Во Струмица само едно основно училиште почна настава со физичко присуство на сите ученици

 И покрај фактот што помал дел од учениците ќе ја следат наставата со физичко присуство, а поголемиот дел онлајн, треба да бидеме задоволни што нештата полека но сигурно се враќаат во каква-таква нормала. 

-Само во Основното училиште „Гоце Делчев" во село Вељуса, општина Струмица, денеска почна учебната година со физичко присуство на сите ученици од прво до деветто одделение, додека во останатите основни училишта настава се организира за учениците од прво до трето одделение, а струмичките средношколци ќе имаат онлајн настава, информираше градоначалникот Коста Јаневски.

За четврто и петто одделение согласнот за реализирање на настава со физичко присуство имаат добиено 12 подрачни училишта од вкупно 14, а делумна согласнот има добиено Музичкото училиште „Боро Џони", кое ќе изведува индивидуална практична настава со физичко присуство, со согласнот од родителите на учениците и со почитување на протоколите, а теоретската настава ќе биде учење од далечина.

– И покрај фактот што помал дел од учениците ќе ја следат наставата со физичко присуство, а поголемиот дел онлајн, треба да бидеме задоволни што нештата полека но сигурно се враќаат во каква-таква нормала. Според сите податоци и извршени увиди во основните и средните училишта во општина Струмица, констатирно е дека во училиштата се превземени сите потребни мерки и активности предвидени со донесените протоколи за работа, рече градоначалникот Јаневски, кој денеска присуствуваше на почетокот на учебната година во основното училите во село Дабиле.

Во деветте основни училишта во општина Струмица во прво одделение во новата учебна година се запишани вкупно 573 ученици, додека вкупниот број запишани ученици од прво до деветто одделение изнесува 4.994

Најмалку пет мигранти се удавија обидувајќи се да го преминат Ла Манш

Најмалку пет мигранти денеска се удавија во обид да го преминат Ла Манш со брод од францускиот град Вимеро, јави локалниот француски весник „Гласот на северот“.

Портпаролката на локалната полиција рече дека не може да каже колку луѓе имало во чамецот, но додаде дека се пронајдени неколку безживотни тела.

Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека во тек е потрага по исчезнати на море. /МИА

Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, додека нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното.

Сепак, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 2,14 метри понизок од повеќегодишниот просек за април. Нивото на Охридското Езеро, пак, е за четири сантиметри повисоко од просечното, а на Дојранското Езеро е повисоко за дури 1,46 метри.

Водостоите на реките во земјава се пониски од просечните со исклучок на реката Струмица на мерното место кај Сушево каде нивото е за осум сантиметри повисоко од просечното.

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски.

Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на 20. Иинтернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кој е инспириран од циклусот поезија со истоимен наслов од поетот Ацо Шопов.

-Поезијата на Шопов ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, соопшти Националната опера и балет.

Идејата за проектот и за костимите е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски.

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски, сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник - Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм - Доријан Миловановиќ и мултимедија и графички дизајн - Лазе Трипков.

притисни ентер