Во Скопје 30 прекршители на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави 28 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 30 лица.

Тие се  обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежните јавни обвинители му предложија на судот на обвинетите да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

притисни ентер