Во Собранието продолжи расправата за новата влада

По редовната пауза, во Собранието попладнево продолжи расправата за новата влада, каде повторно во фокусот беа енергетската криза, економскиот развој, НАТО, но и преговорите со Европската Унија.

Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците во своето излагање напомена дека граѓаните чекаат подобрувања од Владата, чекаат видливи резултати. Но, според него, овој владин состав многу тешко ќе може да донесе резултати, бидејќи не размислуваат за резултатите.

-Ако ги земеме предвид, анализирајќи ја и владината програма, ќе видиме дека има десонанца или противречености меѓу тоа што се вели во програмата, и резултатите. Програмата наликува повеќе на семинарска работа, иако тие велат дека оваа Влада ќе понуди прогрес и просперитет, таа се движи во спротивна насока, додаде Азири.

Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ во своето обраќање во Собранието посочи дека се што до сега ветиле, тоа и реализирале, и како што рече, кадрите на ДУИ имаат реализирано конкретни резултати кои не можат да се спорат.

-Додека во регионот имаше рестрикции и дури некои градови беа без светло, Бектеши кажа дека нема да има рестрикции. Така и испадна. Се изнајде решение и за скопското парно, и не се зголемија цените за домаќинствата, рече Адеми.

Тој додаде дека во екот на пандемијата се сочуваа над 60 илјади работни места, се намали невработеноста, се зголеми извозот, а како што рече, кадрите на ДУИ се достоинствени претставници кои имаат идеја и визија како државата да оди напред и како да се менаџира со кризите, како што е мигрантската криза, ковид пандемијата на најдобар начин.

-Владата на која и дадовме доверба во август 2020 година од оваа собраниска сала, го отвори патот за реализација на најголемиот инфраструктурен проект на Коридорот 8 за кој беше потпишан договор со познатата компанија Бехтел – Енка и исправноста на Законот за кој заедно гласавме овде, го потврди и Уставниот Суд, со што веќе се овозможи дефинирање на периодот за почеток на работниот процес во летото оваа година, додаде Адеми.

Напомена дека сите споменати проекти треба да бидат поттик и мотив да се продолжи со добрите дела.

-Ние сме дел од НАТО и тој сон го реализиравме со многу работа, решителност и јасна визија, сега кон новиот интегративен предизвик да работиме заедно за да ја интегрираме земјата таму каде што припаѓа, во семејството на Европската Унија. Поддршката за продолжување на работата на оваа Влада значи и реализација на оваа цел, додаде Адеми.

На крај, како што рече, граѓаните го кажаа својот збор и го поддржаа ДУИ.

Пратеничката Рина Ајдари од ДУИ рече дека владината програма ги надминала очекувањата и според неа, нема сомнение дека оваа Влада ќе продолжи со добро владеење и ќе ја реализира програмата.

Напомена дека минималната плата се зголемила за шест илјади, се обезбедија вакцини, се згоелмија платите во безбедност и здравството, а како што рече, се вработија и првите Албанци во Уставниот суд. Исто така, како што посочи, на 13 август 2021 година се одбележа годишнината на Рамковен договор со многу гости и имаше активности на сите институции кои се во склад со Рамковниот договор.

-Денеска сме земја во НАТО и во очекување сме за одржување на заедничка меѓувладина седница за почеток на преговорите за пристап во Европската Унија. Оваа Влада ја има нашата целосна поддршка за реализација на проекти од програмата, зборот го имаат граѓаните и тие гласно се определија за поддршка на ДУИ на последните локални избори, рече Ајдари.

Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците во својата реплика во однос на Рамковниот договор го спомена Министерството за одбрана, при што посочи дека од 15 државни советници само еден е Албанец, од 16 раководители ниту еден не е Албанец, а од 77 одделенија има само еден Албанец. Според него, ова е голема дискриминација која нема никаква поврзаност со Рамковниот договор ниту со правичната застапеност.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во своето излагање напомена дека оваа влада е во тешка легитимациска криза.

Оваа влада, како што рече, не може да наследи легитимет од претходна влада, бидејќи, според Силјановска, не си замина премиер и претседател на партијата заради нова функција или болест, туку заарди одговорност.

Второ, како што посочи, кога се конституирала владата, дел од неа беше и партијата БЕСА, сега како што рече Силјановска, има само еден евро освестен пратеник.

Затоа, продолжи Силјановска, гласачите не се сега гласачи на оваа коалиција и затоа нејзиниот легитимитет е нагризен.

-Се прашувам што мислат граѓаните за учество на Алтернатива во владата. Исто така, министрите кои беа носители на кандидатските листи ги нема. Се повикувате на НАТО, но ја нема министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која беше персонификација на НАТО, не знам дали е разрешена или е од лични причини, рече пратеничката Силјановска Давкова.

Според неа, најголем удар на легитимет на оваа влада, беа локалните избори. По дефиниција, како што рече, оваа влада е нестабилна или ефемерна.

Стапката на наталитет во Италија се намалува

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или пад од 3,6 отсто.

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Просечниот број деца по жена се намалил од 1,24 во 2022 година на 1,2 во 2023 година, а историскиот минимум е забележан во 1995 година, кога се родиле 1,19 деца по жена. /МИА

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

АВМУ: Донесено упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Како што соопштија денеска од АВМУ, со упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк особено за периодот на преклопување на двата изборни процеси.

- За време на изборната кампања за Претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг, се наведува во соопштението.

За време на изборната кампања за Парламентарните избори, се појаснува во соопштението, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање на реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

- За време на изборниот молк за Претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година, продолжува изборната кампања за Парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеси, се додава во соопштението од АВМУ.

Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.

Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024 е достапно на веб страницата www.avmu.mk.

притисни ентер