Во Сингапур Трамп и Ким Џонг Ун постигнаа договор за 48 минути

Во Сингапур  почна историската средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Потпишана е декларација но не се соопштува што точно содржи овој договор.

Откако Трамп и Ким се поздравија двајцата се повлекоа на разговори во четири очи во хотелот капела на островот Сентос.

Претходно тие разменија неколку зборови што до скоро беше незамисливо, јавуваат американски медиуми.

Разговорите се водени за прекинување на севернокроејската нуклеарна програма во замена за укинување санкции врз Пјонгјанг.

twitter ads info and privacyпо средбата во четири очи меѓу американскиот претседател доналд трампи севернокорејскиот лидер ким џонг ун , трамп рече дека била „многу, многу добра“. Тој наведе дека ќе има „одлични односи“ со севернокорејскиот лидер.

– Ќе решиме голем проблем, голема дилема, изјавил Трамп, пренесоа американски медиуми.

По ова тие им се придружија на двете делегации кои имаа заеднички состанок, а на кој се прецизираат детaли за прекинување на севернокорејската нуклеарна програма во замена за укинување санкции врз Пјонгјанг.

Американските медиуми информираат дека Трамп донел одлука да замине од Сингапур денеска наместо утре како што е планирано.

Австралиските власти најавија крај на тримесечниот „локдаун“ за вакцинираните жители на Сиднеј

„Треба само да издржиме оваа и следната недела. “

Карантинот во сиднеј и во останатиот дел од австралиската држава Нов Јужен Велс ќе биде укинат кога стапката на целосно вакцинирани ќе надмине 70 проценти, цел што премиерката на таа држава, Гладис Береџиклијан, очекува да биде постигната на 11 октомври.

Првпат по три месеци пабовите, рестораните и продавниците ќе можат да се отворат за вакцинираните.

„Треба само да издржиме оваа и следната недела. Скоро сме таму, да не се откажуваме во последен момент“, рече Береџиклијан.

Според планот, ќе може да се патува низ сојузната држава Нов Јужен Велс, а ќе се укине ограничувањето на бројот на луѓе присутни на погреби и свадби и ќе бидат дозволени спортски настани.

Невакцинираните граѓани мора да чекаат барем до 1 декември за да ги уживаат истите слободи, кога се очекува 90 проценти од населението да биде вакцинирано.

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен утре во посета на Македонија

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен утре ќе допатува во посета на Македонија.

Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заевна платото пред Владата.

Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина каде ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК фон дер Лајен.

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, претходно најави дека Урсула фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија. Како што јави допсиничката на МИА од Брисел, Мамер не даде повеќе детали, и посочи дека прашањата ќе бидат одговорени на прес-конференциите што ќе ги има претседателката на ЕК.

-Претседателката оди на Западен Балкан да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот, ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде прилика да се разговара за овие односи вклучително и тоа билатерално прашање, рече Ерик Мамер, зборувајќи за македонско-бугарскиот спор.

Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Македонија.

Шефицата на Европската Комисија ќе го посети регионот една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот.

Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето" туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

Скопјани пијат безбедна и квалитетна вода

Испитувањата на водата за пиење покажаа дека жителите на Скопје пијат безбедна и квалитетна вода, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Од претпријатието го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 септември до 24 септември, како што се посочува, зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

притисни ентер