Ова го вели во интервју за Канал 5 адвокатот и застапник на здруженијата на Македонците во Бугарија, Тони Менкиновски... Тој смета дека официјална Софија врши притисок врз Македонија и Македонците во Бугарија.
Менкиноски смета дека Бугарија покажува јасна агресија кон Македонија и затоа може да се соочи со исфрлање од Советот на Европа, најстарата европска институција.
Менкиноски прашува дали со договорите со Бугарија и Грција се поништени правата на Македонците во овие држави?
Смета дека македонската Влада проблемот со Бугарија треба да го крене на меѓународно ниво.
Со пресудите од Стразбур, Бугарија е задолжена до јуни да го признае македонското малцинство, потсетува Менкиноски.
За жал, Бугарија преку административни забелешки и притисоци кон Македонците не ги извршува пресудите. Од друга страна Македонија не може да се откаже од права на бугарските државјани, вели Тони Менкиноски во интервју за Канал 5.
Со него разговараше Јован Ѓорговски.