обрати на јавноста за договорот, рекоа официјални лица. Според АП, договорот вклучува постепено ослободување на десетици заложници кои ги држеше Хамас, ослободување на стотици палестински затвореници во Израел и враќање на стотици илјади раселени луѓе во Газа во нивните домови. Договорот предвидува и испорака на многу потребна хуманитарна помош на опустошената палестинска територија.

Тројцата најбогати луѓе на светот ќе имаат ВИП третман на инаугурацијата на Трамп

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја покаже својата моќ на неговата инаугурација во Вашингтон во понеделник, барем кога станува збор за технолошкиот свет.

Елон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг ќе имаат некои од најдобрите места, сместени покрај семејството на Трамп, членовите на неговиот кабинет, избраните функционери и поранешните претседатели на говорницата, според извештаите на повеќе медиуми, според Хафингтон пост.

Веста за присуството на овие три лица, кои се на врвот на листата на милијардери на Форбс во реално време, прв ја објави NBC News.

Сите тројца развија потопли односи со Трамп додека поранешниот претседател се подготвуваше да се врати во Белата куќа.

Маск, кој напиша дека му е „чест“ да му биде доделено специјално место на церемонијата во понеделник, стана еден од најблиските сојузници на Трамп откако зазеде истакната улога во последните месеци од неговата кампања. Тој исто така беше еден од главните донатори на неговата кампања за реизбор. Трамп го назначи Маск да го предводи таканаречениот Оддел за владина ефикасност, заедно со поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами, со цел да направи значителни кратења на федералниот буџет. Според Њујорк Тајмс, Маск треба да добие канцеларија во комплексот на Белата куќа како дел од оваа улога.

Безос, основачот на Амазон и Блу Ориџин и актуелен сопственик на Вашингтон пост, презеде чекори за да го смири Трамп, вклучително и одлуката да се откаже од планираното одобрување на потпретседателката Камала Харис оваа есен - првпат весникот не поддржа претседателски кандидат по една деценија. Неодамна, Амазон ги отфрли своите иницијативи за различност за да му се допадне на Трамп, кој ги критикуваше таквите политики. Иако Безос одлучи да се повлече од функцијата извршен директор на технолошката компанија, тој сè уште ја извршува функцијата извршен претседател на Amazon.

Цукерберг, извршен директор на Мета, најави дека неговата социјална мрежа ќе ја прекине програмата за проверка на факти. Тој изјави дека „проверувачите на факти станаа премногу политички пристрасни“ и дека компанијата исто така ќе се откаже од иницијативите за промовирање на различноста.

Покрај Маск, кој е речиси постојано присутен околу Трамп од неговата победа во ноември, Безос и Цукерберг исто така беа забележани во Мар-а-Лаго во последните месеци.

Безос и Цукерберг се уште не ги коментирале извештаите за нивното присуство на инаугурацијата.

Мета и Амазон донираа по еден милион долари во фондот за инаугурација на Трамп.

Во меѓувреме, Цукерберг ќе организира прием за да ја прослави инаугурацијата на Трамп во понеделник навечер, според поканата за настанот што првпат ја објави Тара Палмери од Puck News.

притисни ентер