Во Собранието доделена државната награда „Гоце Делчев“ - Канал 5

Во Собранието доделена државната награда „Гоце Делчев“

Во Собранието доделена државната награда „Гоце Делчев“
Во македонското Собрание денеска свечено беше доделена наградата Гоце Делчев, а на доделувањето на државната награда се обрати министерката за образование Весна Јаневска. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Арсовски: Брисел смета дека Скопје е на потег, притисокот ќе се зголемува

Пораките упатени од претседателот на Европскиот совет Кошта за време на посетата во земјава според дел од аналитичарите се повеќе од јасни, иако не се многу охрабрувачки.

Арсовски: Брисел смета дека Скопје е на потег, притисокот ќе се зголемува

Петар Арсовски и Марко Трошановски оценуваат по јасното укажување дека мора да се исполни договореното од 2022 година, Брисел ќе, очекува јасен потег од Скопје.

YouTube video

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во официјална посета на Македонија

Муцунски денеска беше домаќин на неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер, која е во прва официјална посета на Македонија.

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во официјална посета на Македонија

Од Европската Унија очекуваме предвидливост и бараме билатералните прашања да останат настрана од процесот на пристапување кон Унијата, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, по пораките од претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта, дека договореното од 2022 година треба да се испорача.

На средбата со Претсеталката Сиљановска, Кошта кажал дека предлогот уставни измени со одложено дејство е неприфатлив за бугарската страна, но Муцунски вели дека полноправно членство во ЕУ останува стратешката цел за Македонија, а додека не се одблокира патот, ќе се продолжи со Реформската агенда.

-Нашата позиција во однос на тоа прашање е кристално јасна, и тука не треба ниту граѓаните да имаат дилема, ниту вие како медиуми. Секогаш ќе има дијалог и секогаш ќе работиме, но ќе повторам нешто што постојано го кажувам - не решение по секоја цена и решенија коишто дополнително ќе биде ризик и камен на сопнување како ова решение од 2022 година што сега на дело се докажува дека е решение кое создава дополнителни проблеми меѓу државите, наместо да биде чекор напред. Бараме решение коешто ќе ни обезбеди предвидливост напред кон членството, почит за нашето достоинство и идентитет, очекување дека и земјите членки на ЕУ ќе ги почитуваат оние принципи поврзани со малцински права, коишто очекуваат ние да ги почитуваме. - Тимчо Муцунски- министер за надворешни работи

Муцунски денеска беше домаќин на неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер, која е во прва официјална посета на Македонија. Таа нагласи дека Австрија ја поддржува европската перспектива на Македонија и дека сите отспаки кои земјава ги направила не остануваат незабележани.

Претседателот на Европскиот совет Кошта вчера за време на посетата на Скопје порача дека процесот на евроинтергација на земјава се одвива многу долго и оти сега е време да се испорачаат резултати. На новинарско прашање дали има план Б за тоа да се надминат барањата од страна на Бугарија, Кошта истакна дека не треба да се потценува планот А и дека треба да се фокусираме на негова испорака.

YouTube video

Алкалоид го одржа последниот тренинг пред дуелот со АЕК

Ракометниот клуб Алкалоид го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Грција каде ќе го игра првиот финален меч во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК од Атина.

Алкалоид го одржа последниот тренинг пред дуелот со АЕК

На тренингот бил присутен и Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, кој го поздравил тимот, а на играчите им посакал среќа и успех и им порачал дека верува во нивните квалитети за позитивен резултат, пред реваншот за трофеј во Скопје.

Играчите и стручниот штаб му се заблагодарија за поддршката и ветија максимална борба, за нов европски клупски успех, соопштија од клубот.

Првиот финален натпревар меѓу АЕК Атина и РК Алкалоид се игра на 18 мај (недела) од 18:00 часот.

притисни ентер