Во Словенија нема новозаразени , во болниците уште деветмина болни од коронавирус

Во последните 24 часа, нема нови случаи на коронавирус од 754 тестирани во Словенија, а само 9 лица со ковид-19 се уште се наоѓаат во болниците, објави денеска словенечката влада.

Вкупниот број потврдени заразени од почетокот на епидемијата останува 1469. Во две болници, во Љубљана и Марибор, има само девет пациенти со коронавирус, од кои двајца се на интензивна нега, и во клиниката Голник, која делува како тријажен центар , повеќе нема пациенти од ковид-19, па затоа денес е затворена, потврди на прес-конференција владиниот портпарол Јелко Кацин.

Во последните 24 часа почина еден пациент со ковид-19, со што бројот на починатите достигна вкупно 108, но состојбата во старечките домови, меѓу чии штитеници имаа најмногу смртни случаи кај заразените, исто така, значително се подобрила и се стабилизира.

Поради добрата епидемиолошка состојба, за што премиерот Јанез Јанша синоќа во интервју за ТВ Нова24.tv.si повтори дека е „најдобра во Европа“ и значи голем успех за неговата влада и медицинскиот персонал, но и за граѓаните кои се придржувале до пропишаните мерки, Словенија продолжува да ги олабавува мерките за ограничување на движењето и општествениот живот и има се повеќе и повеќе владини индикации дека од следната недела сите ученици од основно и среднообразование кои учеле од дома, ќе се вратат на училиште.

Што се однесува до режимот на влегување во Словенија, владата донесе нова одлука, која стапи во сила денес, но во неа нема многу промени во однос на претходната .

Таа предвидува дека, во принцип, но со исклучоци, на сите лица со постојан или привремен престој во Словенија им се доделува 14-дневен карантин при влез во земјата, а единствениот исклучок е посебен порелаксиран режим постигнат со Хрватска, врз основа на билатерален договор.

Словенија се надева дека ќе постигне сличен договор наскоро со Унгарија, а до 15-ти следниот месец со Австрија, од каде што голем број туристи доаѓаат во Словенија на летни одмори.

Исклучоци од карантинот по влегувањето во Словенија вклучуваат граѓани на соседните земји кои поседуваат земја или недвижен имот во Словенија или обработуваат земјиште од обете страни на границата, лица кои нарачале и планирале здравствена заштита во Словенија и се ослободени за странци кои се школуваат или студираат во Словенија или имаат блиски роднини во земјата и некои други слични случаи.

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик .

- Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево" Битола, соопштија денеска од МВР.

Кривичната пријава е за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола.

- Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег - ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП „Стрежево" Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП "Стрежево" Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист, појаснуваат од МВР во соопштението.

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други, сега нудиме помош за справување со миграција

Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција, истакна денеска дополнителниот заменик - министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Кавадарци.

Тој со дел од раководството на МВР оствари работна посета на Регионалниот Центар за гранични работи Југ во Кавадарци, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Македонија, заедно работење на македонската полиција, со полицијата ја Европската Унија, ФРОНТЕКС.

- Ова е значаен договор што беше постигнат, со цел да ги одбраниме и нашите граници и границите на Европската Унија, од приливот на мигранти. Тоа успешно го правиме. Овој договор има една голема историска важност. Бидејќи Министерството за внатрешни работи со тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише првиот договор со ЕУ на македонски јазик. Со тоа ги урнавме сите лажни вести дека јазикот е продаден, јазикот не е заштитен, рече Бојмацалиев.

Со тоа, подвлече, уште еднаш се покажува дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции.

- Заедно работиме и од пред некое време, веќе имаме барање и од други полиции, со цел да вршиме обуки на нивните полицајци, како се справуваме со миграцијата, додаде Бојмацалиев.

Украина соопшти дека во руските напади во областа Днепропетровск загинале најмалку осум лица

Во големиот руски ракетен напад врз централниот дел на регионот Днепропетровск загинаа најмалку осум лица, 21 лице се повредени и оштетена е инфраструктурата, соопштија утринава локалните власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во нападот се оштетени неколку ката од станбена зграда и железничка станица во регионалната престолнина Днепар, уште еднаш повикувајќи на дополнителни средства за противвоздушна одбрана.

„Русија мора да биде одговорна за својот терор и секој проектил, секој Шахед мора да биде соборен. Светот може да го гарантира тоа, а нашите партнери ги имаат потребните способности, рече Зеленски.

Украинските железници во државна сопственост соопштија дека рускиот напад намерно била насочен кон нејзината инфраструктура во регионот, при што биле повредени работници. Компанијата ја затвори својата станица во Днепар и ги пренасочи возовите што требаше да поминуваат низ градот. /МИА

притисни ентер