Во Словенија опаѓа бројот на заразени , владата се подготвува по Велигден да укине некои од мерките

Бројот на новозаболени од коронавирус во Словенија се зголеми за 38, а сега има вкупно 1.059 се заразени со „Ковид-19“, објави денеска  словенечката влада, што се чини дека укажува на опаѓачки тренд на дневниот раст.

Бројот на хоспитализирани пациенти се зголемил за шест во понеделникот односно 114 во болниците, од кои 30 во одделите за интензивна нега.Бројот на смртни случаи заразени со коронавирус остана ист, 30 лица.

Вчера четворица пациенти се отпуштени од болница, а вкупно 102 се сметаат за закрепнети и здрави. Биле спроведени 1067 нови тестови.

Сето ова се чини дека е индикативно за трендот на намалување на дневниот пораст на нови случаи, поттикнат од острите ограничувања, поради што владата размислува за рестартирање на производството во некои индустриски сектори по Велигденскиот понеделник, доколку граѓаните продолжат доследно да се држат до нив.

"Важно е да ги задржиме ограничувањата и за време на велигденските празници. Нека Велигден биде знак за нов почеток, враќање на здравјето и намалување на кривата на заразените. ", рече на прес-конференција владиниот портпарол Јелко Кацин.

„Со мерките и ограничувањата што досега ги воведовме, постигнавме добри резултати и можеме да го споредиме одговорот на нашиот здравствен систем со најдобрите во светот, затоа сум особено благодарен на нашите здравствени работници “, рече министерот за здравство Томаж Гантар.

Како што рече на истата конференција министерот за труд, семејство и социјални работи Јанез Циглер Кинг, владата ќе се обиде да земе предвид некои од барањата на унијата во вториот антикризен пакет, што треба да се случи до крајот на месецот.

Ова важи, на пример, за можноста невработените во службите за вработување кои веќе немаат право на бенефиции за невработеност, можат да имаат право на тоа за време на епидемијата. Ова би важело и за т.н. вработените во несигурни форми на вработување, т.н. работници на дело, инвалидни лица и други работници со скратено работно време.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

Герасимовски: Решен децениски проблем на улицата ,,Наум Наумовски Борче"

Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче".

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.

Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.

На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.

„Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми", им се обрати Герасимовски на собраните жители.

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.

Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Општина Центар

притисни ентер