Во Собранието дебата за продолжување на кризните состојби за електрична и топлинска енергија

Битиќи, одговарајќи на тврдењата на опозицијата, меѓу другото, најави дека Владата во Собранието наскоро ќе претстави пакет антикризни мерки, како и законски измени.

Во Собранието на Република Македонија попладнево продолжи седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која на дневен ред се предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на тврдењата на опозицијата, меѓу другото, најави дека Владата во Собранието наскоро ќе претстави пакет антикризни мерки, како и законски измени.

Во однос на барањето за одговорност, Битиќи кажа дека 65.000 жители на Скопје ниту еден ден немале прекин на топлинска енергија, а за електричната енергија праша дали имало „еден ден, еден час, една минута“ недостаток на струја.

На обвинувањата дека се склучат договори во четири очи, вицепремиерот повтори дека се што се работи е во рамки на законите.

Битиќи, според пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, почувствувал поголема потреба да ја одбрани партијата, а не Владата и притоа изнел многу невистини.

Петрушевска рече дека за едно домаќинство месечно се потребни 48.000 денари и праша зошто Владата ги излажала синдикатите кои сеуште чекаат зголемување.

Пратениците од опозицијата и власта дебатираа за состојбата во РЕК Битола, за ремонтите кои не се направени и што се во тек, за увозот и цената на струјата, владеењето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но и на актуелната на СДСМ и ДУИ, за автопатиштата низ земјата, за туризмот, набавката на гас…

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер